Најдобро да се јавиш на докторот или сестрата. Ако си со истиот протокол како и јас, Декапептил не го прекинуваш за цело време дури трае постапката. На пример јас почнав со Декапептил на 21ви ден од циклус, се јавив кога добив мензис, на 3ти ден од добивање направив проверка на Естрадиол и почнав плус со по 3 ампули Фестимон дневно, ама Декапептил си го продолжив. За разлика од претходните мензиси, овој ми беше со енормни болки ...но, сепак точно на време.
Се јавив на сестрата, рече денес да се боцнам, па утре ако имам обилно крварење да се јавам да закажеме за преглед. Јас почнав од 23 ден(вчера), ама ете многу рано почнаа симптомите за добивање. Каде го правеше инвитрото, кај кој доктор? Се јавив, утре треба пак да се јавам за да видиме што да правиме, а денес да се боцнам.
Сум имала и јас од микрогинон минимална количина на кафеав исцедок пред да добијам циклус, додека уште сум ги пиела. Иако циклусот секогаш по завршување на таблетите ми бил со послаб интензитет и потемна боја, секогаш го разликувам од само исцедок со боја. Кога ги заврши таблетите? Циклус треба да добиеш во рок од 3-4 дена по земање на последната. Тоа за што пишуваш мене ми изгледа дека било само мало крварење.
Со декапептил обично продолжуваш до пункција, нема врска што си добила во меѓувреме. Јави се одма во клиниката дека ако добиеш, треба да почнеш со стимулации од втор или трет ден.
Пишував пред некое време за истото, ваљда си видела ако си читала стари постови. Антиксиданси исфрлив и јас, односно доктор сам ми ги исфрли кога ми воведе Имприл, а додатно пијам витамн Д3+К2 и магнезиум.
Ти благодарам на споделеното искуство, денес ми е петти ден од последната испиена таблета. Ова што ми се појави беше повеќе како исцедок со кафена боја и толку. Се појави на трети ден по последната таблета. Никогаш не ми било вака, а ме загрижува ептен дека следниот циклус би требало да правам трансфер,
Консултирај се со докторот обавезно, можно е и да е циклус иако ми е чудно да е само еден ден. Не знам какви циклуси имаш обично, јас имам многу обилни, со микрогинон исто ми траеа 7 дена, ама беа со помал интензитет. Инаку пошто апчето го пиев 6 месеци пред ИВФ, такви мали крварења имав повеќе пати и во различни фази од циклусот.
Chitav po forumot ananas,vit.E,jatkasti plodovi i pochnav da primenuvam.Probaj i ti,a sekako konsulturaj se i so doktor specialist za problematikava
Витамин Е можеш да го пиеш, после неколку часа, добар е за ендометриум и сосема различен од витамините растворливи во вода, кои ги има во Имприл.
Закажав пункција во четврток. Докторот генерално задоволен од број на фоликули, ама ми искоментира дека ендометриумот е задебелен. Ми предложи доколку добиеме ембриони трансфер да биде на смрзнати. Кое е вашето мислење и искуство за трансфер на смрзнати и свежи ембриони?
Jas imav cokoladna cista, me pravea operacija, pred operacijata gi piev microcinon od 2 ili 3 den od ciklus i posle operacijata imav malku krvaranje, nekolku kapki 1 ili 2 dena ili posle nekoja nedela mi dojde
И на мене така ми кажа др Иначе јас да се пријавам,среда сум на контрола да видиме состојба и почнувам припрема за трансфер. Која терапија ја користевте пред трансфер со замрзнати. Јас имам едно и прв трансфер
Да, да прочитав. И јас го најдов истото за Имприл на интернет. Ама не беше на официјалната страна на Партеноген, туку на страна на британска фирма за онлајн нарачка и се однесуваше на Имприл од Pharmasure. Едноставно сакав потврда директно од производителот. Особено и за магнезиумот.
Без разлика, станува збор за истиот суплемент со истиот состав, препораката е директно од производителот. Инаку и јас го контактирав директно Партеноген, зашто имав и некои дополнителни прашања. Сепак е скап препарат и сакав да се осигурам дека го пијам правилно и дека не ми е само така даден. Прво нешто што тој ми напиша за комбинацијата на суплементи со Имприл беше дека организмот не е пица, па колку повеќе состојки додаваш, толку е подобро. Толку сакаме да успееме што земаме на своја рака да пиеме се што ќе прочитаме, не мислејќи при тоа дали се тие суплементи конкретно за нашите состојби или не. Исто ми пишаа и дека МТХФР мутациите не се страшни се додека хомоцистеинот е на нормално ниво.
Така е. Често на своја рака се почнува со суплементи. А не се земаат во предвид многу нешта, не само дали се за конкретната состојба на пациентката, туку и правилно комбинирање на внесот на суплементите како не би ги поништувале меѓусебно позитивните ефекти. Ама од друга страна човек ќе проба практично се' ако тоа на крај би резултирало со позитивен исход. На крајот, сепак останува секој сам за себе да одлучи. Мене дека еден доктор ми ги препиша едните, друг Имприлот, па сакав да се осигурам дека нема да се негираат позитивните ефекти на Имприлот, кога веќе се дава толку пари.
Имам не многу обилни циклуси и кратки, но ова дефинитивно не беше циклус. Докторот само што замина на одмор и сега полудувамФала ти многу на подршката. И јас имав порано, исто ја оперирав. Се надевам да добијам барем покасно. Фала на споделеното искуство.