Секогаш постои шанса Има многу случаеви со негативен тест, а преку крв позитивен. Ти посакувам успех утре
Да не бидам погрешно сфатена, но домашните тестови на 12-13 ден се обично точни. Можеш да направиш повторно тест вечер и/или утре. Храбро и нема разочарување и откажување, што и да биде.
Здраво пријателки, дали знаете почнаа ли со закажување за спермограм на државна? Исто ме интересира дали ако направиме спермограм во лабораторија во Куманово би го признале за ваучер? Благодарам
Не се почнати во државна, а за спермограм може секаде каде што фондот има склучено договор (и приватниве за асистирана репродукција Ремедика Систина Њуборн)
Ништо од мојот фудбалски тим 2 стигнале до бластоцисти, две се во морула фаза, ќе ги почекаат до утре па ако пораснат во бласто,ќе ги замрзнат. Другите престанале да се развиваат после третиот ден. Од двете бластоцисти, една ми вратија на трансфер, другата ја замрзнавме. Прашав зошто така се случило, пошто ми рекоа дека се супер сите 9 ембриони на 3ти ден, одговорот беше дека обично 50% од таа бројка на 3ти ден стигаат до бластоцисти, дека не се знае никогаш пред време, може не биле доволно квалитетни... На извештајот за вратениот ембрион ми пишува АА бластоциста, што и да значи тоа. Како и да е, помина и мојот ред, сега ќе си чекаме
Иста состојба имаме и кај мене беа 17 јк, 15 оплодени, 8 издржаа до 3ти ден и само 4 до 5ти ден што ги чекаа скоро речи до 6ти ден Денес имав трансфер и едно не се развивало после одмрзнување, па одмрзнуваа друго И јас прашував зошто се случило тоа, сепак беа бластоцисти, ми рекоа и од нив 50% преживувале. Сега веќе нема мислење на тоа, да мислиме на ова што е во меше сега и да се бодриме следни 14 дена да не полудиме Со лесно, и со висока бета
Мила и од едно може да станат две нека си се развива кај мама во меше сега...па да не израдуваш за 2недели
Ете тоа ме буни мене...за тие што ги враќаат на 3ти ден..значи не се знае дали би се развиле понатаму?!Или имаат и некој друг показател што им кажува дека се ок? Или во мојов случај замрзнати на 3ти ден,како одлучуваат кога ќе замрзнат вратат? Ајде @LunaGrey za ubavo neka e..bidna rabotata sega samo pozitivno,broime denovi i cekame ubavi vesti
Дури две мои стари друшки имам за бодрење. @LunaGrey @Nithya Со лесно куклиња И на сите кои се во процедура. Да ме израдувате за мојот роЏендан На 8ми август, св Петка е убав ден за убави вести
Обично ако има повеќе ембриончиња ги чекаат до 5дена ако се помалку ги замрзнуваат на 3ти ... си имаат показател тие дали и како се делат и за 3ти и за до бластоцост (правилни неправилни... затоа бројот се намалува) **ова е мое мислење сепак
Јас мислам дека ми ги оставија до 5ти пошто имав повеќе ембриони на располагање, па веројатно се надевале дека барем некоја ќе стигне до бластоциста. Поима немам дали е така и врз кој основ се одлучуваат,само јас вака си мислам...Јас ги прашав за двете што се уште како во 4ти ден развој, зошто не ги замрзнат така зошто да ги чекаат до утре, одговорот беше дека ако не се развијат до утре и да ги замрзнат сега може да не се развијат кога ќе се одмрзнат па затоа подобро да се почека и да се замрзнат во состојба на бластоц.
Фала мила, среќно нека е на сите Фала драга @Bubce38, Дај Боже и св. Петка да ти честитаме роденден со лимонада
Нека биде ова херојчето Ајде за две недели две цртки и правец во Труднички. Поинтересно викаат било таму
АА значи дека ти е топ квалитет ембриончето, со добро дефинирании клетки, добар квалитет на trophectoderm (слој кој ја гради плацентата и мембраните), иста и компактна големина на клетки. Тука можеш да прочиташ што точно значат бројките и буквите за класификација на 3-дневни и 5-дневни ембриончиња. Супер е, држам среќа! ---
Во комшии имам тројка. Две вратени, едното се поделило. Сега се две момчиња и едно девојче, абе златни дечиња
И јас прашував зошто моите ги замрзнаа на 3ти а не на 5ти ден. Одговорот беше дека добро се развивале и претпочитаат да ги остават да стигнат до 5ти ден во природна околина кај мајката. Јас два пати враќав 3-дневни замрзнати ембриончиња но без успех. За следниов трансфер веќе решив да ги одмрзнеме и оставиме да стигнат до 5ти ден, па да правиме трансфер. На еден начин така и ќе знам ако не биле добри, пошо веќе имам неуспешни трансфери на 3ти ден.