Ехеее ја чудна" им бев и мораа да извлечат што е работата,за на крај да ми ја најдат "дијагнозата" да не примам некаква терапија?...и тоа ми било и оправдано ми било ,а ништо не ми беше,ама тоа е кога слушнале не до слушнале па да се најдат во муабет
Оф мацо... ама тебе ми се чини ти вратија 6 клеточно од 3 ден, да не е рано? Немој да прекинуваш терапија без консултација со Др. Кај кој Др беше ти? Добро е што имаш таков став и размислување, никако немој да се потресуваш, имаш замрзнати, ќе биде! И не шириш негатива,пишувај ни
Во описот на квалитет пишува N1(C8-G1). Тоа веројатно значи 8 клеточно. Инаку да на трет ден беше кај др. Трајковски. Денес ќе направам и βHCG, па ќе се јавам кај др.
Mila, koga ke bides spremna ke pocnes! Ne se sekiraj, see pominuva, pa i ovaa.. Potrebno e da si se opustis, da si se stabiliziras i pak ke bides kako nova koga e vo prasanje ovaa temaa.. Glava gore i samo pozitivnoo, kolku i da e teskoo, nie sme tukaa
Девојки се сочувствувам со вас,знам дека е тешко ама ете јас едвај чекам да почнам Дали овие модрици се од клексанот или пролутексот? Издржете девојки, после позитивен тест ќе биде супер мотивирачки да се боцкате Инаку јас лани летото боцкав фраксипарини во раце и беше исто со огромни модрици и тврди ми беа рацете, сега ќе се префрлам на стомак
и од двете стимулациите не ми правеа вака ама овие да. депото во газ што ми ги ставаат не ме болат држам мраз 2-3 минути пред боцка,тоа помага,не се осеќа толку иглата. те чекаме ајде и тебе
@Sienna_MK моите се од клексаните, пролутекс само ми прави бел круг што брзо го снемува, после ме боли само боцнатото место ама ништо во споредба со модрициве.
во клексанот има мн воздух. внимавај цел да го истиснеш пред да се боцнеш. пошто од воздух се прават толкави модрици. прво мавај со прстот по шприцот сите меури горе да се качат па стискај се додека не ти прсне течност од горе.
Јас имав Фраксипарини па не сум сигурна дали е исто со Клексаните, но воздухот не треба да се истиснува. Треба да е горе и последен да влезе, само така си сигурна дека ја примаш целата доза и влегува подлабоко во ткивото. Кај Пролутекс се истиснува. Некој со Клексани нека пише, да не правиш грешка?
Баш напротив, воздухот мора да е последен. Ги боцкам точно според упатството, иако пробав еднаш и со истиснат воздух и немаше промена во модрицата.
во клексанот горе е воздухот,доле течност. ако се боцнам прво воздухот ќе влезе и тоа е болно. затоа се стиска и треба мала капка да истече па да се боцнеш. барем така ми кажа докторот,за да немам модрици.
ама наполнет е шприцот и течноста е доле а горе имаш празен простор со воздух. така се боцкаш прво воздухот ти влага во стомак?
Шприцевите чувај ги свртени надолу во кутијата. Пред да ставиш малку потчукни го така свртен надолу, за воздухот да е над течноста и да влезе последен. Едит - штом ти кажал докторот така, така прави. Тие сигурно подобро знаат. А и да се губи една капка, сигурно не е страшно.
Фала ти мила, еве ме мене за уште некој ден, само да добијам прво, се надевам нема да ме фати 2 август Ќе пробам и јас со коцка лед да држам пред боцкање,така ќе биде малку побезболно да се пенетрира Пролутексот и кај мене даваше таков ефект, немаше ништо видливо само болката ја чувствував на местото после боцкање Јас кога боцкав клексани после хистеро, не го истиснував воздухот, исто многу ме болеше, ја местев иглата под агол од 45 степени и броев до 10 пред да ја извадам иглата.Местото после тоа многу ме болеше, неколку минути додека да се апсорбира течноста.Тоа истиснување на воздух некако дискутабилно, сестрата ми рече да не го истиснувам а и на упатството на фраксипарини пишува да не се истиснува.Јас лани го истиснував на фраксипаринот и имав модрици по рацете, сега на клексанот не го истиснував и немав модрици на стомак, можеби бидејќи беа само 7 Сепак нека кажат поискусните
Не, кога се боцкаш прво влегува течноста, воздухот е горе кај гумицата од шприцот. Последен влегува воздухот и служи како капаче, нагласено е во упатството со болдирани букви дека не треба да се истиснува.
Вечната дилема со воздухот во клексан/фраксипарин Едно не ми е јасно, зошто се уште има некои што советуваат да се истисне воздухот или да се боцка под 45 степени кога упатството е децидно дека треба под 90 степени со воздухот на крај..
и јас видеана што ги гледам на јутуб сите ги боцкаат под 90. буквално ко пикадо ги шибаат. и еднаш пробав и мн повеќе ме болеше така. ама па докторот ми рече не мора, дека може под 45 и така да боцкам. абе кога ќе влезе тоа секако се апсорбира,мислам дека аголот не игра пресудна улога за апсорбцијата, битно да влезе
Да @LunaGrey и јас сите видеа што ги гледав и што прочитав по нет се согласно упатството што верувам дека сепак го правеле стручни лица и немало да се нагласува ако е непотребно.. Затоа ти викам ме буни што кај нас е вака лабаво и ти викаат па како сакаш може ама не мора
Јас сум и бев буквалиста и си седев мадро,ако ми кажат лежи јас лежев,ако ми кажат седи јас седев,лежев,мирував(едноставно ми беше страв и бев изморена од оваа битка)едното ивф неуспешно,а второто на голема радост успешно.Така да нема правила.Како чувствувајте така правете си и секако да слушаме доктор и галиме мешко.