Здраво другарки ...од денес прв ден циклус почнувам со припреми за трансфер со замрзнати на природен циклус бев на преглед од утре почнувам со клексани,сиофор и аспирин преку еден ден...ќе мерам хормони и ќе чекаме овулација...сакав да ме насочите за на трансфузиологија што треба да направам за да се рефундираат клексаните...ми кажа докторот да одам ама не разбрав баш имам опасна трема.
Со среќа и со лесно. И мене ме интерисира истото. И јас треба да почнам со клексани откако ќе добијам. Па ме интерисира постапката за рефундирање, како иде.
Закажувате на трансфузиологија кај трансфузиолог... таму идеш му кажуваш дека ќе треба да примаш клексани поради тоа и тоа...и добиваш извештај за рефундирање... (пробај закажи пред да добиеш) а Константина види што ќе направиш со матичната да ти даде упат уште денес (со шифра за в.вени нешто така за да можете да закажете)
Нели може и од матичен гинеколог да добиеш таков извештај, или мора од трансфузиолог? И јас ги примам а не сум земала никаков извештај за рефундирање, си велам ако е позитивен тестот тогаш да барам.. Па не е лошо да се информирам.
Фала многу на одоговорот, ме интерисира само за упатот дали го издава матичниот гинеколог или може и општ матичен?
Мора од трансфузиолог и тоа може да ти рефундираат од датумот кога ти одобриле...претходните не...такво инфо имам од другарка која во моментов е бремена
Општ матичен ќе те упати на трансфузиологија... (бидејки гинеколог ко *небремена освен да испиташ нешто неможе на трансфузиолог да те упати)
Да дополнам најголемата глупост по мене во процедурата дека матичен гинеколог после треба да ти даде потврда дека си ги примил инекциите, а тие се дизајнирани за сам да си ги инјектираш. Со извештајот, потврдава, фискалните со сметкопотврда и копија од трансакциска се поднесува во фонд за рефундирање Ако немаш кој да ти донесе со трошоци за пат пак не се исплаќа
Скапи се да..јас пред трансфер почнав уште ,па се до 8..9 та недела некаде секој ден по две.Околу 60 000 ден.за нив дадовме само.Али за арно,за убаво да е само.
Исто и ние викаме, јас до срцева акција по 2 после депото на 4-5дена и кринонот. Па прокрварев па сеа дабростон и депо 1 неделно. Мирен да не си дур не биде скрининг и 12та недела...
Eee ,,мирни ќе бидеме кога здрвје ќе ги родиме,да ги видиме живи и здрави...не дека потоа нема грижи..него подруго е.
Што значи тоа? Мора во ист ден да се купат кога е даден извештајот или може и покасно некој ден после извештајот?Прв пат ќе пробам да рефундирам затоа не ми е јасно многу.
Мене ми е на 6 овој месец не ми се брза секако некаде октомври или ноември ке почнам него чисто да знам колку касни комисијата со ова коронава дали оде се како што треба..
Со коронава и одморите јас чекав два месеци. Додека стигна по пошта плус уште некој ден Од 03.09.2020 почнаа со разгледување на предметите после одморите, ама сега веќе нема причина зашто толку да каснат. На @lia22 за еден месец и го одобрија.