Фала девојки, јас веќе си уживам, дождот ми прави атмосфера и сега уште филмче кога ќе си пуштам ќе биде комплетно уживање Верувам дека брзо ќе ми поминат деновите, малку по дома, малку надвор и за 2 недели тестче
Zenski dali dokolku se pocne so zemanje na Mycrogynon od 2 den na ciklus znaci deka postapkata ke bide so dolg protokol?
@Sienna_MK земај го метформинот се до позитивна бета (ДАЈ БОЖЕ) па после консултирај се со докторот. Јас ги пијам веќе 3 години (со pcos сум) од 500мг,2 на ден,ги пиев и за време на постапката и после трансфер... Кога го прашав мојот матичен до кога се пијат ми рече до 3-4 месец на бременост може!??Се зачудив,ама ај си реков докор е знае што збори.... Сепак консултација со докторот после бетата... Сакам да те прашам (а и другите членки што го пијат) дали имаш промена во столицата? Јас имам и тоа доста,можда и 3-4 пати неделно знае дијареа да ме фати... која е една од нус појавите и болки во стомакот
Фала ти мила за советот, имам докторка која ми ја води тироидната и шеќерот,пијам глукофаж од 500 мг по едно на ден, ги пијам веќе 2 месеци и сега за сега е супер, не сум приметила никакви промени во столицата,тоа беше во првата недела кога го пиев докторката ме праша за нус ефекти.Ќе има контрола пак, се надевам после позитивна бета Инаку ти сигурно треба да отидеш пак на контрола, кога последен пат си била? треба да го известиш твојот доктор за овој проблем или евентуално ако си сменила исхрана?
Здраво девојки, Мене 2 недели по пункција стомакот ми е уште многу голем. Болки веќе немам (повеќе како некоја напнатост), ама сум голема ко после четврти месец. Знам дека може да потрае, ама нели е ова многу? Или може и хормониве си имаат удел (примам естрадиол, прогестерон)?
@Sienna_MK Море матичниот (сега бивш матичен, го сменив) за еден стап е... Си ги пиев јас, добро ми беше, и кога останав бремена (во 6 недела спонтан) ги пиев..ама после извесно време замисли ми ја зголеми дозата на 850 мг 2 пати на ден...си реков овој шлакнат е...пиев 1 недела...шанси нема,ми се врти,главоболки,гадење...тогаш бев во процедура на прегледи на ГАК ,се спремавме за IUI, др Тофоски ми рече никако толку и ми напиша упат за ендокринологија одма истиот ден отидов да испитам (тоа беше февруари 2019) TSH,fT4 ,insulin , gluc. ...све во нормала...Совет-да си продолжам да пијам метф.од 500 ама по 3 пати на ден(ова го има пишано др.Снежана Марковиќ од ендокрин.) Јас драга,терам по 2 на ден од 500 мг,а некогаш по 1 пошто сум заборавила,нели Така да контролата е "под контрола" ...ама јас више не можам да ги пијам заради столицава и сега во петок ке се консултирам и за ова со Влатко,па ке видам што ке ми каже... Ама ако морам,тоа е..ке ги пијам...за бебе уште што нема да пробаме
Здраво девојки, нова сум на форумот ме интересира сакам во среда си ги поднесам документите во фондот па дали знаете за колку време ги одобруваат. И како сте задоволни од Ремедика од Др.Петановски. ♥️
@Avgustina2020 Поздрав...обично за 2 до 3 недели, ама сега со ситуацијава до 10 септември тешко...имало доста предмети за разгледување кои бајаги време чекаат (и по 2 месеца ) така да ништо не се знае... Со среќа!!
За првиот дел не знам точно да ти одговорам.знам сега поради ова срањето наречено корона,извинете за изразот,има членки што по многу време чеекат одговор.А во врска со Др.Петановски сум мн задоволна дури и презадоволна.Имав две ивф не успешни во др.клиники,кај него трето успешно.Работи детално,стручно,го објаснува секој чекор што како зошто,што не ми беше јасно ми разјаснуваше...еве сега сум 16та недела,ја следам кај него бременоста.Одличен човек и доктор.Ова е се разбира мое мислење од мое лично искуство.
@Sienna_MK со лесно овие 2 недели, наздравје трансфер, и ти посакувам да споделиш убави вести наскоро
Не знам зошто ти ја зголемиле дозата, претпоставувам имало индикации за тоа.Јас шеќерот мора да го контролирам, ќе видам што ќе ми каже докторката кога ќе отидам на контрола.Најдобро ендокринолог да прашаш за доза
Одлично што е формирано здружение, треба преку здружение да се делува, да се собираат потписи, петиции да се преговара на највисоко ниво пред се со министерот за здравство. Особено сега кога се беше запрено(ни една комисија не работеше,не можеше да се оди во странство за ивф макар и со потврда од клиника итн) а мајчинството е поврзано со годините на жената. Само како никој од здружението да не пишува тука има ли други активни форуми за ивф? Постојат начини за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите а во 2 здруженија што ги знам нема чланарини не знам за други. Чланарината е смешна ама без активност од нивна страна излегува дека доброволна донација треба да дадеме а на тоа ретко која од нас ќе се сети покрај секојдневните нервози со кои се соочува.New born ke ти наплатат за 3 еха 100 еур и попуст после ќе дадат од 1500 ден за хистероскопија од 30.000 ден смешки. Муабетот ми е да се насочи здружението кон попотребни активности а не кон смешни попусти и членовите ако имаат интерес од тоа здружение и повисока членарина ќе плаќаат.
Јас дознав случајно, начекав емисија на телевизија каде зборуваа за здружението пред некој месец. Колку што прочитав, основачите се поранешни IVF пациентки и нема шанси да не го знаат форумов. Зошто не се активни по форуми и други медиуми за масовно информирање стварно не знам. Спомнаа дека само што го формирале здружението, се случи пандемијата и им откажале многу состаноци и планови. Откако се зачленив не сум исконтактирана со некои новости. Ајде да дадеме шанса и да видиме како сето тоа ќе се развива.
Ти благодарам многу на деталниот опис. Имав 2 трансфери досега и иако добро ми беше објаснувано и упатството со терапијата беспрекорно напишано, сепак ова ми звучи многу поелаборирано. И јас имав (за трансферот со замрзнат) имав дијазепам. Имај ги најпријатните две недели