Со среќа девојче! Да дочекаме да се пофалиш со позитивни резултати Со среќа мила! Дај боже сите да се оплодат и да чуваш бебушко/бебушки во раце
Сите да се оплодат да имаш и за ескимчиња.. аспирин насабајле клексан навечер дали 8 и 20ч или 9 и 21ч ти ќе си виидиш ама 12чразлика ... кринонот навечер пред спиење а пролутекс кога сакаш...(воздухот го истиснував)
Мое мислење ќе ти дадам , како јас би постапила за себе. Би го средила миомот прво. Зошто не дај боже ако е неуспешно -ќе треба да се средува,зошто ќе се смета како пречка. И поминале месец и пол ивф постапка па средување на миом па чекање 6 месеци па втора постапка... и така времето е мн подолго-него да го средиш сега. Баш дека имаш 44 год не треба да одиш на ризик, туку треба се да елиминираш што би претставувало пречка пред постапка,за да имаш максимални шанси. Само дадов мислење, се надевам нема да ме сфатиш погрешно. Ти посакувам мн среќа
Јас немам искуство со миоми, ама другарка е моментално 3 и пол месеци трудна по природен пат со миоми во матка, од кои најголемиот пред бременоста и беше 4 см, сега за три месеци е веќе поголем од 8 см. Бидејќи веќе еднаш е оперирана пред неколку години, не и советуваа повторно операција, туку препорака беше да забремени дека можеби во бременост ќе се смалат. Ама еве, не, тие растат и тоа многу брзо, па се води моментално како патолошка бременост и ќе се пораѓа со царски рез, многу порано од терминот. Сега се надеваат дека ќе издржи до 30 и некоја недела до царскиот. Ако не ти се чека, ти можеш сега да земеш ваучер, па да направиш пункција и наместо свеж трансфер да ги замрзнеш ембрионите, па да го средиш миомот и после 6 месеци да правиш крио трансфер. Те разбирам дека ти се брза, ама зашто да се изложуваш на дополнителни ризици, а со замрзнување ќе бидеш истовремено и посмирена дека веќе имаш ембриони кои после тоа ќе се вратат назад во чиста матка. Ова е чисто мое мислење, се надоврзувам на она што @LunaGrey веќе ти го пишала. Сепак, во консултација со докторот ќе одличите како е најдобро во твојата ситуација.
Најбитно е докторот да каже дали миомот ќе направи проблем за самиот ивф, а друг муабет е комисијата. Секој миом е приказна за себе. Битно е колку е навлезен во матка кај тебе. Ако докторот смета дека нема да прави проблем не го пријавувајте миомот, а ако смета дека е проблем, тогаш нема поента да се почне процес.
Да, супер опција е и ова @Maci40 Прави ивф сега ама без трансфер, трансфер прави си после откако ќе го извадиш миомот. Ем ќе си извадиш сега ембриони без да чекаш ем ќе ги вратиш на чиста матка. Размисли си и разговарај со твојот доктор.
Аспирин сабајле штом станам на гладно, не беше секој ден во исто време ама обично пред 8 беше. Клексан во 8 навечер ставав. Воздух не истиснував, туку го исправав шприцот, меурчето со воздух да дојде на крај, те последно да го истиснам. Ставав во рамо под агол од 45 степени. Не добив посебни упатства од клиника освен кога и каде да се боцнам, другото овде си прочитав и си одлучив според тоа. Кринон ставав кога си легнував да спијам, не во строго време, а пролутекс и прогестерон депо си примав според дадениот распоред ама во било кое време од денот- гледав отприлика да е слично време. Сте извадиле супер бројка, сега со среќа до убави ембриончиња и успешна постапка до крај
@Lavica 344.. Поздрав... Брисеви,хормони,тест за хив и хепатит правев крај на февруари на државно, пап правев кај матичниот ама приватно ,резултати за 1 недела добив(1000 ден беше цената) во јули,пошто матичната ми рече дека ке чекам 2 месеца на државно заради ситуацијава...3д,4д ехо правев на ГАК,можеш ти кај матичниот да си направиш. Спермограм и тест за хив и хеп.Б,Ц за мм на приватно (сперм.во Индус медика 1200 ден,Хив во било која лаб.околу 900 ден) Консултирај се со матичниот за на државно ако имаш време за чекање резултати и по 1 месец заради ситуацијава...
Здраво, по 6 месечни обиди, сопругот направи спермограм по што имаме дијагноза - аспермија. Дали имал некој од вас ваква дијагноза? Што понатаму? Има ли надеж за бременост со ваква дијагноза?
Девојки денес бев на преглед.За прв пат имам проблем со тенок ендометриум, околу 7.Докторот смета дека за 17 ден од циклус би требало да биде многу подебел.Никогаш до сега не сум имала проблем со тоа, ме интерисира дали сте имале проблем со тенок ендометриум и што би можело да биде причина за тоа?
Прашај да ти направат хистероскопија,јас имав хистероскопија полип на матка после 2 месеци одма почнав со ин витро,со лапараскопија мора да се чека 6 месеци,јас 3д и 4д ги пуштив со полип со 6мм и ми одобриа
Јас и при првата и сега при втората постапка морав да го одложам трансферот за нареден месец. Освен естрофем (првите денови 4х2, па 4х3) јадев и пиев цвекло и ананас. Моментално сум на иста терапија и имам контрола во петок. (мојот беше 4.5 )
Здраво За жал таа дијагноза значи дека не се присутни сперматозоиди во спермата. И тоа значи дека не може да се дојде до бременост по природен пат. Но не е безнадежно, има процедура со која се вадат сперматозоиди од тестисите па така може да се направи ин витро,со тој материјал. Немам искуство на оваа тема... ако сака @Nithya да ти објасни,бидејќи кај нив беше истиот случај.