Фала ви женски. Маж ми липташе. Јас солза не пуштив. Зошто знаев дека ќе биде вака. @dunika крв. Бетата ми е 0. 10ти ден од трансфер ми е.
И мене ми се плаче Ти си уште во шок,затоа не си изреагирала.Ако можеш исплачи се,или најди начин да ја исфилтрираш тежината,те чека другото јуначе за некој месец
Мила кога ќе ти дојде исплачи се и гкавата горе ќе дојдат и нашите бебиња ...овојпат не биднало но следнипт ќе биде
Многу ми е жал мила, потајно се надевав дека кај тебе ќе биде Дали ќе ја прекинеш терапијата или ќе чекаш до 14 ден да повториш бета? Одмори се малку од хормони и дај си малку емотивен одмор.Те гушкам силно
Докторот ми рече да ја прекинам. Не знам зошто мораше да биде вака, покриена со терапија, одличен ендометриум и навидум супер ембрион... нема да добијам одговор, морам да се помирам само.
Навистина е фрустирачки вака кога условите се идеални а сепак нема успех Јас од денеска почнувам со Гонал Ф од 200 единици, ќе ги примам 4 дена и после тоа сум на контрола.Мислам дека ти ги примаше истите, да ми кажеш како ја ставаше иглата под кој агол, не ја прашав сестрата а во упатството не пишува под кој агол треба да се става? И за цетротиде, дали го порача од Косово или ги купи инекциите од кај нив?
Па не ги ставав под 90 степена, под 70 малце накосено, ама можеш и вака и така. Најлесни се тие за боцкање и не болат ич. Цетротидот од клиника го земав,2700 ден. е една. Јас 7 примав ама јас сум со високо лх па прилично рано почнав да ги боцкам. Ти посакувам многу среќа и успех мила
Фала ти мила, конечно почнувам, среќа ми подрани еден ден ама многу вреден да не ме фати продолжен викенд Ти богами многу имаш испримано цетротиде, мене ми препишаа 5 па ќе видиме, ми земаа крв денеска да мериме Е2, ЛХ и прогестерон. На сите што почнуваат, лесни боцки па да се радуваме на 2 цртки!!!
Е баш ми е криво..За жал многу пати сум поминувала низ истото..Но сфатив, се е со причина и така требало да биде..Ќе дојде вистинското време
Јас примав 300 и првиот пат ми покажаа во Систина како да се боцнам. Во упатството на Gonal F кое јас го користев си стои агол 45 до 90 степени ама ми покажаа да се боцкам под агол помал од 45. Прашав зошто може и вака, сестра Анета ми рече дека до 1ml можело под тој агол. Јас ова си го сфатив дека секогаш може под агол 45-90 а само ако е помала количината (до 1ml) може и под помал агол. Ги примив сите така и имав добра реакција, значи е ок. Ама секогаш примајте ги како ви кажале таму кај што ве следат. Ова со cetrotide не сум го прочитала до сега, голема ли е разликата во цена во Косово?
Јас го примив гонал под агол поголем од 45 степени, можеби 70-80 степени, не знам дали е згодно под агол помал од 45 степени, пенкалцето некако големо, некако приеодно доаѓа да се боцка под поголем агол За цетродите ми дадоа број од аптека во Косово ако сакам да ги контактирам и да порачам од таму, цената е 33 евра и ги носат до граница, од таму по договор ќе треба да се подигнат или да се купат од Њуборн каде јас ќе го правам инвитрото и цената е 2700 денари. Разлика е 10 евра во цената, тоа ми го кажа сестрата
Помислив и јас дека полесно ќе боцка така ама и ми делува пострашно Ова е фина разлика за инекциите, фала за инфо.