Девојки како сте ми? Мене ми е денес 5ти ден од трансфер. Прееска бев во аптека и покрај фемибионот си купив и шумливи таблети калциум и д3. Е сега не знам дали смеам да ги пијам. Да не има некакво негативно дејство. На нив пишува препорачана доза 2х1. Што мислите?
@Twins256 , паметно ти е така, со среќа и со лесно, да вроди со плод @Milce89 , и тебе среќно и со лесно, да ти помине брзо чекањето и со позитивен резултат. @parisian chic , за суплементите шумечки не знам, ама поддршка во ппследните денови чекање и со среќичка
Незнам колкава доза на витамин Д има, но ако не ти е препорачано од доктор мислам на своја рака да не земаш. Ако ти е во нормални граници, вишок витамин Д може да смета, мене така ми кажаа Фала ти
Ти благодарам мила. Не ми е испитан, не знам зошто воопшто ми текна да ги земам. Во секој случај, да не ги пијам.. Ќе си седам.
@DELFINA81 Фала ти мила❤ @ladystardust Фала ти мила,да се усреќиме сите и од овде право во труднички... Ваљда ке ми каже што-како кога ке отидам на 2 ден од циклус,од прилика за 8 дена треба да добијам.. Што и да ми каже ке правам,немам друго чаре..знае дека сум со пцос и би требало и да знае што понатаму ...се надевам дека се ке биде во ред... Добра ноќ❤ @Milce89...ти посакувам да си ги земеш во раце бебињата за 9 месеци!!! Само одмарај,небитно на која страна лежиш,можеш и во полулежечка состојба...бар првите 3 дена..после тоа со полесни движења..јас бар така правев првиот пат... Но нема правила...ако се закачи барем едно како што треба,и да копаш уште од првиот ден,ке биде успешно!!! Затоа,не мисли на тоа и уживај,гали си го мешето❤ Среќно!!! @Luni Амин,дај Боже,кај сите нас!!!❤ @parisian chic Седи си мирна,убаво ти пиша LunaGrey.. Ајде сo среќа,за 9 дена те чекаме со I I ....
Дај Боже овој пат да е успешно, се помина во најдобар ред, па како Господ никој не е, кога треба да биде ќе биде, а јас се надевам дека овојпат е тој успешниот. И да сакам неможам на грб само, ќе се укочам, и мене така ми рекоа денес, првите денови повеќе одмор. Фала ти мила
Девојки вчера бев на контрола и ми закажаа пункција во понеделник а во петок треба да мерам Е2. Сетрата ми даде листе со инфо и ми објасни за пункцијата но не ми спомена за вит. Ц и калциум а гледам ги има на списоков. Дали да ги пијам од сега или 2-3 дена пред пункција? И исто што мислите е подобро калциум шумливи таблети или калциум карбонат?
Јас пиев калциум цитрат, мислам тој ми го кажаа како најефикасна опција, ама е троа скапичок (со задоволство би ти дала од кутивчево, имам 100 таблети ) Ако го најдам листот ќе ти пишам дали имало нешто нагласено околу пиењето. Од каде купувате пролутекс? Го нема сегде па да споредам со аптекава во Систина, да не ги надувале цените.
Карбонат или цитрат. Карбонатот се пие во текот на јадењето, а цитрат на гладно. Ако одлучиш цитрат треба да пиеш дупла доза отколку ако би пиела карбонат
Јас го купував во Марија Гален фарм аптеката до Броз кафе. Треба да го има таму.Околу 500 и нешто денари треба да е (560 ако не грешам).Во Систина баш кога купував некои работи приметив колку се повисоки цените.
Тоа го има само во систина и ремедик аптеките, 560ден е ампула. Ако купите цела кутија од 7 на неа си пишува препорачана цена и таа е значи нема надувавање толку се. Овие треба да ги стават на рецепта ама тое е муабет за др тема. Јас ги боцкав 4 недели по 2 дневно испадна слаб прогестеронот