@Prolett Може кој било да потпише и јас не бев дома. Поштарите не ни знаат што е во пликот но на него има печат од ФЗО. Мислам околу 11 претпладне стигна.
Доста се и двечки @LunaGrey Јас имам уште 4 замрзнати,па жал ми е дека нема да ги искористам Не кревај тешко само. Денот пред и за време на тестирање ми беа најтешки,ама издржав да не правам тест,т.е директно на крв земање отидов.
Убаво ова со какиве, ме расположи Баш сега почнаа да ме фаќаат сафри, еден ден во кревет (а повеќе сум станата од што лежам) и веќе сум укочена, изгледа само многу мислам и се замарам
Исто кај Др. Ивановски бев за прво инвитро мин. година и уште сум. Само што кажав имам ваучер без да се видам со него, сестра Сашка ми кажа да пијам микрогинон од следен циклус па следниот пат кога треба да се јавиш ќе ти закаже преглед, ќе бидеш со долг протокол можеби штом пиеш и јас бев.
Лани ова време немаше никој дома и го ставиле во сандаче, а сега како и на другите што пишаа ги носи поштар на домашна адреса и при прием се потпишува било кој не мора лично, во плик е 3 месеци после лапаро-хистеро се случи бременост, се мислам дека тоа помогна. Со среќа
Fala mila da boze, a ti kolku vreme si bremena? Dali prijavi vo fzo ? Kaj koj dr ke odes, ili odis veke? I dali ke ti vaz vaucerot, mislam deka vazi
11 недели сум бремена. Ваучерот важи 6 месеци од денот на прием така пишува, ако не го искористиш во тој период пропаѓа, така да нема потреба да пријавувам во ФЗО. За прво ин витро отидов кај Др. Ивановски ми остави добар впечаток, и сега пак кај него закажувам, ама многу пациенти има и повеќе се чека Точно, се надевам ќе пропадне
Краток ќе пише некоја членка немав, а долг памтам пиев микрогинон мислам од 1 или 2 ден на циклус, па во меѓувреме на преглед, тогаш ми кажаа од кој ден да почнам да боцкам супрефакт и докторот ја направи шемата... На 2 ден од следен циклус отидов на мерење естрадиол и ако е се во ред ти даваат стимулации и почнуваш да се боцкаш и со нив Се е појасно веќе кога ќе отидеш кај докторот.
Девојки некој да сподели искуство со рејувенација на јајници со слаби оваријални резерви? Најбитно ми е дали имало ефект? Каде се прави? Дали е болна процедура? Колку чини? Фала
Пролутекс во стомак, во рамо може повеќе да те боли. Клексанот некои ги боцкаат и во нога, јас не сум пробала. Инаку од трансфер па до сега (24 недела сум) примам секој ден клексани, пролутекс примав до 14 недела секој 4ти ден исто и прогестерон депо секој 4ти ден, потоа ми ги намали на 7 дена до 18та недела и прогестерон депо и пролутекс. Боцкај под агол од 45° или 90°. Терапијата ми е од Трајковски.
И јас имам сега после трансфер уште клексани секој ден,пролутекс и плус пр.депо. Исто на 4 дена. А зошто толку долго примаш? Кое е образложението, зошто ти требаат? Зошто реално не се ефтини, за онака да си ги ставаме...
Мислам дека Трајковски сакаше максимално да ме покрие со терапија и прогестеронот и пролутекс се за задршка на плодот. Ние ја имавме само оваа шанса, инаку ќе одевме со донирани јајце клетки. ( амх 0.01 и фсх над 84 па претставувам дека ради тоа и толку многу терапија. И кринон гел до 16та примав, потоа сменив на утрогестан по 1 дневно. Веќе не примам пролутекс и прогестерон тоа до 18та недела.Утрогестанот ќе ги примам до крај, а најверојатно и клексаните. Д-димерите ми се ок, меѓутоа кај фактори на хемостаза тромбинското време е скратено па затоа примам клексани. Терапијата изгор знам после трансфер дека отидовме во аптека кај Броз кафе и дадов 300 евра и пак не ми беше се купено.
И мене- за неколку дена пред трансфер и сега за овие две недели до проверка на бета, терапијата ме чинеше 16 000 ден. Исто и јас таму земав се, од Марија гален фарм. Честитки и ти посакувам лесна бременост