Од стимулации ТСХ не би требало да ти биде покачен, бар кај мене не беше кога проверував после ин витро. Пред следен трансфер најдобро е да ти биде околу 2, има шанси да ти дадат терапија, ама брзо ќе се среди. Останатите ти се ОК, инсулинот е во граници на нормала, ама пак е висок, треба да е околу 6 на гладно. Провери ли резистенција?
Да, планирам и тоа. На државно не можев. Ќе проверам на приватно. Гледам и на железничар на веб страната пишува испитуваат, може ќе поминам ефтино и за тоа ќе се јавам ќе прашам
Ивановски ми рече да провериме тсх и пролактин намерно за време на стимулации и нагласи да видиме затоа што знаат да се покачат баш тој стресен период, затоа мислам дека ни се покачил од терапијата плус неуспешното ин витро и циклусот што ми траеше горе доле 20 дена после трансферот. Витамин д беше на горна крајна граница
Мене пред два месеци ми пореметија пролактинот и тсх. Предходно сум немала проблем. Тврдам дека од стрес ми беше. Сега проверив пак, супер ми се, се вратија во нормала. Значи убедена сум дека навистина од напнатост ми беше се.
За тсх не верувам дека ти се има зголемено од стимулациите. Мислам дека само варира. И кај мене варираше од 1 и нешто до 3 и нешто.Со храна успевав да го симнам до 2 и нешто.Сега сум со терапија и цело време ми е до 2.Можеш да разговараш и со др.Трајковски за ова, ако ти се качува можеш да почнеш со терапија, барем ќе бидеш сигурна дека ќе ти биде како што треба.
Леле ич не сакам да пијам вештачки хормони. Едвај за бромергонот се помирив, ако треба и еутирокс да пијам ќе се утепам. На 30 години апови секој ден и терапии, аман
22.000 ден. е крио трансфер, и јас скоро прашував. Без додатна терапија, се разбира. На кој ден ти е замрзнат ембрионот?
Прашав во Железничар за д3. Испитуваат и имаат реагенс сега. Ама треба упат од специјалист, не можело од матичен. За инфективен скрининг не треба упат ама за д3 треба од специјалист, живи глупости. И од каков специјалист да земам сега упат?
Ќе идам неделава да го посетам нашиот Др, да видам што ќе каже и да видиме како си поминал на одмор Оф. Мн работа ова сепак на приватно ќе си отидам.
Многу добро те разбирам. И јас од ништо почнав со еден куп апчиња. Моментално пијам и бромергон и еутирокс.Искрено јас повеќе инсистирав за еутироксот зошто ми здосади да јадам алгии ептен да внимавам на храна, па барав да почнам со терапија и да не се замарам пред инвитро со тсх.Реално, не си за терапија, можеш и со храна да го средиш а може и по некој период сам да се спушти.Сепак не е голема вредност.
Абе не знам што поише да направам со храна, јадам само здраво, ептен внимавам. Од секогаш сум бил внимателен јадач сега па уште толку. Бело брашно не јадам, шеќери не јадам, сокови не пијам.. на зеленчук, овошје, јатки ,риба и пилешко сум. 55кг имам. Затоа се фустрирам
За тироидната кога се третира без терапија, многу помага внесување на јод преку храна. Јас користев доста алги во исхраната (вакаме, нори и др.), исто ореви од јаткасти плодови, но затоа брокула, карфиол и зелка треба да се ограничат во помали количини.Но кај тебе сигурно ќе се стабилизира и само од себе, ако досега не си имала варијации со тсх, би требало да се среди.
Ќе се стабилизира, не е ни толку висок за да мислиш на терапија. Мене ми е логично да варира од стимулациите, сепак тие влијаат на хипофиза а оттука се лачи TSH. Затоа и не треба испитување на хормоните брзо после стимулации, ваљда очекувани се отстапки. Провери си за некој месец и не се секирај.
Ај кажи ми кај е тоа поточно и колку чини. Не сум од Скопје ама добро го знам. Ќе идам среда за Ковид во Ремедика па да испитам сакам и тоа. Едит Сега прочитав, си пишала Значи ипак треба упат, не е приватно
Незнам каде да прашам ме интересира која од овие две инекции е подобра дали знае некоја од вас choriomon 5000 или ovitrelle ???