Баш така. Дур ги завршиш сите упати ова она, си изгубила и време и живци. За да испиташ нешто толку едноставно. Знам дека уште тој трошок ни фали, ама јас решив да си се поштедам колку можам од тоа што можам и за тоа ќе платам плус. Веќе 2 години редовно проверувам витД и тоа на приватно (Хемолаб, 1500 ден). Мислам дека е многу важен за нас, има и доста студии за поврзаноста со успешни ivf обиди и генерално за подобрена плодност и развој на здрав плод, ама од моја перцепција досега - ivf докториве кај нас некако не му посветуваат многу внимание..
Кај мене па првичен проблем беше дефицит на витамин Д, и директна поврзаност со недобри јајници заради него. Среќа што се посомневаа. Неколку години вештачки витамин Д внесувам во поголеми дози. Беше во немерливи вредности (<0,0001) За успешно инвитро првпат ми беше 50 вредност, претходно со пониско ниво неуспешно беше се. Може и не е до него, но мене мн логично ми беше за кај мене
И јас на приватно 3 месеци секој месец проверував заедно со паратироиден хормон и јонизирачки калциум, примав високи дози тогаш и баш кога дојде на горна граница тогаш имав успешно инвитро. Гинеколозите даваат мала доза, и не им е битен ама мислам дека кај мене имаше голем удел. А сега во бременост си пијам по 2.000 единици, страв ми беше да продолжам со високи дози.
И кај мене е витаминот Д низок 27 е а гледам над 30 е нормлно пијам насабајле и навечер од 1000 се надевам дека ке се подобри, имате ли претстава со колку месеци терапија би се покачил?
Таа доза е мала, јас за 3 месеци го средив ама со 40, па 30 капки вигантол, т. е околу 20.000/15.000 единици. Со оваа доза мора да се следат и хормоните што ги пишав. На своја рака слободно можеш да зголемиш до 4.000, а другово со лекар ама не сите се согласуваат со примена на високи дози. На долг рок да, се согласувам, ама за boost 3 месеци мислам дека може да биде корисно.
Ме замисливте со муабетов.. Лани испитав Д3 во Железара, и ми беше 20 со референтни вредности од 10 до 44. Докторката ми рече дека е во ред. Јас на своја рака си зедов Вигантол и пијам (кога ќе ми текне) по 4 капки - 2000 единици. Од тогаш некако си спијам на тоа уво дека ми е во ред и го немам испитано, а изгледа уште тогаш ми било ептен ниско
Почнав со 10капки вигантол дневно, цели 2 години и вредноста беше 19 после нив потоа примав 2 х 10капки, се качи до 50, и до ден денес примам по 1 таблета витамин Д од 2000и.е. Дозата ми е одредена од ендокринолог, со следење и на други хормони и минерали, исто и ехо на бубрези 1 годишно, за да не се создадат минерализирани камчиња.
Важно е дека сега внесуваш вит. Д. Наместо повремено, почни со секојдневно пиење и без грижи. 20 е малку пониско, но не е ептен ниско. Од тоа што знам, препораките за внесување на вит. Д се после ручек, бидејќи тогаш најдобро се апсорбира. Јас така практикувам, тој период од денот и внесувам оддеднаш по 2000 ie.
леле мене страв ме фаќа да испитам после муабетов. многу сум бела ,бегам од сонце,пошто бемки ми излагаат и пеги. фактор на лице ставам лето/зима,365 дена. сигурно ми е многу дефицитарен...
Немора да значи. Тогаш најдов многу студии на поврзаност со витамин Д, кој веќе се рачуна како хормон и неговото влијание на многу органи. Дел беше поврзан и со анксиозност, исто со тенок ендометриум и некаде прочитав дека во мк ни фалел вродено некаков ензим, минијатурен но битен при неговото искористување. За ова имам разговарано и со фармацевти. Иронично е тоа што јас живеам на југот во мк, пекол жешко е посебно летно време. Се случувало 8 викенди до 10 да одиме на море и плус одмор од 7-10 дена, и кога испитав немерливи вредности бев ваква Испитајте си витамин Д, битен е посебно при овие процедури
Иста приказна, само што мене и алергија ми излегува од сонце. Со 50 фактор сум цело лето, 30 во зима. Пред неколку месеци имав скршеница, па почнав д3 редовно да пијам. Плус и некаде читав дека и за хпв е добро и сега земам 2000ие секој ден по ручек. Дозава сама си ја измислив
Точно. Јас испитав првпат откако другарка што поминала IvF ми спомна. Првиот пат ми беше вредност 20, на граница, инсуфициентен. После разговор со имунолог, тој препорача често следење. Препорачуваат вредност околу 40 пред трансфер. После прв трансфер, вредноста ми беше 7.4, озбилен дефицит. Почнав да пијам 6000 UI на ден + K2 (240мг) и CaMgZn. Па го мерев секој месец. За месец дена, веќе ми се качи на 25.9, па постепено ми намалуваа доза. За 3 месеци, веќе го качив до 37.7, и продолжив со доза 2000 UI + K2 (80 mg) + CaMgZn. Краток период што не земав плус карантините тогаш, пак ми беше паднат на 29. Па до ден денес редовно примам иста доза и не се зафркавам хаха. --- За ВитД важно е да се зема со јадење или веднаш по оброк, пошо се врзува со маснотиите и така ефектот е подобар. Дополнително да се комбинира заедно со К2 и CaMgZn, за уште подобар ефект. И јас имам изразито бел тен и се пазам од мн сонце и ваљда потешко процесирам. Овие дози ги примав во редовна консултација со имунолог и за краток период имав добри резултати. Битно е исто така дека и премногу висок ВитД е контрапродуктивен за нас. Затоа совет до сите: испитајте си ВитД дефинитивно, но дозата да ви ја одреди специјалист, не на своја рака.
Мене со резултат 20 ми даде Кочо да пијам 4000 иу три месеци. По три месеци продолжив (и сеуште пијам) 2000 иу ама немам проверено во меѓувреме што се дешава. Можеби ќе треба пак да се адаптира дозата.
Луѓе со потемен тен генерално имаат недостаток на витамин Д зашто нивната кожа природниот потешко го апсорбира. Кај светли луѓе тој недостаток е помал. Во Македонија имаме сонце 300 дена во годината, па пак секоја втора сме со недостаток, не знам што да мислам...