Мислам дека сето тоа е од терапијата. Прерано е за симптоми. Пробај да се опуштиш, прави нешто што и претходно ти причинувало задоволство, барем малку да ги оттргнеш мислите. Те очекуваме со убави вести за неколку дена.
Мила, најбитно е да си опуштена, веќе ти е 4 ден, можеш да се размрдуваш по малку низ дома па дури и да прошеташ надвор.Не мисли премногу на симптоми, поголем дел и немаат никакви па пак имаат успех Ако сепак има некаква узбурканост во долниот дел на стомакот сепак е некаква реакција на матката што треба да значи прифаќање на ембрионот.Мисли позитивно и те чекаме да не' израдуваш со позитивен тест
Zdravo devojcinja, Nekoj da spodeli iskustvo so Hrono Ili keto dieta pred in vitro? Ne sum so nekoi extra Kg ama bi sakala barem 5kg da namalam. Od Mart navamu so Covid I nikakvi aktivnosti kaciv 2-3kg sigurno
Јас не сум на кето или хроно, ама веќе подолго време сум на здрава исхрана, а во периодот од декември до март (пред да почнам со стимуалции) заедно со здрава исхрана практикував и intermittent fasting 16/8 и успеав да ослабам 9 кила. Е сега, јас никогаш не сум имала вишок килограми, напротив слаба сум цел живот - 172см висока и 57кг, ама пред две години стигнав до 64кг со јадење глупости и ич не ми се свиѓаше, па сега со исхраната и intermittent fasting намалив и се вратив на 55кг и така планирам и да останам Јас сум со дијагноза ендо, а сега од скоро време и со сомнеж на ПЦОС и проблеми со инсулинот, така што практикувам следно: - не јадам никакви шеќери, мед, агаве сируп. Кога не можам без благо јадам или правам десерти со чоколадо со стевиа, колачиња од урми и суви смокви и оревчиња, протеински пудинг без шеќер - пробувам без глутен, ама тешко ми оди, па кога морам леб јадам само полнозрнаст леб од пченично, хељдино или пирино брашно со семки, или интегрална тортиља, полнозрнасти овесни снегулки и сл. - не јадам бел ориз (јадам само интегрален), компир (наместо обичен јадам сладок компир кој има понизок ГИ), од тестенини јадам само од наут или леќа. - не јадам млечни производи (во сите диети за ендометриоза читам дека треба да се избегнуваат), како замена јадам кокосова крема (или кокосово кисело млеко со пробиотски култури) и користам растителни млека (бадемово, лешниково, овесно) - јадам многу јаткасти плодови, семиња, мешункасти растенија, многу зеленчук (секаков освен компир и ориз), овошје 1-2 пати на ден. - јадам често риба и поретко морски плодови, а од месо исклучиво пилешко и мисиркино - не пијам алкохол и никакви сокови (зашто морам да го држам шеќерот во нормала). Intermittent fasting во комбинација со ваква исхрана кај мене уште првите десетина дена покажа резултати, а за три месеци ептен, иако дури и го прекршив на 2 недели кога бев на патување каде што не можев строго да се придржувам. Генерално, за да ослабеш најдобро е да лимитираш или доколку можеш целосно од исхраната исфрлиш рафинирани јаглени хидрати и шеќери, а да зголемиш внес на зеленчук, овошје, оревчиња, риба (особено лосос кој е богат со омега 3), пилешко, леќа, грав, грашак, боранија. Е сега ваквиот начин на исхрана што го практикувам ептен мава по џеб, ама си реков ќе се лишам од други ствари, бебе е приоритет
Така си е, само да победиме во нашава борба, па кој што сака нека мисли. Ради коронава ќе земам боледување, така решив. Фала, срцки сте.
И јас јадам 16/8 веќе извесно време. Ама не сум ригорозна како тебе , и глупости јадам некогаш. И маана ми е што јадам ко врабец. И мислам сум во дефицит секогаш со калории. Млечно не јадам, шеќер не ставам во ништо ама си јадам паста,пица и тортиљи и си пијам винце. Сега баш размислував да си го средам малце јадењето, гликозата ми е 5.5 мислам дека не сум ок со шеќерот, а ќе проверам и инсулинска резистенција. Најголем проблем ми е маж ми, што не јаде ништо што јадам јас и морам да се мачам да правам различни оброци, па од мрза ги јадам глупостите што ги јаде он. Ама ќе се стегнам крвната слика иначе ми е супер освен гликозата што ми е на горна граница, и немам вишок кг,56 имам.
Хаха, и ние дома сме со истиот проблем, ко сама себе да се читам - он е голем гурман и ужива да јаде вкусни (и нездрави работи), па кога се готви за двајцата секогаш мора да има две варијанти - денес на пример он јадеше свинско пржено во праз со прилог компир, јас јадев печени ракчиња со сладок компир, делевме единствено салата Он пиеше црвено вино, јас вода Шеќерот ти е на горна граница, кај мене беше на неколку мерења 5.6., на последното дури 6.7. и го направив тестот, инсулинска резистенција немам, HOMA-IR вредностите се во нормала ама имам многу големо лачење на инсулин после оптеретување со гликоза на третото мерење (после 2 саати). Совет на докторот што ги гледаше резултатите (трансфузиолог, на ендокринолог се уште не сум била дека ваму кај што живеам многу се чека да добиеш термин за специјалист) беше да јадам храна со понизок гликемиски индекс, односно никакви производи од бело брашно, обичен ориз и компир. А обожавам тестенини, буреци, тортиљи и јас. Во скоро време открив макарони од црвена леќа и наут, кои се превкусни, па малку ми олесна
Јас живеам во странство, овде од здрава храна има се и сешто, инаку во Македонија кога бев за ин витрото баш чепкав по интернет и ги најдов овие http://www.biocosmos.mk/organic/organski-testenini, ги пробав од спелт (пира) и од наут, супер беа. Инаку мене лично ми се хит тестенини од црвена леќа, дури повкусни ми се од обични тестенини.
Ги има и во ДМ мила,исто и од наут има,како и од грашок.Сите се вкусни,со доматен сос и босилек баш фино се маскира вкусот,а се супер извор на протеини.
@Angie77 во периоди сум ги пробала и хроно и кето, резултати ќе имаш но, не би ти ги препорачала пред процедура. И двата начини на исхрана се прилично ригорозни во однос на одредени намирници. Во хроно покрај другото не е дозволено никакво овошје, а во кето житарици. Немаш потреба од такви радикални откажувања, на телото му требаат сложени јаглехидрати исто колку протеините и мастите. И јас би ти препорачала intermittent fasting, пробај во тие 8 часа да јадеш што посложени јаглехидрати, поквалитетни масти и протеини, и секако овошје и зеленчук. Најдобра комбинација би била медитеранска исхрана 8 часа, и 16 часа без никаква храна. Успехот е загарантиран. @ladystardust твоиве одговори ми се милина за читање. Така убаво објаснето и издржано
Леле како издржувате без јадење, јас морам да имам 3 оброка. Не дека јадам многу, ама ми се фаќа. Ем годините ем хормоните, ужас.
Па во тие 8 саати имаш три оброка и две ужинки Верувај ако се најадеш квалитетно не ти се пријадува после во тие 16 саати. Пример, доручек јадеш во 9, ужинка во 11, ручек во 13, пак ужинка околу 15ч и последен оброк во 17ч. После тие 8 саати смее само вода, кафе без шеќер и млеко, чај..
Јас јадам во 11 доручек, ручек во 15 и вечера во 19. Ужинка може овошје само малку... како што реков- врабец
Аман бре месед дена помина само од како направив кариотип значи можно е за месец дена да се сменат правилата, а логика ми нема зошто....
@LunaGrey мене "ужинки" ми се кризите за чипсови/смоки и најчесто ми се бадеми/лешници. Инаку и мене најчесто доручекот ми е во 11, до тогаш само на кафе со стевиа сум @Luni докторката рече дека од Фондот се налутиле зошто испитувале на возрасни, требало само на деца..
Неофолик мета ми предложи од 04 но денес бев во аптека за да земам и си размилувам овде има само фолна а во имприлот има и други витамини, воедно ги чњкам резултатите од хомоцистин па ке видеме што ке примам . Искуство некое со неофолик мета?