Нема зошто да се разочаруваш во нормални услови се чекаше по 5-6недели ...сега ради ситуацијава малку повеќе се чека но ќе се разгледа предментот...
Денес ми е 9 ден од циклус. Стимулации примав само 7 дена. Вчера ја ставив последната инекција гонал (75IU) Денес на 9ти ден од циклус, естрадиолот ми е 6000. Имам над 30 фоликули од кои 20 фоликули се со големина од 18-19мм, останатите се по 17 и 16мм. Сега ќе боцкам само цетротид три дена па пункција. На ден пред стоп инекција претпоставувам ќе ми биде уште повисок од 6000...
Висок е доста е естрадиолот и присутни се голем број фоликули, има ризик за OHSS. Што вика докторот? Сепак ќе примиш hCG инекција? Обично во вакви ситуации кога телото вака екцесивно реагира на стимулации не ја даваат, баш за да се намали ризикот од хиперстимулација. Ама ај да не се праам јас доктор, сепак они најдобро знаат. Позитивно од друга страна е што ќе добиете многу ембриони, од 30 фоликули ќе имаш еден куп за замрзнување ) Не се секирај, под надзор си, докторот сепак најдобро ќе процени и реагира во ситуацијава. Пиши што како ќе биде и со среќа
Одлична бројка мила, ќе има многу ескимчиња Ти посакувам со лесно да ти помине пункцијата и многу убави моми да извадат
@LunaGrey одлична бројка на фоликули, но биди спремна и на одложен трансфер, за да се стабилизира телото. Болки имаш во јајници?
Минимална имам мила, така на моменти некој тап грч како менструален. И ако се движам многу знаат да ме заболат ама ништо озбилно.
@LunaGrey леле машала, браво..цело табличе јајциња . Што е до тебе си завршила со боцкања. Прво ти е со стимулација?
Одлична бројка ќе има... во меѓувреме почни си со повеќе течности...а по пункцијата ќе го зголемиш внесот на исо спорт и вода за да не дојде до хипер...
Да, прво ми е. Првите три дена се боцкав со гонал 200IU, па после два дена 100IU па два дена 75IU. Па ми ги прекинаа после 7 дена стимулациите. Сеа остана само цетротидот
Одлична бројка.Слична ситуација имав и јас,трансферот ми го одложија за после еден циклус за да се смири телото,18 јајце клетки извадија...и мораше да се средат јајниците.пиев достинекс.и се се среди.но сепак е различно кај секој.можеби тебе нема да го одложат.а и да го одложат не е проблем,во секој случај среќно и мноооогу ембриончиња. @LunaGrey
Со анестезијата и процедурата супер. Мн лесно. Извадија 8 јк. Сега се молам да се добри и да имаме квачитетни амбриончиња
@LunaGrey случајно влегов на темава,потајно надевајќи се дека си почнала постапка,а ти веќе при крај си Супер бројка имаш,сега ти следат највозбудливи денови Знам дека ке успееш,спремај се психички за шеткаш зимава со меше што расте Поздрав и на другите девојки,многу успех и полни раце ви посакувам. Јас лани ова време чекав резултати за оплодени ј.к,а сега една од нив ми гуга и ми ги бои деновите со чиста љубов. Вреди секоја боцка да знаете
Фала ти Дуниче Се надевам и јас на убав исход и од срце им посакувам среќа на сите во темава Каде го има тоа исо спорт? Во тинекс и дм не го најдов
Јас го земав од Тинекс дисконт цело време. Има и мали шишенца и големо од 1.5 l. Можда баш во тој тинекс им се потрошиле, иначе редовно го имаа. Види и во Супер тинекс. Ако не најдеш, има замени слични, или со вкус или обогатени минерални води, со отприлика иста концентрација на електролити.
Другарки јас да се пријавам на 30 јуни правев трансфер со замрзнато јуначе,требаше со две ама едното не покажувало знаци на виталност и ништо.Денес 13 ден почна кафен исцедок и направив тест домашен негативен.Немам веќе надеж утре самп да се потврди со бетата.Сакав да прашам докторот за инсулинска резистенција не ми даде никаква терапија во процесот и дали мислите дека висок инсулин има голема улога за неуспешно второ инвитро.И совет за добар ендокринолог во Систина
Јас поднесов пред 5 недели и уште исто не ми е дојден на ред предметот. Но што е тука е...таква е ситуацијата и каде и да е ќе дадат одговор. Не се разочарувај 3-4 недели нека се плус но да имаме позитивен исход