Девојчиња, прашање: денес ми е 11ти ден од трансфер, забележав една капка бледо кафена дамка на влошка, и имам грчеви (слични како пред добивање). Имала некоја од вас нешто слично? Не сакам да правам тест, се уште е рано и верувам дека и доцни имплантации се случуваат, па би се поштедила од дупли разочарувања. Се надевам на добро ќе е..
Ако користиш кринон или утрогестан нека не те плаши и кафеавко и билошто...а и се додека е кафеавко не е страшно ништо ајде уште некој ден и чекаме 2цртки
Фала ти Да, користам кринон. И последниве 2 ноќи како потешко да можам да го ставам. Претходните трансфери немав нешто вакво, па се замислив.
Здраво девојки...поздрав до сите.Нова сум на форумов,но ве следам подолго време... Мојата истороја е следна: Во скоро 5 години: 1 спонтан во 16 г.н, ХСГ,хистеро-лапароскопија(дг.десен непрооден канал) 4 IUI,1 неуспешно ivf кое го правев на ГАК кај др Тофоски - секоја чест за него и за целиот негов тим ,максимална посветеност и ангажираност...се најдобро,без разлика на исходот. Чекам 2 ваучер(поднесов на 24.07) ,но не можам повторно да одам на ГАК (а радо би) затоа што немаат ембрио/биолози-они работат на големо на анализа на covid брисеви,така да нема кој друг да им ја врши нивната работа...Накратко,веќе 3 месеци ИВФ постапките се замрзнати... Би сакала второто ИВФ да го правам кај В.Трајковски во Борн,па може ли некоја членка што скоро правела таму да сподели: (Знам дека претходно е пишувано за ова ,но има премногу постови и се ми се измеша) *дали за ивф постапка треба да се прави covid тест * колку чини замрзнување на ембриони *дали и колку се доплаќаат инекции-хормони над предвиденото од фондот-знам дека е индивидуално ама ете,чисто како инфо... Се извинувам за долгиот пост На сите ви ја посакувам целата среќа на овој свет
Закажи си консултација па одлучи си каде ќе го правиш... Замрзнување во Борн е 24.000ден до 6 ембриони за 1год секоја следна плус по 100евра Зависи какви инекции и колку чини 1 ако се надминат предвидените се плаќаат , Хормони ако се надмине се доплаќа (а се надминува 1 2сигг) и терапијата по трансфер се плаќа... позз и со лесно
Девојки дали некој пиел цикло прегнова јас пиев после хистеро и лапаро, колку што знам треба да добиам откако ќе ги завршам, а јас вчера последното го испив ама уште од завчера имам кафен исцедок а и датата од прошли месец ми е сега баш за добивање и имам симптоми. Дали имала искуство некоја? Фалаа ❤️
Јас сум кај него, трансфер кога правев во април не бараа ковид тест. Цетротиде си имав купено 3 од една жена што и останале, а 3 од таму, 2700 мислам беа, стимулациите ми стасаа тие што се од фондот покриени. За се што те интересира конкрентно за клиниката еве пр, за тестот, можеш да се јавиш кај нив, ќе ти одговорат, лично не верувам дека бараат ковид тест. @Sienna_MK може да каже, мислам дека таму беше. Ако нешто плус те интересира, пиши ми овде или во лп. Поздрав и со среќа!
Девојки, помина мојата пункција, извадија 3 ј.к, за жал останатите што беа 14,15,16 мм не се развиле доволно.Сега останува да се молам за моето чудо да се случи @Twins256 , мила јас сум во Њуборн, сега правев пункција и не ми бараа ковид тест, претходно правев и хистероскопија во јуни и тогаш не ми бараа ковид тест.Јас сум кај др.Трајковски, многу сум задоволна од него и од целиот персонал, но сепак ти советувам да си закажеш консултации и да си добиеш лично мислење.Инаку цетротиде јас искористив 6, платив 3 од кај нив и 3 си ги купив приватно, надминав и 6 менопури од тие 30 инекции кои ги покрива фондот.Тоа сепак е индивидуално, лани кога го правев првото ин-витро не надминав ниту една.Ти посакувам успеч каде и да се одлучиш, ако те интересира уште нешто слободно прашај!
Дај Боже мила, сега ќе ме убие чекањево, ама тоа е, само да слушнам убави вести Ти мила до каде си, те нема некое време?
Само позитивно мисли...ти посакувам здрави ембриончиња...и да растат во меше на мама.да биде успешно овој пат
Тука сум, само сум тивка зошто тешко ми оди последно време и не сакам да ширам негативна енергија. Ама ве читам сите и стискам палци за вас
Ајде @Sienna_MK , со среќичка. Дај Боже сите да се оплодат и се да оди како што треба, преку две цртки, па до крај.