@Sienna_MK prvo ivf mi e. Devojcinja vi blagodaram na podrskata Da se izraduvas pa da se razocaras mnogu boli, poloso od negativen test...zosto ne uspea? Zosto se otkaza? Teski se prasanjata bez odogovor...
И јас слично овој пат, за жал. Само многу помала бета. На 14ти ден 14.9, на 17ти 9.72. Прв пат имам биохемиска. Претходните 2 трансфери немаше воопшто имплантација, бетата беше <1. Ќе пробам да го сфатам како некаков исчекор, ако воопшто може така да се нарече. И како еден вид пресвртница. Ќе менувам се' и најверојатно пак ќе аплицирам за ваучер. Само малку оддишка. И продолжуваме.
Исто случај со прво ин витро и докторот ми рече ако е ти е за утеха ова е добар знак. Беше во право. Понекогаш матката имала способност да ги препознае генетски лошите ембриони и сама ги отфрлала. Следниот пат ќе биде успешно.
@Alex* што и да е ,ке помине..само напред ,глава горе,..знам,тешко е,но денес ти е дозволено плачење,од утре веќе не...Со нови сили понатаму... Најбитно од се е дека се имплантирал ембрионот..јас ни тоа не дочекав.......само позитивни мислииии!!!
Баш ми е жал, исто беше и кај мене.На 12ти ден ми беше 18, но дефинитивно е добар знак.Да се надеваме дека следниот пат ќе ни биде успешно
Да мила, јас го пијам метформинот цело време, пред ,за и после трансфер без престан.Сега сум во припрема за трет обид и останува терапијата со метформин.
Фала ти мила за инфото, си продолжив и јас да го пијам после трансфер Ти ја пуштам целата среќа за следниот пат да биде успешно, трета среќа!!!
Ne se otkazuvaj , bidi pozitivna i ne se voznemiruvaj... Se sto e nase ke dojde... Se ke bide, ke dobieme polni race radost. Jas veruvam i se nadevam... e guskam silno i bidi hrabra
Ее и мене ме интересира за брисеви, каде има/нема реагенси, Микро и Пролече? Пред 6_7 години јас бев кај кочо димитровски, во хемолаб...чудо работи ми испита, дека кај него на приватно.
Дечки, прашање: дали сте имале исклучително болни гради после неуспешен трансфер? Претходните 2 трансфери болката ми беше нормална и сама се повлече. Денес ми е 19ти ден од трансфер, вчера добив први знаци на циклус. Градите се уште ми се многу болни и топли. Не толку отечени како претходните денови. Имам висок праг на болка, но болката овојпат е значителна, и на допир и сама од себе. Топлина се осеќа исто и на допир и сама од себе. Посебно рано насабајле и навечер. Терапија не примам никаква веќе 3 дена. Биохемиска бременост. Не успеав на нет ништо да најдам за инфо. Совет од некој со слично искуство?
Од прогестеронот ти е мила ќе ти помине. Јас немав сега болни гради. Ама во овие две години додека пробуваме, 2,3 пати имав толку болни гради што дури и до плачење ме доведоа. Жешки, отечени , мислам дека и ми пулсираа од болка. Едно видео што го гледав од приказната на жена што поминуваше низ ивф, и кажуваше на својата докторка во еден разговор дека некогаш така и се случувало во периодите кога пробувала ,со градите, и дека била убедена дека е трудна, и докторката на тоа одговори- дека телото очајно и се обидувало да затрудни. Првото ивф и беше успешно и тогаш немаше никакви симптоми. Сигурно ти лачело телото природно повеќе прогестерон па и плус поддршката... ќе ти поминат.
Јас, само кај мене немаше ниту имплантација. Месец дена после неуспешниот трансфер имав неподнослива болка во градите, па и на преглед бев кај матичната, и антибиотик испив, и на приватно ехо отидов во центар за дојка бидејќи не можев ни да спијам ни психа да смирам.. Ми рекоа дека нема ништо, од терапијата со прогестерон имало зголемена сензитивност, ми траеше еден месец пред да се смири болката..
@LunaGrey @Nithya Фала ви! Не ми било досега до волкав степен, па се замислив. Да не си прам Dr.House сценарија
Имав и јас биохемиска бременост. Болки ненормални, само кетонали ја смируваа. На крај завршив со киретажа бидејќи не можев да ги издржам болките, а и плодот не се исфрлаше. Не знам каква е твојата ситуација, но секако консултирај се и со доктор за ситацијава.
Јас имав ужасна болка после биохемиската и тоа само во едната града, а никогаш претходно не сум имала болни гради. И никогаш до сега не сум почувствувала таква болка.Толку се исплашив што мислев дека е нешто сериозно ама за брзо време се повлече. Верувам дека е нормално од целата терапија што ја примаме за време на трансфер.