Ајде трета среќа,не се секирај Трајковски знае што прави,не сака репризи @Kris80 и тебе среќно друшка
Може мила не одбивам, моето ескимче две куми ќе има и другарка сама ми се пријави за кума После неуспешниот трансфер отидовме на викенд таа ми вика одмарај сега наредна година со бебе не ќе можеш А, јас пуста заробена во темни мисли, ептен ми требаат вакви луѓе да ми пренесат позитивни мисли и оптимизам
Освен Клиничка биохемија, во приватниве лаб: Авицена 4200, Биотек 4100, РамусЛаб и СинЛаб 4000, Хемолаб 3500 ден. Ова е инфо од нивните веб страни. Јас Хемолаб сум испитувала и имам ок искуство оттаму.
Со лесно и овој пат сп успех! И јас денес примив хоримон инекција, незнам дали така се викаше- стоп инекција и понеделник к8нтрола, ако е се во ред ескимчињата во вторник ќе ги земам.
Јас ја примив и добив по 7 дена. Иако не требаше да добијам. 11ти ден од циклус ми беше а ја ставив на 3ти. Ако треба нешо пиши ми лп.
Во слична сит сме. Дај боже да успееш и да ми влееш надеж. За еден месец треба да донесам одлука шо ќе правам ЕТ или уште една лапаро
Феминки, Претпоставувам дека е зборено за ова, но сепак да прашам: Овитрел, пролутекс и кринон не ги покрива фондот, нели?
У Ремедика за корона тест правилото им е дека негативен тест им важи 14 дена, што нема никаква логика. Ке ти бараат еден тест кога ќе почнеш со стимулации, и таман вториот ке ти дпјде кога ке правиш пункција. Си прават пари со тестовите.
па борн немаат лабораторија, ги испраќаат примероците по приватните лаборатории,и веројатно си наплаќаат плус. затоа убаво ти набројала членката приватни лаборатории, таму е 4000-4500 ден испитувањето,во зависност од каде. напрај си на држано зошто да даваш толку пари
јас вчера бев на клиничка биохемија. имаат реагенси за: пролактин, лх, фсх,тсх,фт4,тестесторон,инсулин... само за е2 немаа од тие што ги барав. за амх не знам дали имаат,претпоставувам да. ќе одам во понеделник по резултатот па ќе ги прашам за амх и ќе ви кажам. и во идадија ми рече матичната може да се испитуваат хормони сега.
Девојки имаат на Клиничка биохемија реагенси за АМХ. Пишав погоре. 250 ден со упат од матичен гинеколог. Едит: Совет за хормони неврзани со ден на циклус, како АМХ на пример идите за викенд. За викенд само за хормони примаат пациенти и нема никој. За 2 мин ќе завршите работа.
леле сега и тоа ќе идам да испитам нешто да се дешава ,да не се седи Др ми рече испитај само инсулин да ти го видам сакам,немој репродуктивни да испитуваш хаос ти се сега, ама јас си отидов со листата со сите хормони кај матичната хаос не хаос,да си ги видам
Мене матичната кога ми даваше упат за хормони за документите за ваучерот имаше и АМХ ставено. Баш тогаш имаа донесено реагенси и искористив прилика