Девојки да прашам може малце глупаво прашање ама не сум запознаена, дали докторот сам ја носи одлуката да врати еден или два ембриона, или го прави тоа во консултација со брачниот пар?
Воопшто не е глупаво, баш прашање на место. Од моето искуство, барем мојот др, секој пат се консултираше со нас и не прашуваше како сакаме да продолжиме. Јас секако го прашував др за препорака, совет и негово мислење, па комбинирав со нашето размислување и носевме одлука. Но секогаш сме биле прашувани. Одлуката не е воопшто лесна, не сум спиела со ноќи пред да решам. Посебно првиот пат Вториот пат полесно решивме. Не знам дали е ист пристапот на секој др. Во секој случај, посебно кога имаш повеќе ембриончиња на располагање, мора да се разговара и одлучи взаемно. Пример, при крио-трансфер, при одлуката дали едно или две, има врска и како се групирани ембриончињата при замрзнувањето. Исто така има врска и конституција, возраст и др медицински состојби.. Јас сум пробала и едно и две
Фала ти на одговорот Денеска ми кажаа дека ембрионите се со одличен квалитет и потенцијал и да размислам за замрзнување зошто нивна претпоставка е дека ќе има неколку(моментално се 9). Јас им кажав дека секако ќе сакам да замрзнам. Трансферот ќе ми биде на 5ти ден. А ми рекоа дека ќе ме известат дали ќе ги замрзнат другите на трети или петти ден. Голема одлука е во право си, мислам дека сепак би ја оставила на докторот да ја донесе, зошто јас моментално ваква сум
Јас се договорив со др.две да ставиме,до душа јас сакав три хехехе,тој рече не претерувај,не може тоа така ,се насмеавме,ама јас од пуста желба.важно на крај бидна,едно се фати,еве тераме 12та недела....ти посакувам успех
Докторот дава предлог дали еден или два зависно од твојата состојба Меѓутоа јас сама решив и првиот и вториот пат дека сакам по два. И во двата случаи се фати по едно (првиот пат празен сакус, вториов пат полна 19та за некој ден) Најбитно од се е да веруваш дека ќе успееш, да не се оптоватуваш со никакви мисли, едноставно пробај да уживаш!
Девојки, вчера прв пат ставав пролутекс, се беше во ред. Денес откако ја извадив иглата истече прилично од течноста измешано со малку крв.. Ако знае некоја што грешка направив и како да спречам да истекува, а исто ја ставив како првата..
Кога ќе боцнеш штипнатото место го пушташ броиш до 5или 10 кога ќе завршиш со вбризгување па ја вадиш иглата
cestitki mila, bas mi e milo, zdravi, zivi, srekni da se, mnogu radosti i ubavi momenti... daj Boze site da docekame polni race Ovie se davaat dokolku nema dovolno folikuli li? Ve molam objasnete Kade sega?Kaj koj dr?
Здраво девојчиња Дали поради моменталната ситуација и поради поголемиот бран најавен за на есен ги одложувате ИВФ постапките или не? Би сакала да одам во Септември но со оглед на ситуацијата се не знам што да правам.
Ништо не одложувам. Ваучерот очекувам до септември да стигне, да сме здрави живи и ќе почнеме со постапка. Ситуацијава секако ќе потрае, не знаеме што и како ќе биде, ниту до кога.
ситуацијата може и да потрае долго... а во клиника идеш 5-6 пати во текот на процес, изложеноста не е огромна, само треба да се заштитуваме максимално. во однос на бременост во ситуацијава, цело време жени остануваат природно бремени во пандемијава, планирано или непланирано ситуацијата е иста, само треба претпазливост. Дечки ,на трети ден јас имам 9 ембриончиња кои си растат ќе ги чекаат сите до 5ти ден.
Браво Ке имаш сега на 5ти ден трансфер или нареден месец? За враќање.. Кај нас одлучи д-рот заедно со ембриологот,секако земајќи ги предвид сите фактори и прогнози. Јас имав слаба терапија,ми пунктираа 8 зрели ј.к,од кои 7 се оплодија,а 5 стигнаа до бластоцисти со AA оцена. Прво мислев да се вратат 2,за поголеми шанси нели,но не дозволи д-рот.Ме советуваше дека е подобро да враќаме едно по едно,отколку да се соочувам со потенцијалните ризици на близначка бременост. Секако,ако имаш желба за близнаци нема да те спречат,само ке те советуваат од стручен аспект што е идеално за вашата ситуација. Верувам дека си во дилема,но немаш место за грижи,од овие 9 минимум 7 ке бидат квалитетни бластоцисти,едно ке си гушкаш догодина сигурно
па докторот рече ќе ме погледно прво па ќе одлучи за трансферот. мислам дека ќе биде сега зошто добро се чувствувам, он беше загржен да не имам многу болки од пункцијата. ќе видиме што ќе каже мене терапијата ми е ептен јака моментално и искрено,jас сум повеќе некако за едно да се врати ама сепак ќе видам што ќе предложат.