За жал мила не пишува во кој процент е застапен оксидот, јас сега пијам на Синерџи,подобрата варијанта и ќе продолжам со нив.Фала ти на истакнатата информација, вакви детали се корисни кога се пијат витамини
Jas imam uspesen transfer od embrioni od 2 den Sega sum 20 nedela negrizi se ako procenile doktorite deka e podobro da se vratat embrionite sigurno e taka Ako te interesira nesto pisi mi slobodno Ti posakuvam mnogu uspeh i visoka beta
Девојки дане знаете ко да проверам на мој термин резултати ми рекоа дека можам да пеоверам и кај матичен или сама од страната мој термин?
Сама не можеш да симнеш резултати, но може било кој доктор: општ матичен, матичен гинеколог или било кој специјалист.
И јас имав трансфер на втори ден. Второ ин витро ми е, тераме 21ва недела Ако ембриологот дмета дека се во ред ембрионите нема зошто да се одложува. Со среќа!
Мислам дека ти се добри, во реф вредности ти се. Витаминот д имаш умерен недостаток, можеш да пиеш суплемент за него. Ајде женчиња закачувајте побрзо позитивни тестови многу се радувам кога имаме успех
Овие од фонд се секогаш вака дрски или од времето им зависи расположението? Кажете ми кој е понормален да прашам до кај е работата за ваучерот? Се јавив прееска на бројот 016 што завршува, леле како ми се испонаша таа на телефон мислиш ја барам за жирант да ми биде. И така фино се испокарав Конкретно, ми се испоразвика зашто сме се јавувале да прашуваме, ако било одобрено ќе стигнело по пошта. А тогаш зашто постои број за информации, ако се расправаат кога бараме информација Инаку документите ми се пратени пред еден месец, а битно ми е да знам кога ќе го одобрат, за да не ми го пуштат по пошта, затоа што адресата од лична карта ми е од друг град, а таму не живее никој. Се јавуваат ли они воопшто кога ќе го одобрат или како ќе им текне?
Кажи колку е "заразна" темава?! Она ќе ми збори немала сила за понатаму. Ти реков! За некој ден со душа ќе чекаш одново да почнеш Јас само ѕиркам периодов овде. Немам што да пишам, кажам. А и до НГ ништо нема да правам. Дури и мораме да се пазиме со мм Ама ќе ви се уклучувам вака. Колку да не ме заборавите Тел. НЕ се јавуваат, некогаш на меил праќаат. Ех да им е среќа мене да ми се развикаа. Не ги клавај на ум. Следна недела пак да им се јавиш.
Ама ич не сакам да почнам пак Докторот мн ми се разочара и ми рече не се нервирај остај ме јас да се нервирам. Па сега решив да кулирам и да бидам суфлер во темава- главен бодрач,покрај тебе
Па он мислеше нема потреба ама јас си отидов со тефтерот и пенкалцето, со прашања, точки и подточки и сама си се испратив на испитувања генски мутации и инсулин за почеток.Си се испратив и на операција, му кажав дека сум цела фалична... а он е убеден дека јас природно ќе затруднам алал да му е ама на секое прашање од тефтерчето ми одговори, не е лесно со мене.
Мила, пробај да се јавиш на 068, таа некако пофина ми се виде кога прашував за дали ми е разгледан предметот.Инаку и кај мене има ставено две различни адреси, на таа што живеам сега, а не е од лична карта е во центар во Скопје и на мене ми се јавија пред да го пуштат пликото, јас бев лично да си го земам Пробај кај другата секетарка да се јавиш, со среќа!
Како што сум пред добивање, лом ја направив. Наредна недела два пати ќе и се јавам и ќе и потенцирам дека сум таа што се кара на телефон. Решена сум септември да почнеме па ако треба и војска да го бара ваучерот ако го пратат по пошта таму. Оти ако поштарот од сабајле реши да пивне и него ќе треба да го бараат. @Sienna_MK Ставив и јас две адреси, ама не ми се за верување овие од фонд. Сама сакам и јас да си го земам. Ќе вртам понеделник и на тој број И кажувајте која ќе биде во постапка во септември да се дружиме