Ми ја сменија терапијата денес. Се израдував. Нема да примам хцг инекција. Место неа декапептил ќе се боцнам.Вчера наидов на ова на сликава и мн читав и убедена бев дека не треба да примам хцг и денес сакав да отидам да разговарам, ама ме престигнаа од клиниката и први ми се јавија Биди силна, следното ќе биде ти праќам мн гушки
Мила, јас сум во ЊуБорн и ги прашав колку чини постапката приватно, ми рекоа 1700 евра, сите хормонални прегледи, ехо прегледи, пункција, трансфер, анестезија, се' спаѓа во оваа цена, а за стимулации се плаќа посебно од 500-1000 евра зависи колку ќе одреди докторот, а после тоа следи плус и терапија што исто се плаќа посебно, прогестерон, витамини и плус клексани ако треба да се примаат
@LunaGrey јас тебе секој ден те мислам. Не сакав да те замарам по пораки, но пиши што ќе направиш. Бев во слична ситуација како тебе, и затоа и те мислев. Супер што ти смениле терапија, од инекцијата стоп можеше уште повеќе да се зголеми естрадиолот. Одвај чекам да заврши ова, и дај боже како мене да завршиш позитивно
Фала ти мила што ме мислиш добра сум сега ќе видиме во петок како ќе биде се, тогаш ќе ми биде пункцијата. Ќе пишам обавезно
Здраво на сите. Ќе може ли информација за цените за трансфер со замрзнати ембриони? Во систина, ремедикс и newborn. Ви благодарам
@LunaGrey јас имав речиси идентична ситуација, со тоа што имам пцос, горе доле истата терапија ја примав, три дена не примав стимулации пред пункција и исто стоп инекцијата беше декапептил. Естрадиолот ми беше над 6000. Да те утешам, не развив ни благ охсс. Многу течности, изотоник и протеинска исхрана. Трансферот не ми беше одложен, денес ми е трет ден...Со лесно
Фала ти на утеха иако немам дијагноза пцос пошто немам индикации,секогаш ми велеле дека сум ок-редовни циклуси и нормална тежина и добро ехо- секогаш со нормален изглед на јајници и фоликули....изгледа сепак имам скриен пцос, според хормоните(фсх и лх не се во сооднос и благо покачен пролактин) Со среќа нека ти е, ти посакувам висока бета
Не сум ни јас класичен пцос фенотип, исто нормална тежина, без вишок андрогени, немам акни, ама јајниците швајцарско сирење, и крш циклус..битно јајце клетки нема да се кусо Фала ти за убавите желби, истото ти го посакувам
Мој матичен е. Добар и искусен доктор е (ми се чини дека има уште малку до пензија) и ми давал корисни совети, за прегледи никогаш не правел проблем, што сум сакала, тоа сме правеле. За ендометриозата и цистата уште пред неколку години одма ме прати на второ мислење во Ремедика. АМА има премногу пациентки и не памти се, секое идење на ново му ја раскажувам цела историја, па доколку не го отвори картонот да види што како, еднаш ми кажува едно, следното идење нешто сосема друго, на почеток се нервирав, сега се смеам, одма почнувам од ново што како сме правеле, што сакам понатаму. Ама разбирам, не може да не' памти сите, полно е кога и да отидам. Сестрата Верче е исто фина и завршува работа.
Девојчиња јас ноќеска прокрварев. Кафеавко на влошката по малку само и до сега трае. Се слушнав со Трајковски и ми рече да не се секирам и да лежам само утре ке ме види. А баш пред една недела слушнавме срценце. Скршена сум. Некоја со слично искуство..
Ама немој одма со црни мисли. Се ќе биде во ред, ќе ти стават поддршка ако треба и лежи си. Штом немаш болки и не ти е црвена крв мислам дека нема место за паника. Одмарај и биди позитивна
Мила само позитивно,гали си го мешко,јуначето ќе видиш дека ќе биде добро.Лежи си одмарај и утре те чекаме со одлични вести