@Nithya Те гушкам мила, биди силна само, издржи Ќе ти посакам само пресврт да има во резултатите, па пријатно да се изненадиш
I ja od sve srca ti posakuvam presvrt vo vrska so betata, mozebi seuste e ranoo! Kako i da e, eden den betata ke bide mnogu mnogu povisoka, za sekoga postoji skrtnat denot za ostvaruvanje na ovoj son!!! Do togas ke se borimee kolku i da mislime deka nekogas nemame sila...
@ANA988 нема откажување @Nade-sunrise што не поминавме, па и ова.. @lia22 @NoraMK е тој чкртнатиот ден го чекаме, кога тогаш ќе дојде Инаку за пресврт во петок не се надевам многу затоа што 5 дневен ембрион на 7ми ден по трансфер треба да има бета хцг вредност минимум 1 за да се смета позитивно. Сега да навиваме за тие што се во постапки или чекаат за тестови
Оффф лелее милаа шо те искарав те искарав.. ами со помин да е ке кажам само да е се во ред. Инаку да се пријавам денес бев ма трансфузиолог имав упат за кај Јани Ангелковски али тој заминал на однор и бев кај др Елена заненик беше место него ми рече плус хомоцистин да испитам и обавезно пред трансфер и по трансфер клексан и неофоликми рече немора имприл пошто се многу скапи ја прашав некој замена за нив и така па здравје на зимо ке се спремам ми остана уште витамин д и инсулн да испитам...
Мила и јас бев вчера на Трансфузиологија, прво немаа струја , па некако се организираа да читаат по список со закажани термини, бев кај една друга докторка бидејќи Јани бил на одмор.Докторката не знаеше многу да ме оправи па ми презакажа за 10 август.Дали знаеш случајно до кога е Јани на одмор? @Nithya мила повтори ја бетата, се надева дека ќе има пресврт, барем трошка надеж мора да има Те гушкам силно, модриците мора да се исплатат еден ден
Другарки,едно прашање... за рефундирање на клексани,потврда дека сум ги примала мора од матичен гинеколог или може и од општ матичен?
Само храбро, нема откажување! Инаку потполно те разбирам за тестот, јас сум по карактер многу нетрпелива и паничар, знам дека ни јас нема да издржам да чекам и ќе направм тест првата можна прилика за тоа. Совет - направи кариотип, овде пред некое време девојки споделија инфо дека можело на детска клиника да се закаже. Друго знам дека имаш испитано, вака да се исклучи и можноста проблемот да е во самиот ембрион.
Баш така, првата можна прилика за тест да го скратам чекањето оти осеќам ми го скратува дишењето Ми ги прочита мислите, до сега читав стари постови за кариотип и најдов пост од @Luni дека од матичен зела упат за на детска клиника, и уште утре ќе одам по упат. Имав закажано за 30ти март на ГАК ама ми откажаа Исто се мислам и Систина да направам хсг, со анестезија бидејќи имам ужасно низок праг за толеранција на болка (со лидокаин се мачкам за депилација ) Која знае да сподели која цена би било и како оди закажувањето? И дали е подобро тоа или лапароскопија (ако е можно Чаир)? @Sienna_MK сите овие модрици се за убаво, кога тогаш ќе не огрее сонце
Хсг правев во март во систина, кога ќе добиеш си рачунаш 9 или 10ти ден од циклус кога ти е и се јавуваш да закажеш за тој ден. 6300 ден беше мислам. Искрено мене мн ме болеше ама имаат опција мислам како со аналгезија мислам се викаше, да те зашеметат. Тоа е обична рентген снимка лапароскопија е операција ама зошто да правиш операција на туби? Може да се оштетат тубите или јајниците , да се направи scar tissue од неа. Ептен треба сериозна состојба да имаш па да го правиш тоа.... колку што знам, само тие со воспалени и проширени туби ја прават. И мене не ми се проодни ама ме советуваа да не ги чепкам зошто не се воспалени. А во чаир мислам уште не прават хистеро или лапаро. Има тема хистероскопија ќе видиш колку членки чекаат да почнат чаир да работат, има најнови информации таму.
@LunaGrey јас од хсг дијагностика одма отидов на вадење на тубите ако се воспалени па некако ако може се во едно со лапароскопија Какви мисли имам денес во главава, подобро да си ќутам
Лапароскопија е далеку посложена интервенција и обично треба да има индикација за да се направи - проблем со воспаление на каналите па мора да се отстранат, фиброиди на матка, оваријални цисти и ендометриоза и сомнеж за пелвични адхезии. Процедурата е најчесто истовремено и дијагностичка. Доколку немаш некоја од овие дијагнози, мислам дека доктор не би препорачал. Можеби е подобро да се направи биопсија на матка и ендометријална рецептивност за да се утврди најоптималниот ден за трансфер. За тоа имам читано ама не сум сигурна дека кај нас почнаа и тоа го прават, доколку има некоја членка повеќе инфо, нека сподели.
Здраво девојчиња.. ве молам инфо за втор ваучар спремив документи... Дали мора образеот што го заверува матичната да е со исти датум кога ќе ги носам во фондот? Неможам да се синхронизирам за во ист ден.. Дали образецот е ист како за првиот ваучар? И дали некоја сега поднесувала документи.. до колку саатот работи фзо ? Фалаааа !!
Само што зборувавме со мм за Ера тестот дека го прават во Плодност, и таму ќе се јавам утре да видам како функционира. На нивната страна прочитав дека биопсијата ја праќаат во Шпанија. Мислам се спомнуваше и за Њуборн дека се прави, ама не сум сигурна, може ќе отидам и кај Др. Трајковски на консултации па да видам што ќе предложи тој. Фала ти за поддршката и советите
А како се познава дали се воспалени? Кај мене HSG не е најјасен, некој доктор вели дека се затнати, некој не е убеден, ама никој не спомнал воспаление. Некој препорачува лапароскопија, некој вика не треба, поарно хистероскопија да видиме состојба на матка....и не знаеме што е најпаметно
Мила, јас бев кај матичната да ме внесат во систем на 19.05 а ги поднесов документите на 20 мај.Мислам дека нема врска на кој ден си внесена со ден на поднесување, ти на барањето си добиваш печат на кој ден си ги поднела документите и според тоа ќе те водат во Фондот.Образецот е ист како за прво ин-витро, а не знам до колку сат работат, можеби до 16ч ама не сум сигурна.Со среќа мила па побрзо да ни се придружиш тука со ваучер!!!