И ти си таму кај докт? ? Што убавооо нека се дружат Ниска ми беше бетата... се фатило а не се развиваше ... никому не ни беше јасно... но така требало да биде изгледа...
Со анестезија ништо нема да осетиш, саат-два после будењето ќе почне да те боли стомак, налик на силни менструални болки, но се издржува, можеш и да се напиеш нешто против болка. Доколку естрадиолот е многу висок на ден пред стоп инјекција и постои ризик од хиперстимулација има шанса да ти го одложат трансферот за нареден циклус, ама не мора да значи. Така беше во мојот случај, не стигнавме до трансфер. 8 дена од денот на пункција пиев достинекс, среќа добро поминав, со блага хиперстимулација, посилни болки првите два дена, после се смирија, други симптоми не развив. Од старт и кај мене имаше голем број фоликули, висок естрадиол (на петти ден на стимулации 900, на деветти ден негде околу 3200). Иако јас бев стимулирана со поголеми дози. Пунктираа 21 фоликул. Јас сум со ендометриоза и задоволна сум од бројот и квалитетот на ембрионите што останаа за замрзнување, а во твојот случај сигурна сум дека ќе има супер бројка на ембриони со одличен квалитет. Ич не се секирај, радувај се, супер тераш
Знам дека ништо нема да осеќам,за отпосле ми е не прашав колку ми естрадиолот , ќе се јавам утре да прашам , ми рекоа само висок. А какви ти беа болките со хипер, што те болеше? Леле подобро да не мислам зошто страв ме фаќа уште од сега. Мене дозата ми е 200iu гонал три дена, па два дена 100 па два дена 75.
Силни болки во долниот дел на стомакот и јајниците, јас имам болни менструацији, па ова беше нешто налик на тоа, само со поголем интензитет. Најголем проблем ми беше одењето во вц, многу ми болеа јајниците при секое идење, а пошто пиев многу вода, сигурно 2 литра на ден + супи + изоспорт 1л на ден, цело време станував . Сепак, не ме исплаши болката многу, со течности и парацетамол за 2-3 дена се среди, искрено не ни мислев на неа, мислев само на тоа колку ј.к. ќе се оплодат и како понатаму ќе се развиваат ембрионите секој повик на ембриологот го чекав со поголем страв од се' останато
Ти си храбра. Јас немам болни менструации па пијам кафетин менструал кога ми пробива- ко плашле некое. Оф да не мислам веќе. Мн ми е мило за твоите ембриончиња, ти посакувам следно успешен трансфер
Честиткиии мила го доби најубавото име Мајка уживај во мајчинството бидете живи и здрви, бакнежи до Јана
Убаво ти објаснила @LunaGrey за стимулациите, хормоните и замрзнувањето. Плус треба да планираш средства за терапијата по пункција и трансфер. Зависи што ќе ти треба и во која клиника си, секој доктор се држи до некоја терапија. Кај мене чини 6000-9000 неделно (секоја 4та недела 9000 кога ги купувам Имприл витамините, инаку нешто над 6000). За неделата после пункцијата имав некаде 7800 (тогаш ги зедов Имприлот и имаше плус Сумамед и Декортин). Е ако ти дадат поефтина опција за Пролутекс и Кринон, со помалку ќе поминеш. Клексан или Фраксипарин ако треба, фондот ќе ти рефундира. Само треба да ја запазиш постапката. Ова планирај го, да не ве изненади на деновите на пункција и трансфер. Првите недели е вака, после намалуваат и заменуваат по нешто. После тераш со обични витамини и мислам дека го нема пролутексот што е најскап, ама уште не стигнав дотаму за да ти кажам со сигурност.
Охо, вака/ Охо, вака/така доста се собира. Добро што си прашав да си планирам со време. За замрзнување се плаќа по број на ембриони? Кај Проф.Димитров во Ремедика ќе правам.... Фала на одговорите
Во Њу Борн се плаќа на годишно ниво 1 година 24 150 денари мислам бројката не игра улога,за во Ре незнам како е...
Јас во март во Ремедика за замрзнување платив 44,000 ден. за 5 години чување, и тогаш тоа беше еднократна сума без разлика на бројот на ембриони. Пред некое време членка овде пиша дека почнале и они да наплаќаат за поединечно замрзнување на ембриони и дека замрзнување на еден ембрион сега е 9,000 ден. Е сега не знам дали е тоа цена за една година чување или за повеќе.
Извинете дечки за прв ваучер дали треба спермограми еден од државна еден од приватна лабараторија, или не мора од државна? Фала ви