Здраво во средата ни јавиа дека ни е одобрен ваучерот. Дали знаете од кога ќе се јават за колку време стигаат дома
И мене ми рекоа дека е одобрен и се надевам дека средината на другата недела ке стигнат Cestitki mila, super, so lesno... dali lezese nesto poveke odmarese ili se dvizese... i kaj koj dr bese?
Хаха морав!! Иако сум свесна дека 90% од жените немаат симптоми толку рано. Јас нормално се чувствувам, осеќам само мало пецкање во матката кога се движам ама знам дека тоа ми е од катетарот, пошто истото пецкање го чувствувам и секогаш откако ми земаат брисеви...
Исто и јас, само слаби менструални болки и пецкања на јајници што ги имав и пред трансфер и знам дека ми се од терапијата, ги имав и минатиот трансфер. Само вчера имав некоја капка водлест исцедот, ама читав дека е од хормоните, и веќе решив да не перцепирам промени Друго ама баш ништо..
Ви благодарам на сите..кај сите да се врати што побрзо! Ова ми беше трето ивф, а седми трансфер. Го правев кај д-р Трајковски. Суплементи пиев неколку месеци претходно и тоа, овунорм наизменично со елова, б комплекс, мака, q10, метформин, метилирана фолна, б12, витамин Д и витамин Ц. Откако почна короната редовно вежбав пилатес, престанав кога почнав со стимулации. Внимавав и на исхраната, драстично намалив прости шеќери, а непосредно пред и по пункцијата комплет ги идклучив. По трансферот не пиев кафе и внимавав да јадам избалансирано, со претежно протеинска исхрана, во превод манџи со месо, свежа салата и овошје, интегрален протеински леб за доручек, наизменично со смути од овошје и овесни снегулки. За заблажување протеински пудинг ( од виндија, тие ми се откритие). Често јадев печено цвекло, авокадо, а секој ден по два бразилски ореви. Од напитоци вода Првите три дена лежев претежно само за до вц станував. Ама и во полулежечи став, зашто не се издржува и грб боли. После се раздвижував низ дома, петтиот ден излегов до веро. После вообичаено фукционирав, но со претпазливост, без нагли движења и ништо од под не кревам. Од симтоми, вториот ден почувствував краткотрајна менструална болка, потоа повремено тапа болка во долниот дел на грбот. Градите после пункцијата скроз ми спласнаа, а пред неколку дена повторно станаа осетливи, но ништо особено. Се на се се чувствував нормално. Којзнае колку од ова што правев имаше врска, мислам треба да се наредат коцките.. Се надевам помогнав, на сите посакувам успешна приказна!!!
Devojki kaj mozam da napravam test preku krv? Edna nedela mi docni domasni testovi pravev i negativni, barem mene nikogas vo zivotot ne mi docnese, sakam sa napravam.preku krv i.kolku kosta??? Fala
Мила, можеш во Авицена, 700 ден е ако сакаш бета со вредност. Ако сакаш само да видиш дали е позитивна или негативна, можеш и така, поефтино е, али несум сигурна колку кошта. Пуштам среќа да ти биде висока вредност
Со упат од матичен гинеколог е 100 ден и можеш да направиш во многу лаборатории (пр. Синлаб). Ќе ти каже сестрата.
@KayaLena Честитки ти посакувам лесна бременост❤️ Девојки вие последно што сте биле во Њу Борн дали го видовте новиот ембриолог.Јас го памтам него од Ремедика еден млад дечко ама беше многу добар многу го фалеа тогаш во Ремедика во 2015 сум била јас таму.И дента кога го видов на трансфер се зачудив. И баш го прашав викам сега си тука,да вика и јас пред сите му реков и пред Трајковски дека од 2015 памтам дека многу те фалеа.Он само се насмеа и ми посака среќа.Не знам и со Мимоза ембриологот немам лошо искуство ама дента кога го видов дечкото(не ни знам како се вика)знаев дека ке биде овој пат и стварно бидна. @LunaGrey јас освен благи менсструални болки други симтоми немав.Ти ја пуштам цела среќаааа
Јас не го видов ама дечко ми се јавуваше на телефон да ме известува за напредокот на ембрионите,мислам Матевски се презива ако не сум грешка. Многу беше пријатен на телефон. На трансфер не ми се погоди он за жал. Фала ти