Денес. Ги прашав дали е високо ми рече да ,Не ми кажаа точно колку е ама ми ја намалија дозата на стимулации и уште од денес ми воведоа цетеротид да боцкам.
Сестра ми рече височок, ми ја намалија дозата на 100 IU гонал и од денес цетеротид да боцкам ми дадоа.
5ти ден од циклус ми е , три дена се боцкам само, повеќе од 20 фоликула имам и тоа по 12-14 mm се Во живот немам примено хормон може затоа ми е сеа вака
Ма ти си одличен респонсер. Тоа значи веднаш реагираш на терапија Јас 60ампули испримав и извадија 12, од кој 7 беа добри, од кои само 4 замрзнавме ембриони.
Честитки за малата принцеза, голема да расте и секогаш да ве радува Да прашам на кој ден од циклус гледаат антрални фоликули колку има? Докторот ми рече да се јавам на прв ден на циклус и ќе ми каже кога да одам, ама треба да земам одмор од работа, па да планирам да ми се поклопи
Обично на втор или трет ден од циклус гледаат антрални фоликули. Јави му се првиот ден и ќе ти каже дали на втор или на трет да одиш
И мене после 3 дена ми намалиjа доза (Gonal) од 150 на 75, па од петти ден терапија почнав и Cetrotide. Но јас сум во друга група - pcos хиперреспондер и развив поозбилна хиперстимулација/OHSS после пункцијата. pcos е најголем ризик фактор за OHSS, но знае да се јави и кај случаи без pcos. LH пред пункција значително ќе скокне, сигурно ќе ти кажат да го пратиш ден два со ред, пред да закажете пункција. Битно е што ти ја намалија дозата, но продолжи да си следиш симптоми превентивно, особено: болки/грчеви во стомак и лошење (колку се издржливи, дали се појачуваат), тешко дишење/губење здив (и при најмала физичка активност, пример одење до тоалет), значително зголемување килажа во рок од 24/48 часа, значително зголемени и болни јајници (во смисол ти сметаат при движење/одење и имаш посилни болки) тврд стомак и обем што видливо се зголемува од ден на ден. Штом забележиш нешто што те загрижува или значителни отстапувања, обавезно консултирај се со др. Не се плаши, многу од сиптомите што ги спомна се нормални поради целава хормонска терапија шо ја клукаме и шокираниот организам Но превентивно прати си интензитет на симптоми. За превенција од поозбилна OHSS битно е навреме да пријавиш и реагираш.
Јас три дена 200 се боцкав, сега два дена 100 па следни два дена 75 ќе боцкам па пак на преглед за да видат хормони. Цетеротид од денес исто ќе боцкам (5ти ден од циклус). Болка во абдомен немам никаква и рамна сум ко даска. Само дланкиве ми трнат и ми се гади ама ми кажаа сега на тел дека тоа ми е сигурно од бромергонот. Фала ти на појаснувањето
Лошењето и повраќањето звучи како нус на бромергонот. Многу се жалат дека имаат такви симптоми. За хипер, се надевам нема да дојдеш до тоа.
Ми трнат и дланките и стопалата и ми се гади . Притисокот ми е 60 со 90. Абдомен не ме боли немам грчеви... му пишав на др ќе видам што ќе ми каже. Ми ја намалија дозата од денес Не знам 5 ми дадоа за почеток а може и повеќе ќе треба... фала ти мила
дефинитивно ти е од бромергонот. Ако не ти прија, прашај да ти дадат достинекс.Поскапи се, ама мн полесно се поднесуваат.
Тие не одат со ваучерот,а се за да не прснат фоликулите...како ти се убацувам во поракиве ама ја поминував све 2 недели пред тебе,така да што треба прашај си најважно е да веруваш во докторот за се има решение и кај мене ден за ден беа борби и промени во бројки
Затоа ти викам кога веќе почнавме мораме да веруваме...кај мене имаше слаба реакција на стимулација 1 нормален фоликул и уште еден по мал десен јајник не реагираше(депресија),естрадиол 100 и нешто...и пред крај се разбуди десниот со 3 нови првиот преголем,пункција на 17ти ден 4 јк,па уште по пункија прашувам од кој јајник 4 ембриончиња ги замрзнавме због полип(си се појави) и трансфер одложивме...ете што поминав смирив душа сега некако си осеќам ко да си имам бебиеа што ме чекаат
Супер исход немој депресии никако. Ќе си направиш трансфер кога ќе треба и се ќе биде во ред Не е дека не верувам во др, супер се чувствував три дена и ете денес ми е мн мачно, се надевам ми е од бромергоот и дека ќе ми помине.