Ги пиев 26 дена, одвај чекав да завршам, менструални болки од кај 18 ден, крварење и после последното апче одвај познав циклус ли е или не е Циклус е ако е ден два по последното апче, ми рекоа може да биде и само точки да не го утнам Почнав со стимулации нормално после тоа. За некои ко нас хормоните внатре биле слаби и пред време доаѓа до крварење.
Од одобрување се чека 2-3 недели за да ги пратат? Значи, плус уште 1-2 недели да стигне? Или погрешно разбрав?
Погрешно ...минимум 2 3 недели за да дојде на ред да го разгледаат а може и 5 -6 ради ситуацијава а штом го одобрат утредебта ги праќаат (значи некој ден додека стигне мора да се запази рокот за приговор во случај да треба нешто плус)
Знаеш за колку време би требало да стигне? Јас денес поминав во фзо и ми кажаа дека ваучерот ми е одобрен на 14.07 (поднесов на 10.06), но досега не ми стигнало писмото. Проверив и во пошта, и таму нема пратка на мое име. Не ми е јасно што се случува. Каде да се обратам?
@Mimmi39 исто ни се случи и нас лани. Ваучерот го одобриле на 8.06 (по 5 дена од поднесување!) а ние на 5.07 бевме случајно да прашаме и ни кажаа дека пред еден месец е одобрен. Исто го баравме и во пошта, не го најдовме. Се вративме во фонд и ни издадоа нов лист, ни кажаа дека тој пратениот нема да важи.
Да пишува одобриле 08.07,а добив препорачано писмо на 23 јули, испратено на 22 јули. Пишуваа членките дека имало застој ради изборите и короната со праќање.