Моите и двата беа од приватни лаб., За прв ваучер поднесував лани некаде септември. Не сум сигурна дали има промени, но и сега за втор поднесувам од приватна. Со среќа!
Само мене ли ми е волку мака од стимулациите? Стомаков ми тежи, не можам ни да усисам дома. На работа едвај функционирам. Денес и кичмава ме сече.Неам грам енергија.Немам сериозни болки, поше сум како утепана.
Добар ден девојки сакав да прашам дали е можно да имаме успешно Ин Витро со 20 %фрагмантирана сперма 80% е ок, И дали е нормално од стимулации од време на време да имаш болки во јајниците,
Во ваков случај применуваат посебна метода на оплодување со магнетно сортирање на сперматозоиди. Не е толку висока фрагментацијата кај вас и секако дека е можно да имате успешно инвитро. Најдобро да разговараш со докторот или ембриологот за убаво да те информираат. Нормални се болките во јајници, ти растат многу фоликули. Те следат сигурно на ехо, ќе бидеш во ред.
Девојче знам дека ти е тешко и дека си во исчекување и се плашиш. Најдобронамерен совет, направи си услуга и не паничи за работи што не се случиле. Од мое лично искуство кога сум прочитала некој симптом магично ми се појавувал и на мене. Психата е комплексна работа и си игра играчки со нас. Тебе ти следи најубавиот период од животот. Мисли на тоа. Мисли колку многу и квалитетни јк ќе извадат, како една или повеќе ќе те нервираат следна година ова време кога ќе ти пискаат по дома. Кога ќе те фати страв или ќе ти дојдат негативни мисли, наместо да читаш на интернет што најлошо може да ти се случи, веднаш сврти ги мислите кон нешто најубаво што ќе ти се случи. Тешко е, ама подобро енергијата да ја насочиш кон контролирање на стравот отколку кон нервози и мозгање. И не ти треба да знаеш колку ти естрадиолот. Висок невисок ти ќе успееш. Ако те видам уште еднаш нервозна на форум, јас ќе ти ги бирам имињата на близначињата, така да знаеш
Девојки може ли да ми пратите линк за тоа кои документи се потребни за прв а кои за втор ваучер И каде испитувате спермограм, на државно никаде не примаат можно ли е ова?
Абе не си измислувам верувај, првите неколку дена А не кажав пошто стварно ништо не ми беше. Еве два дена ми е тешко, знам дека е нормално тоа, чисто сакав да ги слушнам другите членки, дали нормално си ги обавуваат дневните обврски. И не се ни јавив да прашам за естрадиолот вчера за ПРВ пат пишав на темава за моето искуство и одма миле паника ме напраивте. фала ти на советот секако
Навистина не ми беше намерата да те направам миле паника. Најдобронамерен совет беше. Извини ако го доживеа различно.
Нема потреба од извини јас воопшто не се навредив, ми пиша дека сум нервозна, не сум како и да е , ќе го применам твојот совет и нема да читам повеќе од што треба
Еее колку се имаме изначитано чекор пред времето сме јас каква бев немав сила ни да пишам што поминувам и доктор и сестри ме приметија ајде за една недела голем дел од работата ќе биде завршен
Постапката мора да се почне во рок од 6месеци.Штом се почне не е важно кога ќе се заврши.Имав три ин витра преку фонд. така е со сигурност.
Еве мене не ми го земаа ваучерот, а ја почнав постапката, што ќе рече ги дадовме парите. Оваа година е сменето. Секако обично инвитро ќе почнеш и ќе завршиш во 6 мес, само сега коронава што ме кочи мене со нарачката.
Јас мислам ако не дозволуваат во болницата законски заради истек на ваучерот... да им се обратиш во фзо фино лепо со приговор црно на бело дека си почнала и дека не е човечки фактор во прашање што се пролонгираат работите и да си побарате пролонгирање..мислиш нема да стигнат скоро?
А јас сега завршив со пункција исто немав трансфер...и ми рекоа има време до Декември...значи ми го рачунаат 6 месеци,ако законски не е така тогаш зошто не би излегле во пресрет клиникиве барем кај специфични ситуации како кај @tina2018 ?
Така им рекле од Фондот, баш ми нагласија. Ќе прашам директно таму кога ќе отворат, се надевам после изборите. Фала на одговорот. Фала @DELFINA81 Секако сите ќе успееме, само се нервирам со ова чекањево. Поздрав
Ви благодарам на сите на честитките, да сте ми живи и здрави, и сите до една да си дочекате ваква радост. Ве
Баш тоа го искоментирав погоре за спермограмот. На државно не може никаде Ние направивме еден во Њу борн 2000 ден и еден во Ремедика, мислам 3000 ден дека беше. @LunaGrey само да ти посакам среќа во постапката и на крај на месец да ни се пофалиш со двете цртки за дупла радост