Мила продолжувам со клексани и пролутекс на 4 ден и прогестерон депо на 4 дена и кринон гел пред спиење. Мислам ова дека е стандардна терапија за следни 2 недели после тоа ќе видиме Фала ви уште еднаш на сите, Господ е голем и ќе не награди, извинете што ме чекавте, во Борн многу касно ги даваат резултите после 15:30 ми се јавија а после тоа ми требаше време да се соземам
Мила имаше симптоми, прв ден само гасови, неверојатно следните денови ми пораснаа градите за еден број,болни на станување, на спиење, на носење прслук, стомак отечен и пулсира цело време, ко нешто да се развлекува внатре, ама не е природно, јас имам рамен стомак ама ова и на гладно е отечен и пулсира, градите едвај ги допирам. Тоа сум јас, за другите не знам ама ми се повторија од лани истите симптоми и потајно се надевав и ете испадна меше Едит: заборавив да пишам задишаност при секое седнување, макар и до тоалет и поспаност и замор, не можам да стојам долго ниту да пешачам долго
Специјално се уклучувам за да видам вести од тебе. И знаев дека ќе бидат позитивни Со лесно да си ја износиш бременоста мила. Ептен се израдував. Честитки од срце
Честитки девојче, со лесно да си ја износиш бременоста, како и сите цел ден те чекав и конечно со најубавите вести еве те Ти посакувам да уживаш во наредните 9 месеци