Нема на што, тука сме сите за да си споделуваме информации Не би требало да надминеш и да доплаќаш , обично е доволно тоа што си следува со ваучерот. Може некој хормон плус или инекција. Ама замрзнувањето е околу 500€. Среќно
Мила, јас сум кај др.Трајковски, кај него сум од лани, сега кај него ќе го правам и второто ин-витро.Инаку, сакам да те прашам за хормони.Дали ти правеа мерења на 3 хормони или три пати мерења на пример на ЛХ и Е2? Мене лани ми рачунаа само мерења на 3 хормони, еднаш ЛХ и Е2 и втор пат само Е2 Едит: веќе си одговорила
Јас мислев 3 хормонски мерења следуваат. Ко на пример мерења на 2 дена почеток , едно на средина и едно пред пункција...
И јас сум кај него првото боцкање ми беше на трети ден(на крај дознав дека тука отишле 3 те хормони )....и после имав уште 2,3 естрадиола(мораше пошто пред крај ми рипна) лх и прогестерон значи 5 надминав...
Јасно. Епа мене досега 4 хормони ми проверија, првиот ден естрадиол и прогестерон, втор пат естрадиол и лх. Значи веќе еден имам за плаќање. Јас па три мерења си мислев , ко три пакета
Знам мила, за ова се нервирав лани бидејќи цело време мислев дека следуваат 3 мерења на хормони ама сега веќе ми е јасно
И ја мислев незнаејќи дека на почеток испитуваат во старт 3 можно е кај мене само да требало?!Ама мислам така е редот е2 лх и прогестерон па после по потреба(најберојатно секогаш има плус за да пратат ситуација)...исто да знаеш инекциите ти ги рачунаат по единици 1 инекција ти ја бројат како 75 ui пример ако примаш бемфола од 225 ти ја бројат како 3 инекции...
И јас надминав кај хормоните,4 досега. Кај инекциите не ми се верува дека ќе надминам , кај гоналот, се на се околу 15 -16 мислам ќе примам(ако рачунам по 75IU) Ама другите-цетеротидето ,ќе си ги платам. Тоа е
Фала дај Боже многу ми беа тешки изминативе две недели,ван себе бев исчекувања пресврти на крај фала му на Господ се израдував,за полипот ми е дежа ву лани имав,отидов на хистеро го немаше...ама таман малку да смирам страсти да соберам сила и да продолжам сега уште сум под импресии и не сум почнала да се филмам за одмрзнување...трансфер чекање @princess5 kaj tebe kako e situacija? Kaj koj dr si?
Тоа е спремни сме,знаевме дека со ваучер само нема да поминеме немаш гајле ти не ти треба плус терапија си имаш фоликулчиња будучи бебиња која големина ти се?Колку ти е естрадиолот?
Не знам колку ми е точно, висок ми е. Затоа ми ја намалија дозата претпоставувам. Па на десниот јајник имам 15 фоликули од кои 10тина се големки, 12-14мм (5 ден од циклус). А на левиот исто имам околу 13-14 фоликули, не знам колку беа големи, се исклучив кога почнаа да ми ги мерат и таму. Почна блага паника да ме фаќа. Ми рекоа имам јајници налик полицистични ама може и да имам толку многу пошто сум уште млада. Во нормален нестумулиран циклус имам обично по 13,14 вкупно.
И моите екимчиња чекаат да си ги земам... кај др.Трајковски сум во Њуборн Минатиот пат не успеавме ...не се разви и ми требаше време психички да го прифатам тоа...но да собереме силии па наскоро ќе си ги земам Сите да си ги земеме и Дајбоже да се израдуваме
Секогаш имаме за што да паничиме значи ич да не се секираш од толкава бројка ќе искочат неколку квалитетни секако кај мене како беше густо па златен Господ ги нареди коцките јас затоа и прашав од кој јајник ми ги ваделе пошто првиот беше преголем во споредба со новите што се појавија(сакав да се доедуцирам дали големиот прежиевеал),ама не добив одговор значи си имаат докторите математика и знаат што прават
Дај боже да има нешто добро од нив. Наредна паника ми е сеа пункцијата- како ќе ми вадат толку многу, ќе ме боли после ептен. Нека ни е со среќа на сите
Лелее заедно се,си се дружат не чекаат што не се развило минатиот пат?Остана бремена и од после нешто?
Девојки ако во понеделник ми е пункција кога најрано може да ми е трансфер? Не знам како се бројат два дена кога се јавуваат како се развиле?
Остај пункцијата мисли на анестезијата какво чуство се будиш на 7мо небо се ти е рамно и си слушаш убава вест
Утре дента е прв ден колку се оплодиле,ти се јавуваат и на втор и трет ден и може трансфер на 3ти или 5ти ден значи најрано четврток...јас така мислам...