Честиткиии мила си го добила најубавото име Мајка, бакнежи до вас бидете здрави, живи и многу среќни, а ние другите со божјата волја да успееме да дојдеме до таа среќа чувајте се
Честитки мила, нека ти се живи и здрави бебињата, многу радости да ви носат!!! За тебе мила најубав период ти следува, да си дочекаме сите како тебе да се крунисаме со бебенцаТи посакувам брзо опоравување
[/QUOTE] Јас добро реагирам на стимулации и АМХ не покажува дека имам резерви на јајце клетки, кај мене проблемот е нарушениот метаболизам на шеќер/инсулин, недостаток на витамин Д и МТХФР мутациите.[/QUOTE] Ова проблемот со инсулинот се решава? Јас имав доста качен инсулин кој ми го качи и тестостеронот. Ги средив со лекарства и храна, ама не сум ги проверила пак. Да не треба да си ги следам редовно?
Честитки од срце да сте здрави и најсреќни! Се сеќавам како вчера да беше кога започнуваше со ivf. Дај Боже за сите среќа. Уживајте
Девојки денес пак проверував естрадиол и лх на 14 ден. Естрадиолот од 75 паднал на 51 а лх 38 изгледа пак празен фоликул
Откако си го средила инсулинот ако си се вратила на ист начин на живот, подобро провери си како ти е сега. Јас на гладно имам нормален инсулин, и никој не се сомнева да ми испита на оптеретување. Самоиницијативно проверив еднаш пред 10 години, и првиот саат ми беше 80 (нормално до 40), а вториот саат ми беше 60 (нормално е да се врати како на гладно, кај мене 7). Тогаш докторот ми даде метформин и диета, се среди. Сега пак не ми даваа упат, проверив на приватно, на гладно пак ми е во ред, првиот саат 120, три пати повисок од нормала, а на втор саат 100, што е страшно високо затоа што треба да е како на гладно, т.е 10. Патем, на сите три мерења шеќерот ми е сосема во ред, во референтни вредности. Долго време не го испитував бидејќи верував на ендокринологот, и така се опуштив со исхраната (штом Др. вика дека е во ред) и си искомплицирав.. Јас на твое место би проверила инсулин и на гладно и со оптеретување со гликоза.
Уште малку мила, ќе почнам во август штом добијам, до тогаш малку релакс и таман ваучерот да си го искористам Фала ти што мислиш
Браво за оваа студија, одлична е, има да ги ислушам сите видеа. Еве јас мислев дека со ин витро се исцрпуваат оваријалните резерви, слушнав дека не е така. Одлични информации, фала многу @LunaGrey
Девојки, имам упат за Идадија за хормони. Дали некоја била скоро да ми каже од колку до колку можам да отидам утре?
Мила јас проверував хормони во мај, бев од сабајле во 8 за да си фатам ред, ги имаше сите реагенси. Мислам дека до 9 или 10 земаат крв
Фала ти, се надевам дека ги имаат иако сеа сите ги праќаат таму дека клиника не работи па кој знае. Книшка ти бараа? Или доволен е упат?
На ГАК не работат, но Клиничка биохемија работи и стандард немаат реагенси за естрадиол И во Јане Сандански исто може да се оди. Ако во Идадија за нешто нема реагенси можеш во другиве да искористиш, ако не ти е проблем пак упат да земаш.