Девојки, јас започнав со Gonal F во петокот. Денес ми тестираа хормони и според нив пункцијата би требало да е во недела. Но според ехото треба уште да растат, па после консултација со колегата, докторот реши да ми закаже за вторник. Ме интересира, дали ви прават повеќе од едно ехо за подобро да ве следат? Дали мене ми се погоди продолжен викенд па скокам преглед? Ми е страв да не ја оставаме работава неконтролирана, па ако се утне со проценките да не не испадне најдобро...
Што се однесува до Прегнитуд и Елова, едниот се произведува во Италија и пакува во Еверет лаборатории и е само за пазарот во Америка, другиот се произведува во Швајцарија. За обата препарати има клинички студии со одлични резултати за ефективноста и подносливоста. Ти, зошто мислиш дека е подобар?
Јас не реков дека е подобар, него дека не е исто. Мене ми помогна многу Прегнитуд за разлика од Елова. А ние сме овде да си ги споделиме искуствата, и мислам дека секој од нас бара и гледа спас во секоја нова порака, новост за било што. Ако на некој не му помогнало едно, можеби ке му помогне другото. Така да мислам дека не треба многу паметување на оваа тема и секој би требало да е благодарен ако некој се потрудил да даде некоја информација...
Јас почнав со стимулации на втор ден, на 5ти ден ме видоа прв пат на ехо и ми ги мереа фоликулите, вториот пат бев на 9тиот ден, тогаш ми ги измерија и ми закажаа пункција одма пошто ми беа пораснати веќе доволно. Е ако не ми беа пораснати сигурно пак ќе ми ги мереа. Со ваучерот следуваат 3 ехо мерења.
Јас завршив до микрогинонот во вторникот, од преходниот петок имав кафеави точки , а од понеделникот црвени по неколку на ден од вчера беа поинтензивни а денес веќе повеке. Значи баш така 2до 3 дена после испиената последна таблета
Здраво девојки ја сум нова овде почнав со прво инв и сега ме интересира до денеска пиев микрогинон но исто така веке пет дена примам триптофен 0.1мг. Сега ме интересира дали треба да очекувам да добијам или не ?
Што значи одма, баш одма истиот ден? Или пак ти дадоа стоп инекција па за ден-два? Мене ми доаѓа 11ти ден закажаново. Со колкава стимулација помина ти?
Верувај, сé што сакам овде, е да помогнам најмногу што можам. Треба да се споделуваат целосни и точни информации, за да бидат од корист. Прво, ова е за на тема Полицистични јајници. Препаратот не е погоден за сите, туку се препорачува за жени со ПЦОС. Го подобрува квалитетот на јајце клетките кај нив и кај тие со инсулинска резистенција, но немаат таков ефект кај жени кои ги немаат овие состојби. Второ, требаше да кажеш дека си ги пробала и двата препарата, ама дека со овој си имала резултати, а не дека овде нема ваков препарат. И јас дадов информација со факти. Точно за тие што не знаат, да не се чудат што е. Ако некоја сака да нарача и да проба Прегнитуд, не забранив, но треба да знаат дека го имаме и овде под друго име, споделив и линк да прочитаат, да се информираат за препаратот и на крај, да го купат ако е потребно. Знам што мислеше и жал ми е ако ти од некоја причина си немала резултати од Елова, ама имаме пациентки кои имаат резултат од неа за релативно кратко време и ако сакаме навистина да сме од помош, жениве овде треба да го знаат и тоа и понатаму самите да си одлучат за себе.
Не, мислев денот одма ми го закажаа. За пет дена беше пункцијата,на 14ти ден. Ама ми ги прекинаа стимулациите на 9тиот ден, пошто 30 фоликули ми се направија. Ги оставија да пораснат природно уште 5 дена па пункцијата беше. се на се,само 7 дена примав гонал. Побарај си ехо уште едно ако ти е на мисла.
Јас немам никакви полицистични јајници, а мене ми помогна. И реков дека Прегнитуд го има само во Америка и дека мене ми помогна единствено тоа на 39 год. А не реков дека немало таков продукт. И последно ако имало пациенти кај кои што помогнало Евола, јас само сакав да кажам дека мене ми помогнало Прегнитуд. Така да мислам дека треба да се размислува убаво пред да се пише нешто !
Ани немој да се изненадиш и ако имаш пообилна менструација.Јас имав типична менструација и дури се исплашив дека очекував оскудна.Како и да е нека вроди со плод.
Јас сум многу задоволна од д-р Стојан Органџиски имам успешно прво инвитро. До сега се ми е објаснето до детал на секој преглед кога одам, достапен ми е во секое време доколку имам некое прашање.
Е, тоа де! И јас го кажав истото, треба да се размисли пред да се напише нешто. Не е Евола, Елова е. И мислам, доста се докажувавме веќе.
Јас примав летеозол ги зедов од аптека хигија во Кавадарци ми ги порачаа и самиот ден стигнаа, а да кажам доби се покажаа таблетите