Гликемијата ти е супер. Витамин Д е најдобро да е околу 40, можеш да почнеш да пиеш од 1000iu дневно, а во меѓувреме консултирај се со доктор, може и да ти даде 2000iu да пиеш краток период. Сега е и лето, брзо ќе се качи
Јас сум пак презадоволна од Др.Петановски..успешно имав кај него ивф.и бременоста ја следам кај него.Ти посакувам мн среќа и успех во наредното кај и да си.
Посакувам да е докторот у право. Нели викаат дека хормоните имале продолжено дејство, фрлете си се вие на работа, дај боже бодрејќи ги останатите еден ден да приметиш дека ти доцни...
Јас примав пролутекс инекции до кај 8 ма ,9-та недела не се сеќавам баш добро сега,а почнав уште пред пет дена пред ЕТ, а и после трансферот.една вреќа полна имаше шприцеви,ноо за арно да е само..@KayaLena И тоа 2х1 да се надополнам
А ти значи веќе беше кај него по добивање на рез. Јас не се јавив, си викам да одморам бар 1 месец па нареден циклус одкако ќе добијам ќе се консултирам што понатаму.
Па не бев да се консултирам за што понатаму. Отидов со прашања и сакав одговори, зошто не ми беше успешно ивфто. И јас планирам да се одморам, ќе направам само 2,3 испитувања што ги немам направено...
Доби ли некакви одговори? Јас си мислам можеби одговорот никој не го знае..проценти се на успешност и тоа е
Па можно е да ембрионот лош, иако под микроскоп изгледаат совршено, може да се хромозомски абнормални. Кај нас не ги испитуваат генетски ембрионите пред враќање. Или можно е од високиот естрадиол. Кога е висок естрадиолот статистички помали се шансите за имплантација. Тоа конкретно ми го кажаа за мојот случај. Ама сепак е нели... среќа. После колку дена доби менструација ти? Пред 7 дена ја прекинав терапијата абер нема да се појави. Имав само два дена малку кафено на бришење и толку.
@LunaGrey јас добив 5 дена по прекинот на терапијата, и имав по обилно од нормално.. а моето нормално е скоро ич, само на бришење во вц. Се мислам дали во нормалните циклуси ми недостасува прогестерон па вака кога примам после имам пообилно крварење.. Јас кај Димитров уште не бев за разговор, се спремам психички бидејќи знам што ќе слушнам. Уште Кариотип да испитам и да си најдам доктор што ќе се замара со мене заедно, и ќе успеам
Јас па обратно од тебе, нормална менструација имам, си тече убаво. А сега два дена кафено накај црно на бришење и толку. Па бар стомак да ме болеше за да знам дека иде... ќе почекам уште некој ден па ќе го прашам Др. Сега ти бил мн здебелен ендометриумот од прогестеронот затоа ти е пообилно. Не мора да значи дека ти фали, само мн ни е набилдан во постапка.
Јас добив по 4 дена одкако ја прекинав терапијата односно на 33тиот ден од циклус. Првиот ден и мене ми беше накај црно а потоа нормален циклус. Инаку во врска со докторите се прашувам дали сите имаат премногу пациенти и не памтат мн. Мислам тешко ќе се најде некој кој ќе ја памети целата историја на пациентката како не би имало потреба ние да памтиме што све требаше да прашаме и да потсетиме
Па не можат да памтат се ама нашиот доктор знаеш дека додека разговара со нас секогаш ја листа историјата. Јас сега кога бев точно знаеше што и како сум поминала.И на вибер му пишувам па секогаш знае со кого разговара. Искрено, мора и сами да си прашуваме,факт е дека многу пациентки имаат. Јас кога сум таму заборавам мн работи да прашам,си ќутев повеќе минатите разговори, ама сеа си отидов спремна со листа. Затоа запиши си и иди спремна нареден пат
Nekoja da spodeli info kolku chesto imaat komisija vo fondot,kako e sega vo ovaa situacija so korona,letni odmori? Informacija nekoja ve molam
@lia22 имаат еднаш неделно. Ти посакувам брз позитивен одговор. Јас овојпат се изненадив, ги поднесов на 14 јули, а одговор по пошта ми стаса за неполни 2 недели, а не сум од Скопје. Претходниот пат чекав месец и пол. Веројатно сега ми се погодило да немаат многу за разгледување или нешто.