Па може и ќе почнат да се средуваат државниве, само се плашам да не имаат одложени операции кои чекаат на ред. Искрено не знам, оди до кај матичниот ќе ти каже дали и каде има термини.
Ми треба информација каква е состојбата во Њуборн за консултации. Сакам да закажам наредниов период но ме интересира дали ќе не пуштат и двајцата со сопругот, зошто тој има повеќе отворени прашања од мене.
Јас имав таков миом, половина внатре во ѕидот на матката, половина надвор, супсерозно - интрамурален миом. Најверојатно и твојот е таков штом докторот ти предложил да се вади лапароскопски, да бил поинаков ќе ти предложел хистероскопија. Значи тебе ти треба лапароскопска операција. Мојот миом беше поголем, 5-6см, и плус докторот при операција наишол на други помали и тие ги извадил, и бидејќи прави засек во матката при вадење на ваков миом опоравувањето е подолго. Мене ми рече 6 месеци да чекам после операцијата за забременување. Твојот бидејќи е помал и ако е поинаку поставен може и времето на опоравување ќе биде пократко. Инаку кај истиот доктор се оперирав. Цената е таа отприлика, ама може да биде и повеќе, зависи колку дена ќе те задржат после операција, мене на пример ме чинеше повеќе оти ме задржаа подолго, и се' тоа се плаќа. Ако решиш да не го вадиш и ако поднесуваш документи за ваучер, имај во предвид дека ќе ти треба и 4д ехо и не знам дали докторот кој ќе ти го прави ехото ќе може да го скрие миомот, во спротивно може да ти прават проблем за него од комисијата.
Девојки, дали некој има искуство со Decapeptyl Depo 3,75? Ми дадоа да ја примам 6 недели пред трансфер. Ја ставив на 3ти ден од циклус и денес - на 10ти ден односно по една недела одкако ја ставив имам крварење . Дали нешто се чисти од неа или сум добила пак?
девојки јас ги пратив вчера документите за ваучер и сега гледам на копиите од анализа на крвта седиментација не ми пишале а им реков крвна слика со седиментација на крв дали би ми направиле проблем дали да им однесам и тоа посебно секако во понеделник треба да доставам копија од венчаница заборавив да доставм воедно и ова дали би имало потреба дане ми побараат па само да чекам што мисите?
И така ќе носиш копија достави си и седиментација најсигурно за да не ти бараат во дополнителна документација...
Јас кога носев ми рекоа дека немало потреба од венчаница, си имале пристап до тие информации. Ама да, седиментација веројатно ќе ти бараат.
Ти благодарам мила за објаснувањ Ти благодарам многу на објаснувањето..ми помогна со ова многу..значи може да ми направат проблем комисијата со миомот.. Дали некоја од вас има искуство со миом да и одобриле ваучер?
Јас го имав миомот за првиот ваучер, ама не ми го пишаа во извештај и немаше слика од него иако не го барав тоа, но како што ти пишав беше 1см не сметаше и висеше како брадавица на ѕид на матка, за втор ваучер го извадив и тогаш доставив и слика и извештај од операција па пак ми дадоа.
@hub Веројатно исто како за второ ивф, за прво дете. Не верувам дека се поразлични документите. Поднесувањето е веројатно после 6 месеци од неуспешниот трансфер.
Ако е за втор ваучер исто ко за првиот а ако е за 2ро дете треба да има 18месеци бебето од првото ифв за да може да поднесеш нови документи за ваучер
Во правилникот за БПО има услови при кои не доделуваат ваучер, ни за со сопствени ј.к, ни за со донирани ј.к. Тука меѓу другото влегуваат и миомите, еве извадок од правилникот: Утврдени состојби кои предизвикуваат неплодност и кај кои лекувањето е неуспешно и со други методи е безизгледно, осигуреното лице не може да се лекува со БПО, согласно медицина базирана на докази ......................................................................................................................................................................................... Миоми на утерус, освен супсерозни или интрамурално–супсерозни кои се оддалечени од кавумот најмалку 1см и пречник до 5cм Кај тебе миомот нема 5см, ама каде е позициониран и дали е оддалечен 1см од кавумот, тоа доктор ќе ти каже. Исто и дали е интрамурално - супсерозен, по описот најверојатно е, ама пак ќе го прашаш докторот. Така ќе знаеш дали го исполнуваш овој критериум. Мене ме советуваа во описот на 4д ехото и на сликите да не стои дека има миом, како што е случај кај @natasam. А може и да се јавиш во комисијата и да се консултираш за твојот случај.