Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    259 глас(а)
    15,2%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    197 глас(а)
    11,6%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    58 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    35 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    19 глас(а)
    1,1%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    98 глас(а)
    5,8%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    79 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    111 глас(а)
    6,5%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    106 глас(а)
    6,2%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    310 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    278 глас(а)
    16,3%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    32 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    48 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    9 глас(а)
    0,5%
  1. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.989
    Допаѓања:
    34.678
    Пол:
    Женски
    Моментот е таков и тажен и измешани емоции но тоа и треба да се **исчисти** матката :(
    Мила :hug: следниот пат ќе успееме ќе видиш :hug:
     
    На Luni, Sienna_MK, Nade-sunrise и 8 други им се допаѓа ова.
  2. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    Јас ги порачував од алиекспрес ефтини се таму (lh strips/ovulation strips). Исти се чако тестови за бременост, се чека да се добијат 2 јаки цртки.Некаде пред средина на циклус ќе почнеш да мериш дали лх е покачено. Ако е тогаш следни 24 до 36 часа настапува овулација. Треба да е пропратена со цервикална слуз растеглива како белка од јајце, мал пад на температура, болки нешто слично на благи менструални ден, два. После тоа веќе температурата е качена, нема таков слуз т. е станува погуст од прогестеронот што се лачи, болат градите и следува лутеална фаза.
     
    На Sienna_MK, reni", s.maja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.830
    Пол:
    Женски
    Јас нарачувам тестови од ebay, последен пат нарачав од овие, 50 се вкупно на број, претпоставувам исти или слични има и на aliexpress. Овие се супер, многу се едноставни за користење, а прецизни.
    Инаку овулација приметувам по зголемен волумен на чист, редок, проѕирен исцедок (како белка од јајце) и кратки остри болки во јајниците. Денот кога овулирам во некои циклуси имам и подолготрајна, тапа болка во јајникот кој ослободува јајце клетка. И на тој начин знам дека имам овулација и од тој ден секогаш добивам за 13-14 дена.
     
    На Sienna_MK, natasam, NNA и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Spiritus

    Spiritus Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2017
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    433
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека поминуваш низ тежок период, повеќето тоа сме го поминале и многууу повеќе но имаш замрзнат ембрион и малце позитива дај си, зошто многу никако не можат ни до замрзнување да дојдат. Го пишувам ова заради постовите твои за Гак. Ве замолувам сите понатаму да не давате свои мислења за нешто што не сте го виделе, не сте направиле, за клиника на која не сте ни биле итн. и оставете коментари да даваат тие со искуство свое за нешто. Дали си правела ивф на Гак? Членки пишуваа за своите искуства на Гак и едната е задоволна не затоа што таму ,,била главна" туку зашто и вратиле бластоцисти. Знаеш ли на колку пациентки во Систина им вратиле бластоцисти дури и да се со одлична резерва? Брзаат да ги вратат на 2 ден за да не им пропадне ваучер или пари да си земат за трансвер 700 еур. И бластоциста не е гаранција за успех ама кај пациентки со 5 трансвери и повеќе на 2,3 ден па смени нешто пробај 5ти ден заради рецептивност ако ништо друго и тоа што ќе се клука со терапија 2 недели за нешто што не чини не е битно а да не спомнуваме и за финансии. Пишуваш на Гак апаратурата не била асална и од памтивек а не си ја ни видела е за жал еве зошто има предрасуди на форумов за ГАК. За медиуми ми кажаа и кога прават јавни набавки така да не може да им се од памтивек. Ова го пишувам не заради тие што имаат ваучери секако ќе си ги искористат по приватниве клиники. Што е со оние кои искористиле ваучери и сите финансии ги оставиле по приватните клиники, нема да смеат да стапнат на ГАК па макар и на ехо, инсеминација заради нечие субјективно мислење а не искуство од таму. Јас не прочитав негативни искуства од ГАК од типот било до толку прљаво па да фатиле некоја инфекција, добиле крварења поради лошо изведена пункција, лошо изведена анестезија, скроз утната дијагноза итн.
     
    На Prolett, JanaDarling, _Vera_ и 6 други им се допаѓа ова.
  5. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.830
    Пол:
    Женски
    Ова враќање ембриони на втор ден ич не ми е јасно, пратам форуми и веќе и праксата на враќање на тридневни ембриони на многу места во свет се напушта и се практикува враќање на бластоцисти, дури и по цена до петти ден да не преживее ниту еден од нив. На амерички форуми па читам дека прво прават ПГД, па дури отпосле ги враќаат бластоцистите, значи не ни прават трансфер пред да се направи генетско испитување на ембрионот.
    Во однос на ГАК, јас немам правено ин витро таму, меѓутоа пред 5 години правев операција и имам исто многу позитивно искуство со докторите, сестрите и целиот персонал. Операционата сала беше иста како било која сала во приватна болница, комплетно опремена, стерилна, чиста. Исто и просториите и собите на спратот. Е сега кога ќе легнеш таму на столот додека ти дадат анестезија гледаш околу тебе еден куп специјализанти и студенти кои ја пратат интервенцијата што ја прави докторот и те гледаат расчепатена, ама тука нема што, сепак е универзитетска клиника, така учат :) Од моментот на прием, консултација и преглед кај доктор, преку додатни испитувања, закажување и прегледи пред интервенција, па самата интервенција и контролите после неа, се' одело по протокол, стварно немам на што да се пожалам. Сестрата уште првиот ден ме научи со име и презиме, како за споредба, сестрите во Ремедика појма немаат како се викам, иако сум нивни пациент скоро четири години.
     
    На Prolett, JanaDarling, Sienna_MK и 16 други им се допаѓа ова.
  6. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Ниедна клиника не форсирам, за ниедна немам дадено коментар. Секоја си има и предности и недостатоци. Докторите се тие, истите, само менуваат работни места. Не сум правела ивф таму ама имам две пријателки кои работат на гак и запознаена сум доста работи.
    Си дадов мислење, форум е. Пишав, кој сака кај сака нека прави, јас мое мислење не наметнувам.
    А ако на некој одлуката му зависи од тоа каде ќе прави ивф од ЕДНА моја објава дека гак има стара апаратура, тогаш немам коментар. Мислам дека сите сме доволно разумни и дека истражуваме пред да се одлучиме за негде и собираме мн мислења и искуства.
    На форумов има негативни и позитивни мислења на сите теми, па секој си ги носи сам заклучоците.

    И јас ги пројдов сите америчкк форуми , статии, видеа. Само бластоцисти враќаат и само генетски исправни,пгд тестирани и дури им даваат избор пол да изберат. Во право си. Дури и го исфрлаат fresh embryo transfer од пракса, одат само на frozen, поголема успешност имало според нивна статистика.
     
    Последна измена од модератор: 17 август 2020
    На Prolett, Sienna_MK, natasam и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lilijan7

    Lilijan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Здраво. Јас пред два месеци пишував дека имав проблем со хормоните имено, ми се пореметија најверојатно како резултат на примена терапија при ивф на спонтан циклус. Е2 тогаш ми беше околу 100. Овој месец направив нова проверка на хормони, вака ми излегоа:
    ФСХ 8,5 mIU/ml
    Е2 69 pg/ml
    ЛХ 6,0 mIU/ml
    Прл 10 mIU/ml
    ТСХ 2,3
    Што мислите дали овие хормони се добри за ваучер или да чекам уште да се спушти естрадиолот? Знам тогаш дека некој постираше некој правилник дека Е2 не треба да е повисок од 60 или во спротивно ќе бараат АМХ, а не би сакала да го испитувам во моментов затоа што ќе треба на приватно, на државно сеуште не испитуваат.
     
    На Luni му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DTN

    DTN Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    1.007
    Пол:
    Женски
    Баш сум разговарала на темава во Ремедика. Зошто не воведуваат ПГД, ERA, NK cells test, и слични дополнителни испитувања/методи што се честа пракса во странство. Одговорот што го добив е дека размислуваат за воведување, но и дека тие се прилично скапи методи (со исклучок на NK cells што и не е така скапо) и мора да внимаваат за тоа кои методи ги воведуваат како стандардна пракса земајќи во предвид дека имаме МК стандард и тоа уште повеќе би ги зголемило и така високите трошоци за IVF. Воедно не би биле потребни кај секој пациент. Ако јас се прашувам, би требало да ги има како опција во секој IVF центар, па секој според можности, препорака и дијагноза, да се одлучи дали ќе ги прави или не.

     
    На solzicka.solzicka, Prolett, Spiritus и 9 други им се допаѓа ова.
  9. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Баш така, мора да ја има таа опција. Подобро пари ќе дадам на пгд, отколку да дадам пари за трансфери на неисправни бластоцисти на пример. Може ќе дадам 1500 € за три трансфера и баш тие ембриони да не се исправни и ете пропаднале финансиите. Подобро тие пари ќе сум ги искористела на пгд. Треба да имаме избор па сами да одлучиме.
     
    На solzicka.solzicka, Prolett, Spiritus и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Twins256

    Twins256 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2020
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    @Spiritus Апсолутна поддршка!!
    Инфо од ГАК: Сега си дојдов од консултации од кај др Тофоски...ИВФ и инсеминации до нова година сигурно нема да има...Јавните набавки за таа цел биле спремни,значи се спремаат луѓето...но сепак ивф нема да има затоа што ембриолозите се наменети за друга цел-ковид.Друго, ке се чека многу зошто посетите за пациенти се многу редуцирани,а ние сме врзани нели со рокови,трето кадарот е редуциран исто ,така да ке нема замена на доктори-сестри пошто нели се може да се случи(така налага министерството за здравство, не се тие виновни)
    Си добов едно убаво објаснување што и како ке се случува...така да кој чека за таму за било што,нека не чека,нека го фаќа патот на приватно...А чекале доста пациентки...
    Јас си добив срдечен прием од докторот,(со прерходна најава нормално) си попраивме здрав муабет и ми даде совет да си терам во Борн или кај Димитров во Ремедика...сепак го одбравме Борн и ке терам таму...

    ВАУЧЕРИ: во следниве 10 -15 дена не чекајте одобрување (сега тие што чекаат веќе 3-4 недели можда и ке ги одобрат...) ...Тофоски се врати од одмор,но сега од денес одат други две докторки... пред да почнат годишните и принудните одмори на докторите(нели го редуцираат-пренаменуваат кадарот) ми рече дека секоја недела се одобрувале,но сега имале доста насобрани документи за разгледување и потпишување,така да ке се чека..тоа е...не е до нив...последниве месец дена комисиите не комплетни..
    Јас поднесов на 24.07, ке го добијам за 1 недела...

    Пак се изнапишав многу...:drunk:

    Убав деннн!!!:hug:
     
    На Luni, Prolett, Spiritus и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    За АМХ прашај на Клиничка биохемија дали има моментално реагенси. Јас во јули таму испитував.

    @Twins256 Имав пишано и предходно, не им ја разбирам логиката на одобрување. Јас поднесов почеток на јули, а дури во септември ќе биде предметот на разгледување. Значи точно два месеци ќе поминат.
     
    На Broki5, tina2018 и DTN им се допаѓа ова.
  12. Twins256

    Twins256 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2020
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    @reni" ..eве и јас од алиекспрес ги нарачав, 50 ком ovulation test i 10 ком pregnanci test..ефтини се ,незз колку беа точно...можда $10
    Тестот за овулација почнував да го користам од 12 ден од добиено,па се до 17 ден кога најчесто ми покажуваше 2 цртки на 15,16 или 17 ден..по сле тоа истото на следен циклус...
    20200817_103808.jpg

    @Nade-sunrise ..таков одговор добив...они можат да седнат за 8 работни саати да ги разгледаат сите предмети за 1 недела што се поднесени...не се 1000 сигурно па да не стигнат...ама тоа е,државна работа..ке чекаме
     
    Последна измена од модератор: 17 август 2020
    На reni", Prolett, natasam и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Кога сака нека стигне ваучерот, веќе не се оперетувам со тоа. Премногу нерви ми се трошат на нeпотребни работи. Јасно ми е како работат, ама тоа е тоа. Еден ден ќе стигне :D
     
    Последна измена: 17 август 2020
    На Prolett, Stressed Out, s.maja и 2 други им се допаѓа ова.
  14. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    @Sienna_MK како си мила?до каде си,бидна ли трансферот? те нема.

    @DTN правеше тест?
     
    На Prolett и Sienna_MK им се допаѓа ова.
  15. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Другачки некој да правел ера тест во Плодност,цена и искуство?
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Twins256

    Twins256 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2020
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    @Nade-sunrise така ееее... се утепавме од чекање за све,та за уште 2 недели за ваучер....само позитивно мислење и се ке биде:muscle:
     
    На Prolett, natasam, s.maja и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Lilijan7

    Lilijan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Значи, мислиш дека со овие хормони што ги пишав погоре ќе ми бараат да доставам и АМХ, така?
     
  18. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Не знам за тоа искрено. Не сум многу упатена.
    Ти пишав за ако случајно ти треба АМХ да испитуваш каде да се обратиш на државно, за да не даваш пари на приватно.
     
    На Prolett и Lilijan7 им се допаѓа ова.
  19. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    5.831
    Не ти е многу покачен естрадиолот за да ти влијае премногу на фсх. Вистинската вредност не би ти надминала 12 колку што го бараат од фонд. Мислам дека можеш да ги пратиш вакви.
    Едит: дали ќе ти бараат амх зависи и колку години имаш, независно од хормоните
     
    На LunaGrey и Lilijan7 им се допаѓа ова.
  20. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Нема да ти бараат АМХ евентуално ако си над 40 години (можеби ќе побараат) иако вакви какви што ти се хормоните се ок, само не се сеќавам убаво дали границата за TSH беше до 1 или испод 3. Јас немам таков проблем ама знам дека има некоја толерантна вредност за ивф.
     
    На Sienna_MK и Lilijan7 им се допаѓа ова.