Ауу знаеш кој луксуз е во ова време маил да пишеш, а тек па да се јавиш на телефон кога ти вртат Твојот ваучер е сигурно одобрен. Типувам дека понеделник ќе го најдеш во сандаче Инаку за муабетот, јас си имав уфилмано дека за еден месец ќе ми стигне. Кое разочарување ми беше кога ми кажаа дека дури во септември ќе бидат документите на ред за разгледување... Ама за брзо си ја прифатив реалноста и си реков кога сака нека стигне. Нема да се стресувам за тоа. Секако еден ден ќе стигне. Затоа во ред е позитивноста, но треба да се има во предвид дека се може да се случи и да си почекаш некој месец повеќе. Да нема непотребни стресови На ескимчето планирам кума да му бидам. Ти кажувам со време да си знаеш И твојот ваучер во понеделник во сандаче ќе биде
Девојки мојот ПРВ трансфер ми е закажан за идниот петок. Јас се решив без разлика на миомот што е поставен на преден ѕид и што пречи. Др смета дека шансите се поднамалени поради тоа ама сепак сме оптимисти Освен што ми го продолжи спрејот ми воведе и кринон гел,аспирин и премама дуо. Кога го земате аспиринов,и тој треба отприлика исто време да се пие, пред или после јадење??
Ти држам среќа Kris80 Аспиринот штом станеш сабајле на гладно, Кринон гел навечер пред легнување, Lenzetto прскаш исто како досега (ваљда истата доза ти ја продолжија). Премама не сум примала, не би коментирала.
@DELFINA81 @LunaGrey @DTN Ви благодарам Аaa....ова заборавив Си платив и ковид за среда,3950 За сите што ве интересира.
Значи и пред пункција и пред трансфер треба корона тест. Да не треба и пред да се почне со постапка... Не можам ред да им фатам на Ремедика со тестовиве Со лесно нека ти е во петок и со среќа
Ти ја посакувам сета среќа мила во петок па потоа чекаме висока бета Инаку за тестот колку време пред трансфер треба да се направи и дали и сопругот треба да прави? Јас пред две недели правев тест бидејќи имав стомачен вирус, но до пункција-трансфер којзнае колку време би поминало Инаку јас сум во Систина ако има некој инфо за таму во врска со covid тестовите.
Aaaa не си им билааа симпатичнааа мн изгледа... се шалам толку е сега да,јас го фатив возот на лепота кога беше1500ден само.
Хахахахахх Ти кажав и минатиот пат дека не им бев симпатична,памтиш Ти благодарам Јас неможам ред да им најдам со цениве Ама ај.... Многу било малку останало Ти благодарам најмногу Јас ќе го правам два дена пред,сопругот не треба за трансфер,за пункција треба
На Клиничка биохемија имаат реагенси. 250 ден со упат од матичен гинеколог. Во приватниве лаборатории (Авицена, Синлаб, Биотек, Хемолаб...) е 3500-4000 ден.
Јас пролетва тестирав во Авицена беше 4200 мислам. Гледам и во Биотек е толку. Претпоставувам тие се цените и во Систина/Newborn
Да да,затоа се навратив на муабетот за лепота.Инаку денес бев во Ремедика....нешто мн трудници имаше ,викам машалаа нека се множат ,да ги има што повеќе,некако мн убаво ми дојде
Дааа,и јас истото го помислив,нека се множат. Ете,да знаев,ќе си пиевме кафе Ова е трет пат мислам како се погаѓаме на исто место,исти ден
Ќе договориме има време..тука сме.Ќе разменуваме искуства...А Кажи ми н тестот како помина,ти го брцнаа мн длабоко
Девојки јас денес почнав со процесот за нов трансфер со замрзнати.Трет ќе ми биде, Дај Боже со успех.Денес примив Декапептил депо.Дали имате искуство со оваа инекција? Се плашам дали ќе има резултат како со триптофемот и дали дејството ќе трае доволно долго за до трансфер?