@Sienna_MK на своја рака ми го зголеми матичниот,без никаков преглед и ја будала ги пиев 1 недела..арно што си прашав на ГАК..после ендокринолошките испитувања(тоа што пишав погоре) покажаа дека се е во ред и дека нема потреба од зголемување доза толку многу...само +1 апче ми додадоа..значи по 3 на ден од 500мг....ама јас 2 пијам...па што биде нека биде..им кажав на ГАК,ми рекоа ок терај така,можеш и по 2...еве терам така веќе година ипол...и тие 2 ми сметаат,ама тоа е... Јас немам шеќер,само ПЦОС...
Фала ви девојки, ве чекам и вас побрзо да ми се придружите Од денеска веќе станување за боцкање со депо Девојки, ја слушнав најубавата вест сега, ембриончето продолжило да се развива до бластоциста и сега ќе го замрзнат Какви убавини, си имам и јас сега едно замрзнатосреќата е преголема!!!!
@Sienna_MK Одличнооо!!!! Браво !!! Пуштам среќаааа.. Ке биде се како што треба,ке видиш,само напред!!!! Господ е голем!!!
Знаев мила дека ќе успее. Ептен убава вест, а најубавата вест ќе ја чекаме тука за две неделиМислам дека е време да ни се разубави форумот со убави вести
@Twins256 @Sienna_MK јас ги пиев до 14та недела, се пијат како заштита од спонтан, кај оние со пцос шансите за спонтан се доста големи. Инаку дијареа имав и јас повремено.
Супер девојче, тоа ќе биде братче или сестриче на ова првово, ептен ми е мило за тебе, си една од најпозитивните личности на форумов ај само потсети ме, ти беше со слаби резерви?
Како да ти кажам мила, се водам со слаби резерви, имам АМХ 2,22 мерен во март месец 2020 имам антрални над 5 и на двата јајника, реагирам на стимулација ама не се развиваат во голем број, два пати вадам по 3 ј.к и имаме по два ембриона и лани и сега, единствено што сега замрзнавме. Овој пат пиев и многу суплементи и пиев глукофаж од 500 мг ама пак истата бројка, најверојатно тој ми е лимитот ама сепак сум среќна што сум до тука стигната. Господ е голем, верувам дека сите ќе не награди Фала ти за поддршката, тука ми е позитивата, секоја позитивна приказна ме радува, да не има во се’ поголем број!!!
Каде испитувате микробиологија деновиве, во Пролет немале реагенси за кламидија а во Институт за јавно здравје имало гужва заради ковид испитувања ?
Изгледа во многу градови нема реагенс за кламидија. И кај мене вчера немаше после чекање 1 месец и само таа на приватно ќе ја пратат 1200 ми наплати матичниот за неа. Не ми се одеше пак и да ја чекам само неа
Na 11ti den beta 80.80 Na 14ti 181.1 Denes 20ti den beta 24. Utre na pregled. Na radosta tolku ocigledno biohemiska e.
Многу добро те разбирам, и јас имав биохемиска само кај мене беше помала вредноста.Од друга страна сепак е позитивна работа, се случила имплантација, ама зошто не успееало не се знае. Затоа следниот пат ќе успее. Само храбро, ова е борба и само силните успеваат.
И јас се зачленив во здружението. Ги има и на фејсбук Здружение До бебе по патот на ИВФ, можете да си видите. Ги објавуваат сите чекори кои ги превземаат. Имаат и писма со барања,меѓу кои фондот да ни одобрува 6 наместо 3 ин витра итн. Но колку сето ова ќе се слушне знаеме како оди работава. Иако добро е да не има повеќе и да бидеме погласни во барањата.
Многу ми е жал мила, бетата на 14-ти ден убаво се качила, се надевам докторот ќе ти даде некакво објаснување.Биди силна, те гушкаме силно! Кое ин-витро ти е по ред?
Жал ми е Исплачи се и главата горе. Истото го поминав со бета хцг околу 50, која не растеше. Уште веднаш ми кажаа под 100 бетите ретко се успешни. Знам колку те боли. Но има надеж, имало имплантација. Следниот пат ќе биде успешно. Јас успеав по биохемиската