Немам над 40 години. Инаку и хормоните секогаш ми биле во ред, естрадиолот на 3ти ден ми бил максумум 50-60, не повеќе. Малку ми се пореметија најверојатно поради примената терапија за ивф на природен циклус кое го правев (го правев на мое барање инаку, не по совет од докторот). Затоа мислам дека уште ќе ми се намалат и ФСХ и Е2 во следните циклуси, но за да не чекам, мислев да прашам тука за мислење или искуство ако вака се добри да ги поднесам за ваучер за да не ми истечат други документи кои ги имам. Ви благодарам многу за мислењето.
Си закажав консултација ка Влатко во Борн...ај со Господ напред!!! Чисто за инфо,до петок е на работа,после е 2 недели на одмор,се враќа на 7 септември...
Ајде со среќа, од лично искуство кажувам многу добар избор. И јас сум кај него. Фала многу на инфо, јас баш сакав сега да правам трансфер ама ова со одморот изгледа нема да можам.
Друшки со лесно на новите позитивни и на сите во постапка им посакувам успех Јас се подоправив психички и полека почнав со испитувања и собирање на документи. Сега сум во фаза на размислување дали да продолжам кај Лазаревски или да идам у Плодност. Знам дека секој е случај за себе и индивидуално е со кој доктор ке ти се поклопат коцките, само еве чисто инфо од ваше искуство во Плодност. Благодарам
А не е припремата за трансфер околу 2,3 недели? Освен естрофем и прогестеронска поддршка се дава нешто пред трансфер? Негде читав дека се прима и декапептил.
Зависи од протоколот што ќе се одбере...(колку што разбрав кога прашувавме уште пред некој месец...)може од 21ден да се примаат и инекции и естрофем а може и без нив
@LunaGrey Зависи со каков трансфер се оди, ако е со контролиран се почнува од 21 ден од циклус. Јас почнав со триптофем, се боцкав па скоро до трансфер, околу пет дена пред трансфер престанав. Почнав со естрофен од денот кога добив.Прво со помала доза, па после ми ја зголеми.Со прогестеронска подршка почнав пет дена пред трансфер. Сега на последниот преглед имав циста и сум на терапија со микрогинон. Докторот ми рече дека може да се почне со триптофем и од прв ден на циклус. Доколку пак се оди на природен циклус тогаш не се почнува со триптофем или декапептил. И може да се почне со прв/втор ден од добиено.И тогаш процесот е значително пократок.
Мене докторот ми рече дека во мојот случај преферира трансфер на природен циклус дека имам редовни овулации, и да дојдам на ехо дури 8-9 ден да следиме фоликули и овулација. Тука гледам дека повеќето, особено вие во NewBorn добивате припрема за трансфер, циклусот ви е контролиран и почнувате многу порано. Ни од терапија немам појма што ќе ми дадат. Девојки, некоја да сподели (успешен) криотрансфер на природен циклус?
Секогаш е најдобро да се оди на природен циклус, ова ми беше исто кажано и од страна на докторот но кога се е во ред. И јас имам секогаш редовна овулација но кој мене проблем е прогестеронот, многу брзо се зголемува и доведува до презревање на ендометриумот и неуспешна имплантација. Секогаш е добро да се оди со контролиран циклус тогаш кога постои некој проблем.Во Њуборн не секогаш се оди со контролиран циклус, со докторот повеќе пати се обидувавме да одиме на природен циклус без терапија, но секогаш ми се јавуваше проблем со прогестеронот и бевме принудени да го одложуваме трансферот. За жал мојот криотрансфер заврши со биохемиска, нека споделат членките што имале успех на природен циклус.
оди на преглед, може ќе ти дадат терапија за регулација на циклусот и пукање на цистата,...претпоставувам дека е циста,...толкав фоликул на 10-ти ден нема. Од задебелениот ендометриум е, без грижи. А каква терапија примаше за на природен циклус, имаше трансфер? Терапија за после трансфер?
Од стимулации примав мерионал 4 дена, еден ден мериоферт и три дена примав цетротиде. Терапијата после трансфер ми беше како и при класично ивф: естрофем 2х2, утрогестан 3х200, декортин, фраксипарин, аспирин.
Во правилникот мислам пишуваше ако е над 60 естрадиолот има 2 опции или АМХ над 1 или број на фоликули над 5. Ако на некој извештај од ехо имаш број на фоликули ок е. Инаку со тсх последно вредност 4 добив ваучер изгледа само да е во граници наведени на нормала ги интересира. Јас на фсх 5,8 и естрадиол 20 поднесов амх (беше 2,80 правен на клиничка биохемија за 250 ден)ама поради годините за секој случај не дека бараа. Иако мислам дека многу малку ти е покачен естрадиол над таа граница и не би требало да прават проблем. Со среќа.
Мила само што се прибрав дома, во Борн сум уште од 12 ч ама многу трансфери денеска па додека да дојдам на ред. Генерално за мене многу чекање, овие 5 дена неизвеснос голема, од 3 ј.к, две се оплодиле ама побавно се развиваат до 5 ден, само сепак њ добро што се развиваат пропорционално. Денеска ми вратија една морула во меше, с едното го оставивме до утре, ако стигне до бластоциста ќе го замрзнеме. Не знам зошто моите побавно се развиваат? Ја прашав Мими ембриологот она ми објасни дека таква им е природата, не значи дека се неквалитетни. Сега останува да уживам 2 недели, ми направија шема за движење,јадење и боцкање на депо со пролутекс. Од утре веќе станувам за депо да се боцкам кај нив Фала ви на сите за поддршката, многу голема неизвесност до сега па и до утре, ама решив да кулитам, како треба така ќе биде. Ве гушкам сите
@Sienna_MK Ајде девојче,само напред...Дај Боже да вроди со плод...сега уживај,кулирај,читај некоја добра книга,гледај филмчиња,мозокот на пасење... Едно ембрионче ама вредно... Ти ја пуштам сета среќа на светов!!!! За 2 недели да не израдуваш со позитивна бета
Сега 2 недели уживање па убавина од цртки на крај. Дај Боже и тоа утре да си е супер за замрзнување. Ако не ти е тешко да ми пишеш за споменатата шема на движење.. јас сум кај нив исто, ама за движење немав многу посебни препораки. Има ли нешто посебно што нагласија, или пак има потреба од посебен пристап во твојата ситуација- мислам на некој спец. проблем или нешто?
Јас пред неколку години бев кај Лазаревски на приватно 9јк од кои 2 се оплодија 1 стаса до трансфер и на крај негативна бета. Објаснување нема така требало да биди. Јуни трансвер во Плодност на инсистирање на Таше поднесов документи преку ФЗО 9јк од кои 2 се оплодија 1 стаса до трансфер сега сум 12 недела. Со среќа за каде и да се одлучиш
Со лесно и со успех! Со лесно бременоста! Малку е чудно од 9 јк само една или две да се оплодат. Дали кажаа нешто за квалитетот? Степенот на зрелост? Машки фактор? Сега не е ни битно штом имаш позитивен исход, но дали нешто спомнаа барем во Плодност. Сепак, 9 е супер бројка.