Воопшто нема зошто да полудуваш или нервираш може да ти е и оскуден циклусот од апчињата да не те чуди тоа... Додека е на одмор док...можеш и едно ехо кај докторката да направиш да ти олесни дали е циклус или само онака па ќе добиеш нормално... без грижи у секој случај
Фала ти многу, навистина многу ми значи подршката.Ќе почекам уште малку па ако не се случи ништо најдобро би било да закажам во тој случај кај докторката.
Девојки, Д-р ми кажа 6 недели пред трансфрер да примам Декапептил Депо инекција од 3,75, но таква не можам никаде да најдам ниту во Берна во Чаир, ниту во Марија Фарм ниту во Систина во аптеката. Дали некоја земала и би знаела каде можам да најдам?
Се извинувам што се уфрлувам, но јас обично ги пијам после доручек 1 саат.. Немам некое посебно правило точно во колку саат
Слично како тебе, после доручек 1 таблетка Имприл. Гледам да помине барем 1 саат, некогаш и 2, ако се зафатам со нешто. После 3-4 часа од Имприл пијам Mg, вит. Е и Q10. После ручек земам вит. Д и вечер витамин Ц, Б-комлекс, Б6 и Zn. Во текот на денот, кога ќе ми дојде, јадам по 2 бразилски оревчиња (оревчињава и цинкот поради тироидната, всушност цинк земам два пати во денот, преку Имприл и подоцна пиединечно). Пред легнување 1 капсула омега-3.
Навечер, пред спиење, околу 22:00 - 22:15. Имам аларм за него Мене така ми рекоа да го пијам, бидејќи имам проблеми со спиење, и ми помага да заспијам, па немам потреба да пијам и мелатонин. Саат време претходно пијам и магнезиум, а јадам максимум до кај 20:00 - 20:30. Генерално не се зема со храна и на гладно, идеално е некое време после оброк. И препорачливо е секој ден во отприлика исто време (ова се се' информации кои ми ги даде производителот). Едит: Инаку Имприл ми е даден за мутациите и проблемот со нарушениот метаболизам на инсулин, односно за блага форма на инсулинска резистенција за која не е потребно да се пие метформин и инозитол.
Девојки, упат за испитување тромбофилија на МАНУ дава матичен гинеколог или општ матичен? Ќе ја тагнам @Luni, знам дека пред некое време она таму испитуваше генски мутации.
Мила матичен генеколог ке ти даде упат да гласи за тромбофилија, ама да знаеш треба да ти земат крв на друго месо зашто таму не зимаат т.с. Имало само еден што знае да боцка ако не е на работа тој ке нема кој да те боцне.
Јас го земам помеѓу два оброка. Гледам секој ден да биде отприлика во исто време. Но најмногу ми зависи од тоа кога сум појадувала. Се водев според упатството.
Дали имаш ендометриоза или аденомиоза и кој доктор ти ја дава? Во Бугарија сигурно ја има таму ја ставаат подолг период 3-6 месеци за вакви состојби пред трансвер еве и тука ја ставале ама кратко претпоставувам од друга причина.
Имам миом. Можеби се сомнева докторот да не е и некоја таква состојба. Треба да ставам една па да одам по 28 дена на ехо да ме види дали е ок состојбата за да правиме трансфер. Ама не знам дали ќе најдам за овој циклус, веќе добив денес. Може ќе одморам зашто веќе ми е мака и од трчање по лекови. Да си дадам барем 2 месеци пауза после неуспешно ivf. Инаку кај Д-р Трајковски сум.
Девојки дали некоја од вас има скоро порачувано лекови од Косово, каква е ситуацијата? Може ли да се земат?
Мила мене ми рекоа дека може да се нарача телефонски и после носат до граница. Јас требаше цетротиде да купувам ама си ги купив од тука, не ми се малтретираше воопшто. Еве ти бројче, пробај и преку ФБ ако може да пишеш или вибер
Девојки прикрај сум со документи за ваучер а кажете ми ке ми треба ли од генеколог 4д 3д јас имам крвна слика,хепатит б и ц, пап тест, брисеви, сето тоа ми е ново планирам од лани лапаро и хистеро да ја пратам пошто да имат увид за каналите дека ми се отстранети мада што и за вториот ваучер им ја пратив, спермограм за сопругот хепатит и хив а ова 4д немам ново дали да правам или од пред 6 месеци да им пратам?