А ти колку имаше? Мое мислење е дека кога има малку не им се ризикува да чекаат до 5ти ден и вака оставаат па ако бидне бидне ова е само мое мислење зошто инаку не би чекале до 5ти ден барем ќе бидат сигурни дали профолжиле со развивање?!И дали кога ќе ги одмрзнат 3 дневните чекаат плус 2 дена или одма ги враќаат? А ти сега кога планираш трансфер и колку замрзнати имате? Ајде ќе биде трета среќа
Бев со краток протокол на индукција (8 денови), добиени 13 ооцити, оплодени 6, замрзнати 5 ембриони (3-ти ден). Не можеше свеж трансфер поради хиперстимулација, па мораше 3 крио-трансфери (така ми беа групирани емб. при замрзнувањето 2-2-1). Имам уште 2 замрзнати емб за следниов трансфер кој треба сега да го закажеме. 3-дневните - можат одма да ти ги вратат откако ќе се одмрзнат (моите 2 претходни трансфери беа така). Вака препорачуваат ембриолозите што сметаат дека сепак е подобро да се развиваат 3-дневните во природна околина кај мајката. Другата опција (шо ќе ја пробам следно и сама си ја побарав) е да ги одмрзнат двете и остават да се развијат до 5ти ден, па ако издржат - правиме трансфер. Ако не - ќе знам дека не биле добри и ќе барам друго чаре. Не знам и јас што е поисправно, поделени мислења има за ова. Но логично решив да пробам друга тактика за следен обид.. ---
Девојки со среќа трансферите и за 2 недели да пријавите висока бета А за ембриончоњата апсолутно нема правила јас имав 2 трансфери на 3 ден неуспешни на третото инвитро од 8 ни едно не беше правилно и немав трансфер ама затоа на 4 то трансфер на 2 ембринчиња на 2 ден и еве терам 18 недела (еден јунак) и 1 замрзнавме едноставно треба да се поклопат коцките кога треба да биде ке биде не губете надеж Ве гушкам сите и во труднички ке ви спремам црвен тепих за дочек
И кај мене беа пунктирани 17 ј.к. Оплодени 10 од нив, на втор ден 10 со одличен квалитет, на трет ден 4 арестираа, останатите шест со одличен квалитет, кои ги замрзнаа одма Кога прашав зашто не ги оставиле да растат до бластоциста, немаа некој конкретен одговор, со тоа што докторот ја остави отворена можноста да ги одмрзнат и да ги чекаат до петти ден, па ако издржат така да ги вратат. Се разочарав тогаш ептен после првичниот пријатен „шок“ дека пунктирале 17 зрели јајце клетки, очекував дека повеќе ќе останат, докторот ми рече: „Е па тоа ти е ин витро.“ Инаку од она што имам читано, во секоја фаза губитокот е оптприлика 30%, а бластоцистите треба да бидат со ептен добар квалитет за да го преживеат одмрзнувањето, и затоа се случува дел да не преживеат, кај тридневни ембриони тој процент е помал. @LunaGrey, @Nithya супер сте девојки, ви пуштам многу среќа и ви посакувам што полесно и побрзо да ви поминат овие 14 дена и да се израдувате на позитивен резултат.
Здраво на сите нова сум на форумот Опушти се.И јас на 20 јуни имав трансфер со бластоцит АА и еве терам седма недела.Ова ми е 7 Ивф
@ANA988 @tari @ladystardust Фала ви друшки за поддршката и позитивните мисли Инаку, јас до сега во Ремедика не сум добила оцена на ембрионите.. Дали само кај мене е така, или овие ознаките ги кажуваат во други клиники?
Ремедика пишуваат на отпусниот лист после трансфер која класификација е секој префрлен ембрион. Пишува ознаки за број на клетки, класификација и % на фрагментација. Различни може да се ознаките зависно дали е 3 и 5 ден емб. Провери си на документот од трансферот. Во секој момент исто можеш да се јавиш во ембриологија таму и да си прашаш.
Ke bide, jas prvpat podensuvam ... se nadevam ke imame site polni race deca, zdrvi, zivi, so gospod napred, Samo da se nadevame i veruvame... site da dobieme za nekoe vreme
Ја дојдов да си поплачам малку. Денес требаше да поднесам документи во фонд требаше уште резултатот од брисевите да го земам од матичната кога таму шок. После десетици брисеви сите чисти, денес некоја бактерија што докторката ја гуглаше зашто немаше поима што е и прв пат ја гледала. Не реагирала на никакви антибиотици освен на еден потенцијално и е некоја што се закачувала во болници. Е само уште ова ми фалеше. Си преплачав цел ден и од памет сум извадена.
А може и да е грешка...?Да си повториш брисеви?Мене така ми се случи со хепатит ц...,а и да има нешто ќе се третира и ќе помине
Хм видиш, мене ми пишува на двата отпусни листа. Но моите емб се 3 ден, можда за 5ти ден бластоцисти како кај тебе друг им е начинот. Во секој случај, ако сакаш повеќе инфо, можеш да се јавиш во ембриологија (на стандард бројот на ремедика, само кажи им да те поврзат со ембриологија). Јас иако ми пишуваше, се јавив да си прашам што не ми беше јасно. Исто и ги прашав зошто не даваат некој посебен документ со повеќе детали за секој ембрион. Ми кажаа дека немаат таква пракса и може да се праша директ во лаб. А мислам дека треба да даваат такво нешто секаде. Не знам како е пракса за ова по другиве клиники.. ---
Е сега ме замисли Ако може некоја со трансфер на бластоцист од Ремедика да сподели дали има оцена за ембрионот, или да се јавам после..
И мене ми е голема мисла. Дали тоа што вративме на 3ти ден значи дека шансите се помали? Замрзнавме уште 3 исто на трети ден? Дали било подобро сите 4 да ги оставевме до 5 ден и да се знае за посигурно кое е со најдобар квалитет (она што ќе опстане)