Фала ви девојки, веќе ми е подобро, само ние ја разбираме оваа наша мака и голема неизвесност што следи Си ја спастрив терапијата што треба да ја примам до трансфер и сега ќе си чека да ми кажат кога трансфер
Ајде за убаво да е... како помина денес? Јас примив хоримон, тогаш не се плаќаа...сеа ова нај ново им е изглеа? Инаку и ја доплатив околу 30 000 ден.
Фала ти милаИскрено не знам од кога е ова со стоп инекција, сакав вчера да се јавам во Фондот и да прашам ама ај утре од сабајле ќе се јавам да видам што ќе ми кажат, дали тоа важи само за Њуборн или за сите клиники.Инаку добро поминав, анестезијата супер ја поднесувам само што малку бев зашемутена после тоа и ми беше ладно на рацете ама тоа е нормално, сега веќе сум супер, само полесна храна денеска и повеќе течности Јас доплатив 23 300 ден. кај тебе што беше плус, што примаше од терапија?
Јас платив 6 цетротиде,3,4 хормона мериоферти не ми е тука ливчето ,а декапептил не ги примив сите што следат ама си останаа кај нив,све у свему 30 000 плус 24 000 за замрзнување и допрва следува трансфер ајде за добро да е,дај Боже да се оплодат твоите известувај не пуштаме среќа
Со среча да е мила.. Дај Боже сите да се оплодат и се да оди како што треба, преку две цртки, па до крај. Девојки ви благодарам многу на честитките сифе да дочекате на најскоро време
24000 е за замрзнување ембриони, ова во Newborn? Јас баш гледав, мислам дека пишуваше цена 43000. Инаку да ве прашам, за хепатит Б, Ц.. дали може упат од матичен општ да земам, дека гинекологот ми е на одмор?
За тој упат матичен гинеколог ме прати на инфективно, па таму ми напишаа нов упат за хепатит и хив во лабораторија. Не знам дали по процедура е така или нешто се испобуни мојот, ама не можеше да ми даде директно упат. Тоа беше пред целава ситуација со корона. Сега не верувам да праќаат на инфективно одделение за тоа. Јави се кај општ матичен и прашај. А ако гинекологот ти е на одмор, веројатно има замена друг матичен во градот.
Супер мила сите да се оплодат да има и за во меше па и за батко по некоја година ...уживај сега и чекај да ги вратат во меше