Јас документи поднесов почеток на јули, а на ред за разгледување ќе бидат почеток на септември. Последно кога се јавив комисијата беше на одмор трета недела.
Само да напоменам ако имаш проблем со тубите или ако сопругот има астенозооспермија или азоспермија или било каков проблем со мобилноста (испод 30%) нема потреба од инсеминации. Тоа најдобро ќе ти го каже матичната или на ГАК кога ќе правиш ХСГ ќе си прашаш. И да дополнам: - ХСГ мораш да имаш - ХИВ и хепатит тест за двајцата - Копија од твојата здравствена книшка (првите две страни) - изјава на нотар за вонбрачна заедница - за слики искрено прв пат слушам.
Може и вонбрачна заедница со изјава од нотар, а може и сама како деловна жена да поднесеш барање за ваучер ако немаш партнер.
Ние сме со азооспермија, јас немав правено хсг.. Ни одобрија. Претходно, во разговор со др. Младен од Чаир, ми рече ако имаш хистероскопија не ти треба хсг бидејќи сте со машки фактор. Според него (а и тој беше во комисија) мора да се има бар едно од тие.
Здраво девојки, се надевам сите сте добро. Јас ќе почнувам со 2ро инвитро и од терапија ми дадоа Decapeptyl, а потоа ќе треба да примам Cetrotide и Gonal F. Од суплементи ми дадоа метилфолат и фемибион. Ме интересира дали сите инекции одат преку фонд. Исто ме интересира дали можам со упат од матичен општ лекар да испитам пролактин, или мора да земам упат од гинеколог. Дали би било добро да се направи тест за инсулинска резистенција со оглед на тоа дека инсулинот ми е 5,2 од можни 6,5 со оглед на тоа што не ми варира, односно на сите испитувања ми е иста вредност. Во дилема сум дали да направам микробиолошки, последните ми се од 30.01. Докторот вели дека нема потреба. Извинете за долгиот пост, ама тие се прашањата кои ме мачат.
Cetrotid не се преку фонд ќе треба да ги платиш . Една е околу 2600-2800 ден. За брисеви немаш потреба и така ќе пиеш антибиотик после пункција. А за инс.рез не знам дали сега да правиш, и да имаш, што ќе смени? Треба да пиеш барем некое време терапија па за да намалиш, а ти веќе си почната.Пази на исхрана, не јади благо , тесто и преработени производи. Пролактин мислам само од гинеколог може.
5.2 вредност на инсулин на гладно е супер вредност, оптимално е да околу 6. Резистенција на инсулин е препорачливо да се испита доколку имаш ПЦОС, или ако постојат и некои други индикации (покачена гликемија на гладно, висок холестерол и триглицериди, прекумерна телесна тежина и индекс на телесна маса). Во спротивно нема потреба.
Јас исто имав проблем со тироидата многу тешко ми го откриа дека тоа е проблемот еден месец пред да почнам со ифв докторик ми го зголеми количината на Еутирокс и другиот месец почнав со постапката примав триптофем и останав бремена природно затоа што тsh mi се намалил на 2 и се оккажа ифв постапката
Ти благодарам. Сите вредности ми се во граници на нормала. Значи да испитам само пролактин и тоа ќе биде тоа, бидејќи ми беше малку покачен.
Девојки ги исчитав сега сите коментари од вчера и како да се гледам себеси во нив. 37 години, 6 години борба, хипо-хашимото, инсулинска резистенција, инсиминации, две неуспешни инвитра, една биохемиска.....многу прашања а малку одговори на крајот. Не да е тежок патов, претежок е.....многу жртви, многу откажувања, многу грижа на совест(зошто порано не почнавме...), многу грешки (млади сме има време...) несвесни обвинувања, чувство на безпомошност, на лутина, на болка, тага...... Ама еве сум стојам на нозе и се спремам за "трета среќа" И сите вие стоите на нозе, сте успеале да надминете се и пак да се борите.Само тоа имајте го на ум, дека и покрај се вие стоите на нозе, можете и ќе успеете. Плачете кога ви се плаче, цел ден ако треба, на глас изговарајте ги најголемите стравови, викајте кога ве боли, повлечете се некое време, бидете тажни, лути.....ама нема откажување. Јас си зацртав дека ќе пробувам се додека имам можности финансиски и медицински, и нема да запрам какви и да се разочарувањата, зошто на крајот на овој пат сепак имам уште една последна сигурна шанса, да си посвојам детенце. Дај боже сите да се радуваме од денес натака, една по една сите, тоа ви го посакувам од се срце.
Не сте почнале порано бидејќи тогаш друго било приоритет. “Млади сте и има време” не е грешка, туку така сте размислувале во тие моменти. Гледај овие грижи на совест да ги оттргнеш од мислите бидејќи нема потреба од нив, само дополнително те оптеретуваат. А кога правиш ивф треба да си скрос опуштена. На 39 год останав бремена. За се’ што претходно сум правела, не се каам: патувања (службени и приватни), кариера....и тоа е важен дел од животот за што не треба да си ставаме грижи на совест, иако и јас се обвинував во одредени моменти и си барав грешки. Остани така храбра додека да дојде денот со две цртки, а ти посакувам што поскоро да успееш. 37 е супер бројка да се биде мајка . Секој е со своја животна приказна.
Фала ти на убавите желби. Иако со многу сили се трудам да бидам и позитивна и храбра. Знам дека сите тие мисли се нерационални, ниту вистински, но се појавуват кај сите нас кога поминуваме низ разочарувањата од негативнине резултати.Само гласно си размислувам, за да ги освестам и да ги спречам да ми ја крадат радоста. На овој пат нема откажување.Убаво е вака кога може човек да сподели и види дека не е сам, некако товарот станува полесен за носење.
Ај да ве поздравам и да посакам успех на сите кои сте или ќе почнете со постапка. На новите трудници им посакувам лесна како песна бременост. Ве читам редовно. Во секој пост се пронаоѓам. Свашта пројдов и јас. Од денешна перспектива би рекла - внимавајте да не се 'изгубите' во лавиринтов. Биткава за бебе знае да биде немилосрадна. Би ве замолила т.е би повторила. само појќе да внимамавате на вашето здравје, со партнерот да си посветите повеќе време еден на друг, да уживате и да си ја чувате и негувате љубовта меѓу себе. Верувајте тоа е најважно во нашава борба. Никој од нас не знае кога ќе дојде крајот на нашава 'голгота'. Затоа мора пред се да си го чуваме здравјето. Со успех девојчиња Откажување нема! Но, давајте си и повремени оддишки.
Se sto pisa da, no i od mazot i zenata krvna slika so glikemija.. mikrobioloski briesevi ne postari od 6 meseci
Da ama mene mi rekoa i od mazot krvna slika so sedimentacija i glikemija ok, moze ima izmeni, jas vo juni podnesov