Многу скапо стварно.. Си читам јас по форумиве и си мислам ако имам хиперстумулација на јајници или ако нешто се случи во меѓувреме па да си знам за цена а само што го земав ваучерот уште немам закажано нигде..
Секаде прашувајте истовремено и за цена на трансфер со замрзнати. Некаде е поефтино замрзнувањето а поскап трансферот. А 800 евра во Систина е стварно многу особено ако ко мене немаш многу зaмрзнати...
@LunaGrey , @Stressed Out , ви благодарам на одговорите.Тоа е, control freak-от во мене се испаничи. Ќе пазам што е до мене, натаму.. виша сила Се најдобро за сите
Јас се изолирав. Контакти на минимум, само со моите се гледав, а и со нив држев дистанца. По гости не одев и уште не одам, ако некој се најави не одбивам но седиме на тераса и на дистанца. Секаде по болници и маркети со маска, и тоа. Собиранки со повеќе луѓе што не внимаваат (а никој веќе не внимава) не ми паѓаат на памет. Реално, не се знае како вирусот влијае во бременост. Уште е нов и неиспитан, и никој ништо не може да гарантира. Со тоа големо покачување на д-димери што го предизвикува, не би сакала да ризикувам. Пак има шанси да го фатам, секако, ама ги сведувам на минимум. Пази си се. На работа со маска ко што си правиш, а приватните собиранки што поретко. На отворено ок, ама сепак чувај си растојание. Не со анксиозност, ама нормално пазење да.
Добро утро. Ми треба итно инфо до колку може во идадија да се оди за боцкање за хормони. И дали за хормони мораше на гладно или не? Коллку што се сеќавам не мораше на гладно, ама се сум заборавила
Нема врска гладна жедна. А во Идадија колку што имам читано за викенд Не работат, па според тоа најверојатно крв ќе земаат од 08-10 ч.
Се надевам дека ќе биде така. Фала најмногу на подршката Супер, ајде со среќа, да ја разубавиме темата со убави вести Јас се надевам дека ќе добијам за 7 дена. Ќе ти пишам лп. Честитики, Дај Боже се со убаво и со лесно да ти оди. И да ни донесеш среќа тука, да почнат само позитивни тестови да се редат
Добро утро. Дали знаете колку чини трансфер на смрзнат ембрион во Ремедика? Колку што сфатив ваучерот покрива трансфер само на свежи ембриони, така? Блегодарам.
Јас ќе правам петок па ќе те информирам Едит Кога ги прашав, ме праша сестрата “колку плати пункција, отприлика толку” Ова беше одговорот.
Покрива и со замрзнати...ама еден...е сега доколку е неуспешен а имаш имаш замрзнато од претходното ивф.,тогаш ако правиш трансфер се плаќа.а колку не знам.Ќе кажат друшките .среќно.
Со ваучерот имаш еден трансфер, независно дали е со свеж ембрион или со замрзнат на некој следен циклус. Трансфер на приватно без ваучер е 22 000 во Ремедика, бар пред еден месец беше таа цена. Плус тест за Ковид 4000.
Девојки пред скоро два месеци правев лапаро и хистеро после тоа пиев цикло и естрофен, добив после циклото за три дена од кога ги испив и сега требаше да добијам втор циклус од тогаш ама еве 32 ден ми а абер нема плус пред некој ден ме болеше едната града малку повеќе од другата и чепкав не осетив ништо арно ама вчера осетив како топченце на местото каде што ме боли и тоа топче шета. Дали имате вакви искуства од апчињава или незнам пишам тука бидејќи многу ги имате пиено. Иначе сум одела на ехо последно пред 2 год и претходно и никогаш не сум имала проблем. ❤️❤️
Фала за инфо. Само еден смрзнавме, другите ембриони за жал дегенерираа. Трансферот го планирам за некој месец, ми треба време да се опоравам од сите компликации од пункцијата. Фала многу за информациите.
Девојки што мислите за хормониве?(после ивф) Пролактинот ми се симнал на 4 од бромергонот, 25 ми беше пред два месеца. Фсх пред ивф ми беше исто 8 ама Лх ми беше 11, сеа се симнал на 8. Тсх ме буни, пред ивф ми беше 1.5, сеа ми е 3.6. Можно е да се зголемил ради стимулациите ? Дали е ок тестостеронот? Гликоза ми е 5 а инсулин ми е 11,7.
Тсх пред стимулации 2,4, за време на стимулации исто (намерно ми рекоа проверка со пролактин тогаш, затоа што можело да се покачи). После 2 месеци од биохемиска само тсх скокна на над 4 и така беше и следниот месец. Знам дека е од терапијата и стресот затоа што до тогаш не било над 2.5.