Сестрата беше ептен фина, едно 15 минути слушавме предавање со маж ми, навистина се изненадив од пристапот бидејќи они секогаш брзаат, затоа се' им е напишано на лист и само поминуваат набрзина.Оправдано бидејќи чекаат и други пациенти и сега имаше гужва ама сепак добив поопширно објаснување.Сестрата ми направи разлика во пристапот од лани кога правев ин-витро, тогаш лежев 2 дена во кревет, јадење во кревет и само станување до тоалет, примав пролутекс, после од 3 ден почнав да станувам по дома да се раздвижувам тогаш отидов пешки во Борн (30 мин бавно пешачење) за да примам депо, храната ми беше и тогаш лесна, ориз тава со зеленчук, овошје, салати , цедени сокови ,супи, чорби тоа останува и сега, ми напомена да не јадам пици, тестенини, газирани сокови што може да ми ја стврдне столицата и да имам запек, бидејќи и тогаш се грчи матката и не е добро да се напнуваме.Јса ова го знам, уште пред ин-витро сум на лесна и готвена храна, но сепак она имаше трпение пак да ми повтори.Разликата од лани е во пролутексот и депото, утре станувам да јадам на маса и да се боцкам со депо кај нив, 19.08, одмор од прогестерон, 20.08 имам за боцкање пролутекс дома, после тоа пак ден пауза од прогестерон па пак следниот ден депо кај нив.Ми рече и покрај тоа што примам аспирин и клексани да се раздвижувам по дома, на ембрионот му треба добра циркулација за имплантација.Одприлика тоа беше, но искрено до сега не сум имала ваков пристап. Има некои што одма после трансфер следниот ден се на работа или прават комбинации, они не се за да се лежи цело време ама ете да нема драстично лежење со денови и после тоа одма станување, вака постепено и по малку. Се надевам ти објаснив, јас немам никаков проблем ама ете многу заблуди се прават околу трансфер, дали да се лежи цело време и сме во грч и паника ако мрднеме малку Јас сум сега опуштена и ќе си терам како ми пишале, па со Господ напред да се израдувам на две цртички, ќе пишам дали успеала шемата Едит: да напоменам дека и диазепам од 5 мг имам за пиење за разлика од лани, сега пред трансфер испив една таблета и следните три дена треба да пијам пред спиење, лани го немав ова.Ми објасни и клексанот како да го боцкам на раце, се штипнува кожата на трицепсот, се држи, иглата под 45 степени се боцнува и после се пушта местото и се насочува иглата нанагоре и се вбризгува течноста да се појави меурче, после се вади иглата и се држи благо со алкохол.Така не се правело модрици, јас ќе пробам со маж ми така , па ќе видиме, стомакот веќе тврд ми станува и не можам ниту иглата да ја боцнам во кожата, многу тешко ми оди, па затоа решив да сменам и на раце
Клексан се боцка под агол од 90° и после не се пребришува со алкохол. Јасно е назначено во упатството.
Знам мила, цело време се боцкам така во стомак(сспоред упатството), само што сега ми е тврда кожата на стомакот па сакам да сменам, чисто да пробам друг пристап.Модрици немам на стомак, ама не знам зошто толку тешко пробива иглата
Сакам уште нешто да прашам, за тие што пијат метформин за регулирање на шеќер, дали останува терапијата и после трансфер, мене докторот не ми ги исклучи а во упатството читам бремени жени и тие што дојат да не го пијат освен ако доктор не им кажал? Ваше искуство
Да мила во упатството така пишува ама јас и двете инвитра во Систина ми рекоа дека може и 45 степени и еднаш таму сестра Анита ме боцна и она под 45 степени. Баш јас и неа и докторот ги прашав и ми рекоа дека може и помал агол.Мене лично 90 степени мн ме болеше.Сега размислувам да не сум направила грешка и за двете инвитра ама така ми кажаа
Не верувам дека е нешто страшно, ама кога во упатството вика 90°, јас така терав. Ми нема логика сестра подобро да знае од производителот.
На некој начин не е природен, туку модифициран циклус. Не се за така лоши хормоните,...но најдобро во фзом побарај да се слушнеш со некој од комисијат, за вредноста.
Јас го боцкам клексанот после трансфер и сеуште...во стомак под 90'...немам модрици Се појавува повремено али не е страшна и за ептен брзо време поминува
Фала ти мила, ми олесна, маж ми ме збуни малку, а кога прочитав во упатството пишува во консултација со доктор, а мојот доктор не ми го исклучи од листата .Фала ти уште еднаш!!! Немам ни јас мила, само ме интересира дали кожата и кај тебе е позадебелена и дали имаш проблем со пробивање на иглата? Дали боцкаш на долниот дел од стомакот?До кога треба да го примаш?
Е имам проблем да...на долниот да...2..3см.под папокот а и лево десно...веќе ми скисна да се боцкам искрено да ти кажам...а и пролутекс ги боцкав 2х 1....сега веќе не.али ќе издржиме се.храбри сме
Мила ти се боцкаш со 2 пролуткс секој ден? Немаше депо вклучено? Те разбирам за клексанот ама ќе издршиш, до кога треба да ги примаш?
Пет дена пред трансфер и после трансфер некаде до кај 8..9та недела се.боцкав со пролутекс да.депо не.ама биднаа веке не ги боцкам.дај боже да е добро до крај кај ситее. A клексанот ќе видиме,треба сега скоро да проверам д-димери со хемостаза.
Јас еве 10 дена во нога горен дел ама многу боли,многу повеќе од стомак и се прават модрици ама се многу мали.
So lesno mila,so uspeh i mnogu brzo da ti pominuvaat denovite do test ❤ Ti pushtam srekja i navivam za visoka beta