Јас примив 6 инекции, 3 земав од Борн а 3 ги купив од една феминка Тебе ти кажаа колку треба да примиш? Јас лани примив 4 сега 6, зависи од стимулацијата
Со лесно нека ти е мила Јас исто примав гонал ф од 200 5 дена па ми намалија на 100 и после менопур примав. Каде ќе го правиш ин-витрото? Инаку за церотиде не се знае колку, лани ми рекоа 5, јас толку купив а примив 4, џабе одење за Косово, а сега не знаеја до последното ехо колку ќе примам па испаднаа 6
@Sienna_MK А зашто до Косово? Ги нема кај нас...или разлика во цена има...прашувам чисто да знам да не ми ги дадат и мене,да знам што да правам,затоа.... Позз..
Во Косово се 33 евра или 2030 ден, кај нас се 2700 ден, сепак има разлика во цена, ама треба точно да знаеш колку ќе примиш и плус да се организираш како ќе ги земеш од граница, јас овој пат не се организирав, дирекно ги купив од тука, 3 беа по цена од 2700 а 3 по цена од 2100 ден од една феминка. Ако можеш да се организираш поефтино ќе ти дојде ептен
@Luni Немаш потреба од хистеро-лапаро после прв ваучер...чим ти одобриле еднаш значи веќе си им однела,знаат они... А што се однесува до 3д,4д ехо...незнам дали тие имаат рок,прашај го матичниот...можеш да си направиш ново, чисто да видиш дали во меѓувреме се случила некоја промена во матката... @Sienna_MK Е фала ти мила на инфо...да знам... Богами 11 евра од инекција не е малку...за до граница не е проблем,блиску е. Не знам што ке примам.На 07.09 ке се видам со др Трајковски пак,па ке ми каже се што треба... Фала уште еднаш
Со лесно мила во постапката и да вроди со плод, и јас сум кај него, таман го фатив пред одмор Има разлика во цена ама веќе на 2-3 ехо ќе ти каже дали и колку ќе примаш
@Sienna_MK Фала ти..и јас ти посакувам успех...ке успееме сите А за што всушност се примаат тие инекции? Јас во првата постапка примав само decapeptil i fostimon... Посебна некоја стимулација се? Баш ке изгуглам,ама добро е и овде да прочитам искуство во врска со овие инекции...Можда се пишувало понапред,ама не сум сретнала...
Сега прочитав на нет...истата функција како decapeptyl ја имаат,но сепак зошто не decapeptyl туку cetrotide?
Тие се мила за да спречат да не пукнат фоликулите додека истовремено се стимулираат за да раснат со инекции, многу се битни и затоа се толку скапи, просто кажано не дозволуваат да отиде работата за џабе боцкање, со нив се држат под контрола фоликулите докторот си има поголема контрола Со декапептил немам искуство, не знам за што се, нека кажат поискусните тука
@Sienna_MK Истиот одговор го добив и за декапептилот кога ги прашував докторите при првата ивф постапка...спречуваат предвремена овулација..спречуваат прекумерно лачење на Lh хормонот..буквално истата функција... Само едните се на товар на фондот а другите не...нема разлика..исти се...затоа прашав....
Ти благодарам. Мене сеуште не ми се вклучени, ја прашав сестрата рече дека најверојатно 4 ќе примам, не се знае сеуште. Почнав со постапката, а докторот ми е на одмор.
Не е исто. Декапептил се агонисти. Цетротид се антагонисти. Агонистите се користат во долг протокол, антагонистите во краток. Агонистите ти ја гасат хипофизата во долгиот протокол, затоа се боцкаат први, не настанува природна овулација. Се е исконтролирано. Антагонистите се боцкаат во краток протокол после (5,6 ден од циклус па натаму) стимулациите,природната овулацијата не се спречува, се спречува само да не се случи овулацијата прерано пред да созреат убаво фоликулите. Барем јас така имам сфатено.
@LunaGrey ...Фала на одговорот...може..така е...ова има разлика..но јас бев со краток протокол,а примав декапептил-агонисти... Не се разбирам многу во овие инекции,баш ке го прашам докторот,но во секој случај тие најдобро знаат зашто ги даваат тие или овие инекции. Сепак,фала уште еднаш на објаснувањето,ми стана малце појасно,а се надевам и на останатите членки кои имаат дилема во врска со ова...Поздрав,добра ноќ..
Јас обично научни истражувања читам онлајн и така го имам протолкувано. Може сум грешка. Краток протокол се почнува на 2 ден од циклус одма со стимулации. Ако си примала декапептил недела-две пред да почнеш со стимулациите - тоа е долг протокол. Без разлика дали си пиела контрацепција или не пред декапептилот, пак е долг протокол. Сепак прашај го Др, најдобро ќе ти објасни тој Убава вечер и на тебе
@Sienna_MK од сите информации што ги изнапишавме,заборавив да те прашам како си? Како се чувствуваш? Се надевам дека се е во ред... Поздрав!!
Мене ми ги даде докторот уште пред да испитам генетски мутации, да бидам покриена со витамини. После кога испитав и тоа, ми рече да си продолжам со истите, поради фолната. И еве веќе година ипол ги примам без престан.
Добро сум мила, фала ти што мислиш, одмарам повеќе, помалку се движам, во понеделник ќе правам тест преку крв