Ич небарај симптоми само остани позитивна и релаксирана Можеш од една страна декапептил од др страна бемфола
Ве читам нон стоп за однесувањето после трансфер. Јас не знам,сеуште немам стигнато до таа лекција,се надевам ако господ даде нареден месец,ама морам да ви раскажам нешто од пред 15-сетина години. Имам колешка која беше во брак 3 години. Имаше тогаш 36.После неуспешни 3 години природно да забремени нормално тргна по доктори. Го одбра најдобриот од тоа време др.Лазарески ( добро познат и сега) Систина само што почнувала тоа време со инвитро постапки. Конечната дијагноза беше цитирам “ти никогаш нема да бидеш мајка а и да останеш бремена матката твоја нема да го издржи плодот” Страшен одговор Да скратам,после долго размислување и барање се одлучи за една клиника во Белгија. Тогашен таму познат др за инвитро.Докторот тогашен на мислењето од Лазарески и рекол,кој доктор ти го рекол тоа, цитирам “ти ќе бидеш мајка ако треба јас ќе ти пресадам матка” И сега кога го пишувам ова се ежам После стимулациите,пунктирани се пет јк од кои на трет ден две и се вратени. Да не зборувам за цената на стимулациите,смешни цени...и анестезија локална. Е,сега главното. На прашањето после трансферот и сега др што да правам, рече, ме тапна по рамо и ми рече цитирам “СЕ ШТО СИ ПРАВЕЛА ДО СЕГА, ТОА И ОД СЕГА” Се враќа со авион истиот ден после трансферот,одма утредента почнала на работа,се најнормално,ништо повеќе,ништо помалку. За две недели на работа прави тест и позитивен Денеска има близнаци тинејџери. Кога и да разговарам со неа на оваа тема ми вели,јас нема да те оставам да лежиш. Јас се извинувам што се распричав многу ама навистина сакав да го споделам ова искуство.
Јас и се заборавам на моменти, прееска трчав се бркав со кучето, после 5 мин ми текна што правиш Луна а и скали имам многу дома па сакала не сакала морам да си ги качувам. На работа си почнав од денес. Од симптоми да пријавам дека уште ништо немам, освен ако зевањето не е симптом денеска може зевнав 200 пати. Оваа работа не е во наша контрола и мораме да го прифатиме тоа. Убава вечер женчиња
Девојки, Неколку пати сум го видела фајлот што покрива фондот, но би сакала да знам која доза на супрефакт ви ја препишале. Во Систина сум и денес ми дадоа 11мл, толку следувале
22 ампули од 0,1 мл следуваат Еве листа Читај кај декапептил истото е со супрефакт Едно боцкање ти е 0,1 мл, спремен наполнет шприц е со таа доза.
Te sleduva 2 sisenca od 5.5 a po kolku ke primas neznam jas primav po 0.5 malku poveke primav pa morav da dokupuvam triptofen mslim taka se vikasea...
Ако се шишенца од супрефакт 2шишенца...ако се ко декапептил готови инекции 22 од нив ...се што би надминала се доплаќа
Shto mislite za rezultative i ako moze da mi kazete dali treba vaka da izgleda (spored mene ne,zashto ne gledam ni potpis nitu pak pechat). Ke imam problem vaka ako go pratam?
Ви благодарам многу❤️ Ќе ве замарам со прашања деновиве. Првата (неуспешна) постапка ми беше приватно и со скратен протокол - сега со долгиот и со ваучер се поинаку.
Вие стигнавте скоро до целта ,а јас со мојот психолошки момент дека не можам да се спремам,соочам со моментот на трансфер...не дека имам негативни мисли,ама ги немам ни позитивните онака да пресечам да кажам готово тоа е тоа правиме,успеваме неможам да го објаснам чуството,можеби и некој ќе ме разбере...маж ми едвај чека,а јаа не знам каде се наоѓам
Уште ти е свежо, стресна ти беше ситуацијата и те држи тој стрес. Одмори се сега и не мисли повеќе на тоа,помина. Кога ќе бидес спремна тогаш почни си не се брзај
Кога видов нотификација со прикачен фајл мислев си правела тест и ќе славиме Да се приклучам и јас на модрите стомаци
Ау мислев мојот е модросан твојот ептен партал мене ми е став под папок, гледам ти таму ставаш. Најјезиво нешто ми е папок, не можам ни со прст да го допрамтест мислам дека нема да правам... ако издржаммислам ќе издржам.
Прво. Темата не може да се вика здраво на сите. Второ има тема за вонтелесно оплодување. Трето, на форумов не се пишува на латиница Четврто - за крвта, веднаш на доктор. Не смееш да крвариш во бременост. Поздрав.
И мојот стомак е заникаде . Инаку тестот ми е негативен од сабајле. Се мислев дали да ви пишувам воопшто да не ширам негатива. Дај Боже сите кои чекате да не израдувате Решив да не се сожалувам зашто тоа е најлошо чувство! Не плачев многу Убаво си реков да не кажувам дека правев ivf на никој. Кој се се објаснува сеа па тажни реакции БЛЈАК!
Следен пат ќе биде, само храбро. И ние овој трансфер на никој ништо не кажавме, минатиот пат потешко ми беше на блиските да кажам дека е неуспешно отколку јас што бев тажна. Еден ден и ние ќе се радуваме
И ние овој пат глумиме лудило на секое прашање “кога ќе одите пак”, а веќе почнавме повторно. Многу напорни се прашања, со сожалување.