Во мк тоа не се прави сеуште. Мислам њуборн го нудат, со тоа што материјалот хо праќаат турција. Меѓутоа за ова од тоа што знам, мора да е некој доста искусен и тоа да го прави секојдневно, затоа што многу лесно може да се оштети ембрионот кога се вади клетка. Во околните земји го прават, грција, бугарија... При тоа се зема една клетка од бластоцит и се прави хромозомска анализа ( pgd) или доколки некој од родителите има некоја хромозомска аномалија се одредува дали ембрионот ја носи таа (pgs). Додека се чекаат резултатите го замрзнуваат. Aко некој правел во мк нека сподели...би било супер да се прави овде...посебно за повозрасни или за тие кои што веќе имале некакви трисомии (како за мене на пример )
1/4 на 24ч. Не ми беше ништо до вчера, синоќа ми беше трета вечер по ред да пијам четвртинка. Што ми се задеси денес не знам. Ама еве читам во нус ефекти , трнење во екстремитети, гадење, сува уста... се што осеќам денес. Ебате апчето
Не го мисли апчето и види ден два како ќе се понашаш..може ти е и од возбуда од целата ситуација,ајде со лесно се нека тече и известувај како напредуваш
Како почнало, одличен завршеток мила!Дефинитивно си имаш бебиња што те чекаат,реши си го проблемот со полип па ќе си ги земеш во меше Како оди со ваучерот, сега ќе го искористат или кога ќе правиш трансфер?Не ми е јасно тоа како оди
Фала ти. И јас имам слични информации. Чисто ме интересираа искуства во МК. Го пишува на веб-страната на Ре-медика дека го нудат како услуга ама не сум запозната со детали. ---
Здраво,некој денес случајно да не дозна оваа недела дали се состанала комисијата,јас упорно вртев но ништо никој не се јавува?❤Честитки за бебенцето нека е здраво и најсрекно на светот.
Ваучерот со упат од матична го даваш кога почнуваш со постапка. На него има дел пишува Извештај за завршена бпо постапка. Тој дел го пополнува клиниката кога ќе ти заврши постапката. Во ваучерот следува трансфер така да кога Константина ќе го направи трансферот, постапката ќе и заврши официјално и ќе го пополнат тој дел и веројатно клиниката го праќа тој извештај до фондот. Откако ќе ја почнеш постапката, не си ограничен со време кога ќе ја завршиш, така да не е важно дали истиот циклус кога си ја почнала постапката ќе имаш трансфер или за месец, два. Нема ништо за искористување моментално што е, кога завршува постапката клиниката си го обавестува фондот па веројатно тогаш фондот ги исплаќа средствата кон клиниката. Важно е да се почне постапката во рок од 6 месеца а кога ќе се заврши не пишува нигде дека е ограничено.
Мене ми рекоа во Њуборн дека е тоа сменето оваа година и целиот процес мора да се почне и заврши за 6 месеца. И мене ќе ми истече ваучерот во септември, а нарачката е направена. Не знам дали и колку ги продолжуваат ваучерите ради коронава, ама изгледа тоа е различно за секого, во смисла на тоа кога е издаден ваучерот.
Јас имам прочитано дека мора да се отпочне постапката во тој рок од 6 месеца. Нигде не пишува за завршување. Може да сум грешка . Ама како и да е, сите работи што се наведени не мора да се завршат во еден ист циклус. Ако трансферот не се отствари во тој ист циклус, се прави во друг циклус . Пошто Сиена баш за тоа прашува.
Фала ти мила, убаво објаснето, без разлика кога е почната стимулацијата, не мора во тој циклус да се направи и трансфер, ваучерот важи и за друг циклус ако се прави само трансфер. @tina2018 , мила, сигурно има промена кога ти кажале дека за 6 месеци треба се' да се заврши. Сега дали тоа зависи само од клиника до клиника или од Фондот е така Уште не може да направиш хистероскопија во Чаир?
Девојки, отприлика уште колку финансиски средства се потребни при отпочнување на постапката со ваучер? И од што зависи?
Хормоните се гледаат три пати (толку следува со ваучер), ако има потреба да се погледнат повеќе тоа се доплаќа. На ехо ти следува три пати да те гледаат, ако те видат повеќе од три пати тоа се плаќа. Ако примиш повеке од 30 стимулации се доплаќа. Ако искористиш повеќе од 22 декапептил се доплаќаат.Ако си на краток-антагонистички протокол, се плаќаат антагонистите или цетеротид инекциите, зошто тие не следуваат во ваучерот. Една инекција е околу 2600-2800 ден. И нормално замрзнувањето на ембрионите што нема да ги искористиш, за тоа сама си одлучуваш дали сакаш. Еве ти листа што следува све си е убаво објаснето. Све што ќе надминеш од листава - се доплаќа. А зависи од самата тебе и од твоето тело и не можеш да знаеш однапред.
Уште не можам, сакав еден трансфер така без хистеро, ама ни тоа не можам. Чекам комисија за донор. Од Фондот рекле дека мора да се заврши постапката за 6 мес.
Дај Боже да биде се како што треба со ваучерот си тераме си ја искористив терапијата,прегледи хормони се што следува(и над тоа што примав си доплатив),пункцијата....замрзнување си плативме и трансферот од ваучерот ни важи до истек на важноста на ваучерот.Вие до кај сте?
Браво мила сега си имаш ескимчиња и наскоро ќе си ги земеш во меше... каде правеше ифв? Негрижи се за полипот се ќе се среди
Само да се надоврзам за хормоните да 3 хормона следат со ваучер,ама тие одат во првото боцкање(барем кај мене на 3ти ден ме боцнаа) и после ако плус ти мерат естрадиол,лх прогестерон(а мене ми мереа) ти одат како надминати...