Наде ај ако добиеш случајно инфо кога ќе им стигне реагенс за д3, пиши тука. или има ли телефон на кли.биохемја да се јавувам да прашувам?
Devojcinja, Ako prvata beta test e na 14 den od transfer, posle na kolku dena proveruvavte dali raste? Na den 16,18? Na sekoi 2 dena Ili nema potreba do 6n koga se pravi eho? Pozdrav
Ако на 14ти ден е доволно висока,јас мислам нема потреба толку често да се проверува.На пр.мене ми беше 700 и нешто.Др.рече нема потреба.
Јас имав многу голем недостаток според скалата во Авицена, мислам беше 50, а задоволителна граница беше над 120. По препорака на доктор (ортопед кој е доста упатен за вит. Д) испитав истовремено и јонизирачки калциум и паратхормон и потоа пиев многу високи дози заедно со магнезиум. За доза поголема од 4000IU треба да се направат овие испитувања и да се консултира лекар. Јас примав околу 15000 IU и ми се регулираше за еден месец. Искрено се сомневам дека имам проблем со рецепторот за витаминот, затоа што многу брзо ми паѓа, дури и кога пијам само по 1000 IU на ден. Ама ова уште не сум го испитала.
Воопшто немам црн тен јас, природно сум многу бела и на сонце никогаш не потемнувам, само црвенеам како "рак" и потоа пак сум бела. Од одмори најмногу што сум добила е крем боичка.
Докторите викаат за два дена да се повтори и тогаш треба скоро двојно да биде зголемена. Но, ти може да си правиш кога сакаш и колку пати сакаш.
Пишав генерално дека потемни луѓе имаат проблем со недостаток на д3 пошто е така. Тоа секако не значи дека сите луѓе со потемен тен се инсуфициентни, исто како што не значи дека луѓе со светол тен немаат проблем со нивоата на д3. И мене според референтните вредности на Авицена ми беше 50.2 nmol/L што преведено во ng/ml e отприлика 20.
Женчиња,јас да се пријавам дека почнав со боцкање од денес..Декапептил до 1 ден менс.(значи до 23.09) па после др. на ехо ке види што понатаму...(сама си се боцкам) Бог е голем,што биде нека биде!!! Поздрав, убав ден и среќно на сите!!!
@ladystardust На консултациите др рече дека ке одиме со краток..ама што - како решил неам поима и искрено воопшто не се замарам веќе со ништо...со што сака,со тоа нека прави,тој си знае..мене ми е битно добро да реагирам на стимулации,да извадиме што е можно повеќе јк и истите добро да се оплодат за да можам да замрзнам,и најважно-да вроди со плод... Решив веќе стварно да го пуштам мозокот на пасење барем овие 2-3 недели... Нит прашав што-како понатаму нит ништо..само си ги стаив инекциите под мишка и му реков чао,се гледаме на 2 ден добиено..и толку.. Пак ке кажам,се е во рацете на Оној горе!!
Има убаво објаснети клипчиња од почеток до крај на inf Гледајте ги Ова е од успешна др и болница Ferona од Нови Сад Поготово овој клип [COLOR=rgba(0, 0, 0, 0.87)][/COLOR] https://m.youtube.com/watch?fbclid=IwAR0u_8tzixhEL_HN1zUxiuQwpiJ0xHDsK_jcL4ubMmff7Zjd5BXy3m83k48&feature=youtu.be&v=_6PHFX-H4TA
Така е, и јас така би играла - како ќе одлучи докторот, така. Чисто ме интересираше дали ти дал некакво објаснување, пред се' поради ризикот од хиперстимулација. Нека ти е со среќа и следниот месец овде виртуелно да славиме позитивна bHCG
Да се пријавам и јас, денес си се вратив со ембриончињата дома, помина се добро и сега одмарање. 6ти трансфер ми е ама ме интересира со лежењето, првиот ден на грб лежевте само?
Ако можеш да издржиш само на грб толку време, лежи си така. Но, нема потреба. Слободно врти се на страна, полека, без нагло станување. Со лесно!
Јас мила во јануари прв пат испитав пред првото инвитро и ми беше ппд 20 па пиев по 4000 единици,во јуни пред вториот трнсфер испитав беше 27 и пиев 4000 единици плус битамин к2 и сега пред една недела гонпроверив и беше 41 и ми рекоа да продолжам со 4000 единици Во право си мила,јас имам темен тен природно и во јануари пред првото инвитро кога прв пат проверив имав под 20 односно силен недостиг на витамин д и ми препишаа да пијам по 4000 единици дневно,после 5 месеци во јуни пред вториот трансфер пак проверив 30 и ми дадоа да пијам исто по 4000 единици плус витамин к2 еве сега пред една недела пак проверив и конечно ми беше 41 ама пак ми рекоа да си продолжам со 4000 единици.