@zamce Владимир Матевски е дечкото. За спермограмот тој се јави да не "израдува". Ама ептен фин, се му објасни на маж ми што како ќе треба да прави.
Девојчиња, 8ми ден по трансфер едвај издржувам да не правам тест. Психа ме уби...дури и сонувам. Инаку мнооогу ме болат градите, ама знаат така и пред добивање. Да се надеваме дека не е тоа
Со лесно и ти посакувам успех до крај.Иначе јас бев на краток протокол и ми направи бум во организмот(го правев кај Гуржанова во њу борн-докторката направи све,но не бидна),а вториот пат кај Ивановски на долг протокол и еве бебуш лумпува дома.Иначе имав 39г.и крш организам.Има Ќе ја тагнам @Mimmi39 има искуство.Со успех мили мои
Немој. Поготово не ако си примила стоп хцг инекција. Уште ти е во организмот. Почекај барем уште два дена. Држам среќа
Женички каде да одиме на уролог? Када најбрзо се закажува на приватно? Ептен се заташка ова моето Да одиме на уролог па да го пратам извештајот во фонд и да си чекам после.. Има шанси да ме вратат пак за дополнителни документи бидејќи неколку месеци поминаа.. околу 4 И што витамини почнавте да пиете да си го спремам организамот со време
Кај мене во сите бремености секогаш на прво место ми беше честото мокрење.Му велам на мм трудна сум уште пред тестот да го направам и оп погодував.Ви посакувам успех на сите,одиме до крај нема откажување.
Има во систина и ремедика уролози. Разгледај на нивните веб страни.Закажи побрзо и праќај документи. Во последниве два, три месеца сите барања ги одобруваат, нешто се расположени, побрзај те мислев пред некој ден, едвај чекам да почнеш и ти со постапка
Никако да почнам јас хахха тргнав сите да ве испраќам и да ставам катанец на темава Инаку пиевте ли нешто витамини пред да почнете постапка?
Ова ми беше еден од најстрашните моменти на пункција во февруари.. Ембриологот го запознавме на операцијата од мм, објаснуваше за сперматозоидите. Додека лежев после пункција и го чекав да дојде, преку стаклото го видов др.Мицковски како дојде да се поздрави со него, последен ден му бил на работа и веќе беше облечен да си оди.. Така си поплакав..
Јас пиев, некогаш комплет пренатални а некогаш само фолна. И антиоксиданси (или Биоастин или Убиквинол).
Направи штом не те држи место. Јас на 7ми ден видов две цртки. Но, гледај да биде со утринска мокрача. Ти посакувам две цртки.
Не мора од таа, ми набројаа неколку каде може да има се, за да не лутам,и таа ми беше најблиску до дома
Секоја жена што планира бременост треба да има зголемен внес на фолна киселина. И јод не е на одмет. Не само што пранира или очекува бременост, секоја жена што е во плодни години е згодно да има зголемен внес на одредени витамини и минерали. Добро е за нормално фукционирање на организмот.
А може и бременст да е. Знаеш дека многу вивидни соништа може да се симптом на бременост? Ајде, стискаме палци