Koga slusam vakvi pozitivni iskustva, edvaj cekam da mi dojde i da pocneme so bockanjetooo. Me fakja vozbuda i izmesani cuvstva
Добра сум мила, бројам денови до прегледот, уште 10 од симптоми, што знам, ништо драматично, градите ми се зголемуваат и стомакот си го чувтсвувам како отечен.. Како си ти? Како ти поминуваат деновите? И јас сум за тоа да издржиш за тест..Ги видов сликите од стомаците, твојот и на @Nythia Мој совет клексаните ставајте ги во раце, не се прават вакви модриции.. Пуштам среќа и чекам убави вести
Ми поминуваат брзо,ок сум, 6ти ден ми е... симптом никаков. Ако издржам до викендов ќе издржам и до бета, овие 3,4 дена ќе ми бидат најтешки осеќам
Здраво девојки за колку време ви стасува одговор од комисијата мене ми рекоа побавно идело периодов позз
Мене ми стигна за 6 недели од поднесување. Поспоро оди бидејќи не работела комисијата неколку месеци ... Мислам март и април не работеле (така прочитав тука).
Чекав 6 недели за одговор, моите беа во мај поднесени, сега можеби малку е убрзано, мислам дека секој четврток има комисија.Секако можеш да се јавиш на броевите на секретарите и да прашаш до каде е твојот предмет.Со среќа!
Немам поим под каков степен се боцкам со клексаните/фраксипарините. Како ми е на рака, така... Воздух кога истиснувам кога Не. Мм стално го истиснува, јас ретко. Вакви модрици ко @Nithya не сум имала, а и сама не знам колку инекции сум боцнала. Можеби е и до кожата, организмот Али ајде, ќе поминат. Ќешки до тоа нека е. Држ те се девојки @marijamarkoska Глава горе друшке. Ќе дојде и твојот ден
@Bubce38 јас и да се почешам на нога ми се прави модрица.. Високи тромбоцити, Аспирин, клексани.. Ваљда се си има влијание. Скоро за секое "зошто" кај мене има едно "јебига" така да тоа е.. Камо до нив да е, па и уште толку нека се направат
Поскоро или подоцна , ќе славиме важно Животот е убав, преубав Еден е што е најважно! Да му се радуваме и тогаш кога само мислиме дека сите лаЏи ни потонале
Јас боцкам клексани месец и пол токму на овој начин во стомак и имав само 2 многу мали модрици до сега, без никакви болки на боцкање освен кога пече отпосле. Се исплашив од сликите, секоја чест за издржливоста За првиот месец ми рефундираа само за 1 недела од поднесување, не ми се веруваше
Одлично мила, може да го споделиш твојот начин на боцкање.Како ја ставаш иглата и како вбризгуваш и дали користиш нешто бри боцкање,освен алкохол? И при купување на клексани, дали ги купуваш сите одеднаш како што е наведено на извештајот или по неколку во повеќе наврати? Како закажуваш на трансфузиолог, на месец дена?
Два до 3 прста лево и десно од папок исто како супрефакт, ама истиснувам воздух (може грешам, ама сликите не се забораваат ) мачкам алкохол, боцкам под агол можеби 80 или 70 ми е страв така ко пикадо истиснувам течност полека бројам до 10 ставам памукче врз игла и ја вадам. Тријам некоја минута со кружни движења, пече малку и толку, нема стврднувања, крв или модрици. На гинеколог/трансфузиолог ми пишуваат xxx (хетерозигот мтхфр), барам од матичен да ми напише за цел месец рецепт и ги купувам сите наеднаш со дата од извештајот. Некои купувале на 2,3 пати со тоа што да бидат фискалните со последователна дата, а со еден извештај. Закажувам за следен извештај наредниот ден од последната инекција. Ако е викенд замолувам во аптека (каде што купувам постојано) да купам 1 без фискална па следен ден докупувам и ми ја ставаат и таа, можело и така.
Девојкии алооо што правите вие со стомаците јас со 4 обиди ниту еднаш модринка не сум имала онака само црвенко и после го снемува се зачудив од ова сликиве аууу.... Ставајте облози под хитно ве а ова од клексаните се инекциите? Клексан не сум ставала до сега ме преплашивте...
Ве поздравувам сите и Ви посакувам успех па заедно да славиме. Јас на седми ден имав два фоликули од 17 мм. Примив две бемфоли,една цетртотиде и една стоп инекција. Во четврток правам пункција тоа ми е десети ден, Нели некако многу рано е. Ме чуди за седум дена толку да пораснале фоликулите