Тоа е позади беко полициската станица во центар. https://www.zdravstvendomzeleznicar.mk/kontakt/ тука испитав инф.скрининг без упат за 300 денари. Ама еве за д3 треба упат. На приватно можеш во авицена да испиташ , 1800 денари е д3.
За тсх мене ендокринолог ми има кажано дека од стимулациите варира, односно се покачува и затоа е добро тие што имаат хипо да примаат повисока доза од таа што ја примаат зашто се очекува да скокне. Не се секирај
Дали некој може да ми каже што знзчи резултатот од лаб. Фала. Јајниците ми се поголеми од пред една година??
Во менопауза си веќе? Имаш уште менструација? Ако немаш, мислам дека ти се ок резултатите ама мораш на доктор да одиш и да ти ги прочита.
По резултативе за жал станува збор за менопауза. Претпоставувам се спремаш за ин витро со донирани јајце клетки?
Дојдов да ве поздравам и да ви посакам успех, со среќа на сите! Минатата година на денешен ден си ги видов моите две цртки за првпат и имав прекрасна бременост. Како вчера да беше кога објавив слика од тестот, не ми се веруваше дека успеав. Но успеав, моето јуначе секој ден ми го прави најубав ден во животот Ви посакувам што побрзо да ви се исполни желбата, да си одите од темава и да гушкате по едно бебувче (или две, зошто да не) Само храбро и упорно до целта!
Не знам која е подобра но хориомонот е доста поефтина, ако не се лажам околу 900 ден беше а овитрел е околу 2200. Ги имам примено и двете како стоп инекција во различни наврати, не приметив разлика, си ја завршика работата.
Девојки многу сум збунета и не знам веќе што да мислам.Денес на 12 ден од циклус во кој од 5 ден пијам циклопрогинова имав два фоликули 20 и 17 мм а ендометриум 11.ЛХ 36 а Е2 221. Др не сакаше да ризикува за пункција бидејќи лх е веќе високо и мисли дека денес ќе се случи овулацијата па ме советува природно.Ме мачат мисли Дане случајно пропуштам шанси кои ми се и така веќе мали.Што мислите вие? Дали правилно постапив што прифатив да не правам пункција? Дали можеби требаше барем иуи да направиме или да пуштам на Бог па ако е пишано и природно ќе се.случи. Многу би ми значело вашето мислење
И јас се сеќавам како те читав и се радував за тебе Посетувај не и сите да не избркаш од тука. Голем поздрав и до бебушот.
Другарки по прво ивф и по биохемиска јас направив хистероскопија го извадивме полипот. Направив испитувања на трансфузиологија и добри се. Чекам уште само афа. Е сега од ману денес го земав резултатот. Др.трансфузиолог вели метилирана фолна,метилиран б12, б6, аспирин. Толку.Јас тоа и го пиев. Ништо не ми кажа подетално ама затоа ве имам вас. Секако ке го консултирам гинекологот. И на друго место трансфузиологија.
@LivingGlam , многу ми значи што сподели искуство, фала ти и јас така размуслувам, better safe than sorry. @Лаура82, немам искуство со проблеми со ЛХ и др.хормони освен со тсх. Не се сеќавам ни баш добро на твојата ситуација, но би те советувала да му веруваш на докторот дека имал солидни причини зошто не сте правеле пункција. Немој да се измачуваш со мислите за тоа што и како би било, сите овде знаеме дека ни вака ни така нема гаранција. Ако сте оставиле овој циклус за природно, остатокот од денот направи си нешто што ти е пријатно, расположете се и искористете го денот (или ноќта) Се надевам дека барем нешто корисно пишав
Не прави си непотребни грижи. Иуи и нема некоја преголема разлика од природно ако имате подвижни пливачи. Опуштете се и дај Боже да бидее
Devojki vase mislenje za FSH - 11, 8 ima li sansi da mi napravat vo fond problem za so svoi jajce kletki so ovoj rezultat?