Девојки читам на една статиа чај од бабин заб многу помагало во плодноста кај мажите и жените имате ли пиено такво нешто?
Дечки, би сакала да споделиме мислења за ренген на заби пред ivf. Дали сте правеле и колку време пред постапка би било оптимално за мин ризик? Јас превентивно не сум снимала ништо последниве 3 години откако интензивно сум во ivf постапки, иако знам дека зрачењето е минимално. Стоматологот смета дека ризикот е минимален поради минималното зрачење, но јас сепак сакам да исклучам секаков ризик. Пред следен ваучер би сакала да ги средам сите заби. --- Читав и доста истражувања за поврзаноста меѓу периодонтитис и гингивитис со успешноста на ivf. Иако нема се уште доволно докази, сепак има доста истражувања дека зголеменото присуство на бактерии поради орални проблеми го зголемува присуството на цитокини и следствено nk cells, што може да доведе до зголемена одбранбена активност на организмот и негативно влијание при ivf обиди. Можда и нема врска, но ќе помислиш на се' во нашава ситуација..
Снимањето не мислам дека е штетно инаку за другово исто така многусум размислувала,имам два умници што се расипани,не ме болат ништо,тешко достапни се и многу пати ми паднало на памет дека можеби сметаат.
Jas imav isto dva korenja sto ne me bolea i si gi cuvav. Problemi so krvarenje na nepcata. Ne konsultirav stomatolog i pravev ivf.neuspesno za zal. Moze ne bila pricinata zabite..ne znam sto da kazam. No sega pobarav mislenje od stomatolog pred sledno ivf i toj mi kaza kakvo planiranje na ivf postapka so ovie bombi vo usta gi srediv pa daj boze da bil problemot vo zabite i da imame uspeh
Да, во oднос на зрачењето, колку што сум проверила, за единечна снимка на заб зрачењето е минимално, околу 0.2 uSc - што е отприлика слично колку што добиваме од изложеност на сончева радијација. Не го сметаат за ризично при планирање бременост но јас сепак скептик, би го правела ако ептен мора и не многу брзо пред планирана пункција/трансфер. За панорама и рентген на цела уста, зрачењето е поголемо, се опфаќа поголема регија (според табелава што ја најдов за инфо од релевантен институт). За други регии, што поблиску до абдомен/матка/долен дел - не е воопшто препорачливо при планирање ivf и бременост.
Сопругот пиеше Трибестан кои се базираат на бабин заб. Значи состојката е делотворна, чајот би бил добар, прашање е само која количина од активната супстанца ја има во чајот и колку треба да се пие.
@DTN ,баш ме замисли. Јас имам цел живот многу проблематични заби и крварење од непца. Во последниве десетина години ги поправав, доправав, менев амалгамски пломби, извадив 2 умника и фатив некој ред за чистење забен камен( или камен во непце, не сум сигурна во мојот случај кој му е правиот назив). Е сега тоа истото го правев последен пат пред пред 1 година и ќе одам следнава недела да го средувам пак. За две недели отприлика почнувам со стимулации. Да не е прекасно сега чистењето? Сепак доста ми крварат непцата, а после тоа воспалението се смирува и преќинуваат... Ако имаш некој корисен линк со инфо, те молам сподели...
За чистење забен камен не би знаела, не сум сретнала инфо. По моја логика, не е поврзано со процес во корен/канали, некоја поголема интервенција или потреба од рентген, но од друга страна - има сепак можност за инфекција после третманот, посебно ако е случај на поинтензивни крварења од непца. Мое скромно мислење, сепак да си се советуваш со стоматологот и ivf докторот за што и да планираш да правиш во период пред ivf постапка, колку да добиеш стручно мислење и да си мирна.
Баш интересно што ја начна темава. Имам и јас истражувано и наидено на студии што покажуваат врска помеѓу болести на оралната шуплина со мутации на МТХФР генот. Утврдена е позитивна корелација помеѓу недостаток на Б витамини во организмот, особено Б12 (што можат да се јават како резултат на ваквите мутации) кај луѓе со болести на непцата и кариес, како и на високо ниво на хомоцистеин со хронични орални состојби како периодонтитис. МТХФР мутациите ја намалуваат антиоксидативната моќ на организмот и способноста да го прочитува телото од токсини и метали како што е на пример живата која ја има во амалгамските пломби, и поради тоа доктори и стоматолози препорачуваат доколку жената со мутации има вакви пломби, да ги отстрани. Јас до ваквиот податок дојдов пред ин витрото и одма на сопствена иницијатива отидов на забар да ги сменам двете амалгамски пломби што ги имав.
Девојки, дали на некоја од вас при трансфер на замрзнати ембриони освен прогестерон, естрафиол и кринон гел, и дале првите денови терапија: бускопан, бруфен, декортин и дијазепам навечер? Поздрав
Јас ја имав таа терапија. Ама свеж ми беше трансферот,не смрзнат. Како и да е, бускопанот и дијазепамот ти е за грчеви, да ти биде смирена матката, декотртинот е за инфламација, го даваат да ги смири тие killer cells што ги имаме во организмот за да не го нападнат ембрионот , а бруфенот е за болка. Мене бруфенот мн ми го дразнеше желудникот а и немав болки па го прашав Др дали можам да не го пијам и ми дозволи. Тоа е таа терапија, максимално си покриена, да се намали секаков вид на ризик. Иначе терапијата ја почнав пред трансфер и ја пиев после трансфер исто. Среќно
Само позитивно Инаку и јас ја имав истата терапија и на двата трансфера и со свеж и со замрзнат. Среќно,!!!
Кај мм имаше подобрување од Серматроп алфа (3720ден кутија за цел месец) 3мес.е предвидено да се пијат...
Поздрав жениии..си го земав ваучерот!!! Со Господ напред,се надевам на успех овојпат П.с се убив од вртење на 100 нивни телефони,никој не се јави(да им кажам да не ми го праќаат по пошта) па си го земав директно од кај нив, кај Мајка Тереза... Еве сум во Борн за да го предадам ...Па што биде нека биде...Господ е голем,ке не усреќи сите нас!!!