Да,да, и јас имам таков впечаток за останатите клиники.Има клиники што враќаат и на втори ден.За Њуборн навистина сум изненадена, затоа што кога правев јас трансфер во јуни ми рекоа дека враќаат само од 5ти ден, и ако одлучат да одмрзнат од тие од трети ден ќе треба да ги почекаме уште два дена за да се доразвијат до бластоциста.Но ете има и други искуства од таму. Баш се радувам на вакви успешни приказни.Јас имав два трансфера со три бластоцисти со врвен квалитет па пак не беа успешни.Може токму тие што ми се од трети ден ќе ми бидат успешни.Навистина не ја знаев оваа инфирмација за Њуборн, може дека мене така ми кажале сум помислила дека важи за сите.
Моите исто, ги зсмрзнаа на 3 ти , па кога ги одрмрзнаа ги чекаа до 5 ти. Инаку не знам од кои др причини не успева транфер , не ми е јасно стварно. Јас претходно природно веднаш сум останувала бремена неколку пати ( заради вонматерична без туби сум) и на првото инвитро во Атина се буквално беше испитано, матка спремна топ, ембрион највисоко оценет плус ПГД тестиран и докторот ми рече очекувам 60% мин. дека се ќе биде во ред. Млада си, се е испитано итн... ама ете не успеа и он се изненади. што се однесува до 3 дневните ембриони, мислам дека ембриологот игра голема улога да ги процени заради тоа што некогаш 3 дневен ембрион подобро се развива во матката на мајката отколку во лабараторија ...
Fala Evy, So kleksanite ke pocnam 3 nedeli pred transfer zaedno so estrofem, I od denot na transfer plus Utrogestan (oralno I vaginalno), toa e do 12 nedela od terapija
Кога поднесе? На мејл те известија дека ти е одобрен? Јас се изначекав 6 недели веќе, абер немаат Со лесно постапката, и побрзо со бебенца во раце
Sega poglednav vo izvestajot 4G/5G viarijacija vo PAI genot (4G zgolemen rizik od cardio zaboluvanja a 5G zgolemena koagulacija) Plus homozygous MTHFR (pisuva vo asocijacija na zgolemeni homocysteine vrednosti). Inaku doktorot e vo Ceska a ziveam vo Doha sekako ke go prasam Koga odime sto preporacuva posle 12 nedela akoo e uspesno. Pozdrav
Скроз истите мутации ги имам. Фраксипарини имав само на почеток. Аспирин и тоа ми прекинаа откако прокрварев во 12та недела. Оттогаш само редовно проверувам хемостаза и д-димери, ако има отстапување ќе ми дадат пак. Денес баш проверував, само тромбинско време е скратено а друго се' е ок, па ќе видам што ќе ми кажат. Некои гинеколози (и трансфузиолози) даваат цело време превентивно дури и да се параметрите во ред. Други не практикуваат цело време ако хемостазата и димерите се во нормала, и постелката е во ред. Се изначитав за ова зашто ми беше страв што не ги примам. Нема доволно докази дека мора терапија со тие мутации. И без терапија се тера здрава бременост се' додека хемостазата е добра и ехото покажува нормален наод со постелката.
Може инфо за инсулинска резистенција каде се испитува и предиспозиции за да се испита... ? Последно кога го проверив минатата недела инсулинот беше 16 а границата му е до 17... На консултации сум дури наредна недела па да видам што да правам (земам глукофаж поради скриениот шеќер но неколку дена пред да ми земат крв навечер не го пиев :/ )
Мојот случај - добиени 13 ооцити, оплодени 6, замрзнати 5 ембриони на 3-ти ден поради хипер. Имав 2 крио трансфери на трети ден. Двата завршија без имплантација. За последниот трансфер сама побарав да ги остават двете ембриончиња до 5ти ден. Двете успеаа да стигнат до бластоцисти и ми беше кажано дека супер се развивале, но пак неуспешен трансфер со биохемиска бременост. Многу размислувам и јас за темава. Разговарав со ембриолог. Прашав зошто моите ги замрзнаа на 3ти а не на 5ти ден. Одговорот беше дека добро се развивале и претпочитаат да ги остават да стигнат до 5ти ден во природна околина кај мајката. Прашав и колкав е ризикот за последните што сакам да ги оставам да се развијат до бластоцисти. Одговорот беше дека нема правила, дури и да стигнат до бластоцисти нема гаранција. Дека имале успешни трансфери и со ембриони од втор ден, а неуспешни со бластоцисти од 5ти ден, и обратно. Ме мачи квалитетот на ембрионите што ги добив при краток протокол со хиперстимулација. Ме мачи и дали имплантациски е проблемот кај мене кога ни бластоцисти не успеаа..
Не... не се развиваа Ниска бета... следните кога ќе си ги земам ќе има се надевам за сите па и Кај Мене
До сега си имала бременост? Те прадувам во контекст бидејќи размислуваш дали е проблем имплантација.. Дај боже❤️❤️❤️
Уф, со инсулин 16 обавезно да испиташ и резистенција. Ама и да ја има, терапијата е таа, глукофаж или инозитол (или и двете) и режим на исхрана. Јас испитав во Хемолаб, цената беше 2500 ден. се мерат истовремено и гликоза и инсулин и се пресметува HOMA2-IR (индекс на инсулинска резистенција). Да дополнам: кај ПЦОС обавезно се проверува, а други индикатори се покачен шеќер на крвна слика - кај мене беше тоа индикатор за испитувањето + фамилијарна анамнеза на дијабетес.
Мене ме буни тоа “во природна околина во матката” што често го кажуваат. Ембрионот на трет ден во природна бременост е уште во тубата. Откако ќе се оплоди во тубата, патува 5 дена низ неа. И кога ќе стигне во матката , веќе е бластоциста и почнува процесот на имплантација. Три дневен ембрион не може да се имплантира , пошто нели треба hatching да направи а тоа може само бластоциста. Три дневните што го враќаат лебдат во матката два дена , се доразвиваат па почнуваат да се имплантираат. Дал е во матка или во медиум во тањирче исто е според мене,нели ембриолозите ги прават условите да бидат исти, температурата и слично... клиникиве кај нас едните исти фрази ги користат, мн извежбано ми личи. И јас се прашувам дали ембрионот ми бил генетски лош или можеби матката не чинела( иако имав супер ендометриум и матката ми е нормална големина и морфологија)дали можеби ради високиот естрадиол од стимулациите... ама за жал одговор не добив , зошто ми рекоа не можеме да знаеме што е причината, може да е било која од тие...
И уште недто во контекст на дускутабилноста за стручноста за ембриолозите.. не знам дали следите други форуми ( хрватски, амерички..) да сппредите колкава е стапката на успешност.. секоја втора членка јавува тест позитивен. Има мнпгу што без да направат ПГД или ПГС и што имале бластоцисти што ембриолозите им препорачале да не ги замрзнат заради на пр. Нивната возраст, нивната дијагноза и според најважно изгледот на ембрионот под микроскоп.. на пр. Од 3 бластоцисти им викаат 2 да замрзнеме едното нема добра слика под микроскоп. Јас немам длушнато до сега некој у мк да не проба на пр со бластоциста трансфер или доктор да препорача. Може грешка сум.. поздрсв
Ти колку што се сеќавам беше комплетно покриена со терапија, дури и интралипидна инфузија прими, се со цел да се сведе на минимум можноста да не дојде до имплантација. Јас сум повеќе убедена дека во твојот случај бил проблем со самите ембриони. Ама последниов пат се постигна биохемиска што е еден битен чекор напред во целава работа. Сигурна сум дека следниот пат ќе успееш.